Val Thorens 08.01.2027

Од 849 € по лице

Традиционално и оваа година како и многуте години до сега со Нехар Травел, скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи во најголемиот ски центар во светот “Три Долини”. Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри обработен терен за скијање/бордање. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те  планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, со надморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Цетарот има капацитет од превезување на 300.000 луѓе на час, помеѓу сите осум населби и 13 ски – центри. Тука се и 6-те глечери со надморска височина од над 3.000 метри, а на нив скијачка сезона трае во текот на целата година. Сместувањето е во Val Thorens. Место со одлична Apres-ski забава. Ограничен број на сместувачки капацитети.

 Les 3 Vallees Savoi France                                  Пакет цена по лице во €        од  759 €
   VAL THORENS 08.01.2027                                                                             Максимален број на кревети
Резиденција Тип на сместување 8 7 6 5 4 3 2 1
 TEMPLES DU SOLEIL CUZCO 19K СТУДИО КАБИНА 4 лица 769 819 959
 TEMPLES DU SOLEIL CUZCO 6G СТУДИО КАБИНА 4 лица 789 849 989
 TEMPLES DU SOLEIL NAZCA 4F СТУДИО 2 Простории 4 лица 809 869 1029
 TEMPLES DU SOLEIL NAZCA 21 СТУДИО 2 Простории 4 лица 839 899 1079
 TEMPLES DU SOLEIL MACHU 208 СТУДИО 2 Простории 4 лица 789 859 999
  BEAU SOLEIL 7 АПАРТМАН  3 Простории 6 лица 819 859 929 1059
  HAUTS DE VANOISE 409 СТУДИО 2 лица 869 1149
  VANOISE 658 СТУДИО 2 лица 849 1089
  VANOISE 273 СТУДИО 2 лица 849 1089
  VANOISE 178 СТУДИО 3 лица 789 879 1179
  VANOISE 675 СТУДИО 2 Простории 4 лица 819 889 1039
  CHALET LE CRISTALLO 4* 12 АПАРТМАН  3 Простории 6 лица 829 869 939 1079
  LAC DU LOU  2 СТУДИО 4 лица 759 799 919
  LAC DU LOU  101 СТУДИО 2 Простории 5 лица 779 819 899 1059
  ETERLOUS 28 СТУДИО КАБИНА 4 лица 789 849 989
  HAUTS DE CHAVIERE 2 СТУДИО 3 лица 799 899 1229
  HAUTS DE CHAVIERE 3 СТУДИО 3 лица 799 899 1229
  HAUTS DE CHAVIERE 4 АПАРТМАН  4 Простории 8 лица 899 929 989 1079 1199
  ZENITH 31 АПАРТМАН  2 Простории 6 лица 779 799 859 969
  REINE BLANCHE 52 СТУДИО 2 Простории 4 лица 819 889 1039
  REINE BLANCHE 115 АПАРТМАН  3 Простории 6 лица 869 919 999 1149
  CHALET 6 LES BALCONS 632 АПАРТМАН  3 Простории 6 лица 849 879 959 1079
  CIMES DE CARON 1103 СТУДИО 4 лица 759 799 919
  CIMES DE CARON 1206 СТУДИО КАБИНА 4 лица 769 839 949
  CIMES DE CARON 2500 СТУДИО КАБИНА 4 лица 769 839 949
  CIMES DE CARON 1105 СТУДИО КАБИНА 4 лица 769 839 949
  CIMES DE CARON 1106 СТУДИО КАБИНА 4 лица 769 839 949
  ROCHE BLANCHE 2 СТУДИО 4 лица 769 839 949
  SERAC 7 СТУДИО КАБИНА 4 лица 779 829 959
ДОПЛАТА ЗА 3 ДОЛИНИ  “SKI PASS”:                        45 евра, резервација и уплата во агенција

Програма:

1.ден-петок 08.01.2027. Скопје – Val Thorens Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за Val Thorens во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден-сабота. Val Thorens: Пристигнување во пладневни/попладневните часови. Сместување во апартманите помеѓу 17.00-19.30 ч. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање.

3–8 ден. Val Thorens: Шест дневно скијање во Val Thorens/Orelle или “Les 3 Vallees”. Ноќевање

9 ден-сабота. Val Thorens – Скопје: Напуштање на собите до 09:30 часот. Клучевите се предаваат на водичот. Поаѓање за Скопје со попатна посета (2 часа) на еден од најголемите шопинг outlet центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

10 ден – недела 17.01.2027. Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје–Val Thorens–Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во Val Thorens
  • 6 дневен скипас за стазите на Val Thorens/Orelle (150 км стази).
  • Туристички пратител за време на турата и престојот во Ски центарот.

Не е вклучено

  • Доплата за “3 Долини ски пас” (600 км стази) изнесува 45€ по лице. Задолжителна предрезервација при пријавувањето и плаќање во агенција.
  • Постелнина и крпи.
  • Завршно чистење на апартманите.
  • Задолжително индивидуално патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик: 996 ден.
  • Задолжителна туристичка такса 15€ по лице за цело време на престој. Се плаќа во денари во агенција.
  • Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2€. Се плаќа во денари во агенција.
  • Residence Hauts De Chaviere

    Резиденцијата „Les Hauts de Chavière“ се наоѓа во горниот дел на Вал Торенс,во срцето на тивката населба Слалом.

    Трговскиот центар „Péclet“, рестораните и билетарницата за ски-лифтови се оддалечени 50 метри.

    Свртена кон скијачките патеки.

    Најблиските продавници на „SKISET“ се „Snowberry“ и „GS1“ во трговскиот центар „Péclet“.

     

     Студио 2,  3 лица, 23m2, 1-ви спрат, балкон, југ, реновиран

    Чајна кујна: рерна, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување за 2 лица, маса со столици. ТВ

    Предсобје: 1 единечен кревет

    Бања: када и умивалник, Тоалет

    Студио 3,  3 лица, 23m2, 1-ви спрат, балкон, југ, реновиран

    Чајна кујна: рерна, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување за 2 лица, маса со столици. ТВ

    Предсобје: 1 единечен кревет

    Бања: када и умивалник,

    Тоалет: посебна просторија

    Апартман 4,  4 Простории,  8 лица, 90м2, 1-ви спрат, тераса, 2 балкона, лифт, југ

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови, електрично Nespresso кафе машина (без таблети)...

    Дневна соба: ТВ, 2 х софа на извлекување која се претвара во одвоени 2 лежаји. ТВ

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет 160х200 за 2 лица

    Спална соба бр.2: 2 единечни кревети за 2 лица

    Спална соба бр.3: софа која се извлекува  во лежај за 2 лица + 2 единечни кревети на спрат

    Бања: када и умивалник.

    Бања во спална бр.1: када и умивалник, тоалет. Тоалет: посебна просторија.

  • Residence Reine Blance VT

    Резиденцијата „LA REINE BLANCHE“ се наоѓа на крајот од тивка слепа улица на влезот во одморалиштето, со директен пристап до скијачките патеки. Таа е во близина на трговскиот центар „Caron“ и неговите продавници, спортскиот центар и автобуската станица.

     

    АПАРТМАН 52,  2 Простории,  4 лица, реновиран, 29м2, приземје, балкон, лифт, југ

    Чајна кујна: електрични индукциони рингли, фрижидер, машина за миење на садови, микробранова,апарат за филтер кафе, фонду и реклет елементи, тостер

    Дневна соба:  софа со 2 душека кои може да бидат споени, за 2 лица, ТВ

    Спална соба: 2 единечни кревети за 2 лица

    Бања: туш кабина, умивалник, фен, греен држач за крпи.

    Тоалет: посебна просторија.

     

    DUPLEX Апартман 115,  3 Простории,  6 лица, реновиран, 60м2, 4-ти спрат, балкон, лифт, југозапад

    Чајна кујна: керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, микробранова,апарат за филтер кафе, тостер, рерна, грејач за топла вода.

    Дневна соба:  софа  за седење,  трпезариска маса со 6 столици, ТВ, ДВД

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет за 2 лица

    Спална соба бр.2: 2 единечни кревети + Кабина со 2 единечни кревети.

    Бања 1: када, умивалник, греен држач за крпи.

    Бања 2: туш кабина, умивалник, тоалет.

    +Тоалет: посебна просторија.

  • Residence Zenith

    Résidence Le Zénith, ski-in, ski-out, лоциран директно на плоштадот Caron  во центарот на Вал Торенс, веднаш до ски стазите, продавниците и ноќните клубови.

     

    Апартман  31,  2 Простории,  6 лица, 35м2, приземје, југоисток

    Чајна кујна: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување која се претвара во брачен кревет за 2 лица.

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет за 2 лица

    Спална соба бр.2: 2 единечни кревети на спрат за 2 лица и 1 единечен кревет.

    Бања: када и умивалник.  Тоалет: посебна просторија.,

  • Residence Cimes De Caron VT

    Residence Cimes de Caron се наоѓа на влезот во селото во областа Arolles. Ова сместување е особено популарно меѓу спортските ентузијасти, бидејќи куќата се наоѓа спроти спортскиот трговски центар со ресторани и продавници. Наспроти улицата се наоѓа супермаркет. Реновирани се заедничките простории.
    Резиденцијата нуди директен пристап до скијачката патека, бидејќи жичарницата Керн е оддалечена само 50 метри. Можете да скијате пред резиденцијата.

     

    Студио - Кабина   (1206)  за 4 лица,  24м2, 2-ри спрат,лифт, балкон, север.

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, мини микробранова печка....

    Дневна соба: ТВ, маса со столици, софа

    Отворена мала спална: кон дневната соба со 1 брачен кревет за 2 лица

    Кабина:Во влезниот дел од студиото има  2 единачни (80х190) кревети на спрат.

    Бања: туш  и умивалник, тоалет

     

    Студио- Кабина   (2500)  за 4 лица,  24м2, 5-ти спрат,лифт, балкон, север.

    Чајна кујна: ел.керамички рингли, фрижидер, микробранова печка, машина за миење на садови, апарат за филтер кафе,тостер

    Дневна соба: ТВ,  2 х Софa за седење која се претвараат во 2 единечни лежаи, маса со столици.

    Отворена мала спална: кон дневната соба со 2 единечни кревети.

    Бања: туш  и умивалник, тоалет

    СТУДИО- Кабина   (1103)  за 4 лица,  24м2, 1ви спрат, лифт,балкон,јужен поглед.

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка....

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Кабина:Во влезниот дел од студиото има  2 единачни (80х190) кревети на спрат.

    Бања: када  и умивалник, тоалет

     

    СТУДИО- Кабина   (1105)  за 4 лица,  24м2, 1ви спрат, лифт,балкон,северен поглед.

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка....

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во 2 единечни лежаи, маса со столици.

    Отворена мала спална: кон дневната соба со 1 брачен кревет за 2 лица

    Кабина:Во влезниот дел од студиото има  2 единачни (80х190) кревети на спрат.

    Бања: када  и умивалник, тоалет

     

    СТУДИО- Кабина   (1106)  за 4 лица,  24м2, 1ви спрат, лифт, балкон, север.

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка....

    Дневна соба: ТВ, маса со столици.

    Отворена мала спална: кон дневната соба со 1 брачен кревет за 2 лица

    Кабина:Во влезниот дел од студиото има  2 единачни (80х190) кревети на спрат.

    Бања: туш  и умивалник, тоалет

     

  • Residence Temples Du Soleil Machu

    Комплексот на Резиденцијата Temples du Soleil вклучува 5 поврзани згради (Cuzco, Machu, Nazca, Pichu, Tikal)

    Nazca е директно врзана со Machu.

    Комплексот се наоѓа во долниот дел на Val Thorens во населбата Soleil. Во рамките на Комплексот има ресторан, бар, супермаркет, продавница за спортска опрема. Со доплата може да користите фитнес центар, сауна, џакузи, парно купатило.

    Од оставата за скии имате директен пристап до скијалиштето.

     

    Апартман со 1 спална   MACHU  2I    4 лица   28м2,  1-ви спрат-гледа на стази, балкон, југ, лифт 

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка, тостер, апарат за филтер кафе..

    Дневна соба: ТВ,  2 х Софa за седење која се претвара во 2 единечни лежаи, маса со столици.

    Спална соба : кон дневната соба со 2 единечни кревети.

    Бања: када  и умивалник, греен држач за крпи.

    Тоалет: Посебна просторија

     

  • Residence Eterlous

    Резиденцијата Етерлус, со лифт, се наоѓа во централната област Карон Вал Торенс, близу до сите удобности, туристичката канцеларија, училишта за скијање, место за состаноци, банки, продавници, ресторани итн. резиденцијата е непосредно пред скијачките патеки

    Студио - Кабина (28)  за 4 лица,  28м2, 4-ти спрат, лифт, балкон, југозапад, реновирано.

    Чајна кујна: ел. рингли, фрижидер, машина за миење на садови, рингла,

    Дневна соба: ТВ, Двосед софа која се претвара во брачен лежај за 2 лица, маса со столици.

    Кабина  : со 2 единечни кревети на спрат за 2 лица.

    Бања: туш  и умивалник.  Тоалет: посебна просторија.

  • Residence Templed Du Soleil Cuzco

    Комплексот на Резиденцијата Temples du Soleil вклучува 5 поврзани згради (Cuzco, Machu, Nazca, Pichu, Tikal)

    Nazca е директно врзана со Machu.

    Комплексот се наоѓа во долниот дел на Val Thorens во населбата Soleil. Во рамките на Комплексот има ресторан, бар, супермаркет, продавница за спортска опрема. Со доплата може да користите фитнес центар, сауна, џакузи, парно купатило.

    Од оставата за скии имате директен пристап до скијалиштето.

     

    Судио Кабина  CUZCO  19K    4 лица   23м2, балкон, север, лифт 

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка, тостер, апарат за филтер кафе..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во 2 единечни лежаи (185х80), маса со столици.

    Отворена мала спална: кон дневната соба со 1 брачен кревет за 2 лица

    Кабина:Во влезниот дел од студиото има  2 единачни (185х80) кревети на спрат.

    Бања: када  и умивалник, тоалет.

    Судио Кабина CUZCO  6G    4 лица   23м2, балкон, југ, лифт 

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка, тостер, апарат за филтер кафе..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Отворена мала спална: кон дневната соба со 1 брачен кревет за 2 лица

    Кабина:Во влезниот дел од студиото има  2 единачни (185х80) кревети на спрат.

    Бања: када  и умивалник, тоалет.

     

  • Residence Temples Du Soleil Nazca

    Комплексот на Резиденцијата Temples du Soleil вклучува 5 поврзани згради (Cuzco, Machu, Nazca, Pichu, Tikal)

    Nazca е директно врзана со Machu.

    Комплексот се наоѓа во долниот дел на Val Thorens во населбата Soleil. Во рамките на Комплексот има ресторан, бар, супермаркет, продавница за спортска опрема. Со доплата може да користите фитнес центар, сауна, џакузи, парно купатило.

    Од оставата за скии имате директен пристап до скијалиштето.

    АПАРТМАН со 1 спална   NAZCA  4F    4 лица   28м2, 4 ти спрат, балкон, југ, лифт 

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка, тостер, апарат за филтер кафе..

    Дневна соба: ТВ,  2 х Софa за седење која се претвара во 2 единечни лежзи, маса со столици.

    Спална соба : кон дневната соба со 1 брачен кревет за 2 лица, со врата.

    Бања: када  и умивалник.

    Тоалет: Посебна просторија

    АПАРТМАН со 1 спална   NAZCA  2I    4 лица   29м2,  ниво I, балкон, исток, лифт 

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка, тостер, апарат за филтер кафе..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во голем лежај за 2 лица, маса со столици.

    Спална соба : кон дневната соба со 1 брачен кревет за 2 лица, со врата.

    Бања: када  и умивалник.

    Тоалет: Посебна просторија

  • Residence Beau Soleil

    Residence Beau Soleil се наоѓа во мирниот дел на влезот Arolles на влезот на Val Thorens и во близина на шопинг и спортскиот центар кој е оддалечен 150 метри.Поради лесниот пристап до сите содржини на скијалиштето е посебно популарно помеѓу фамилиите но и останатите скијачи.

    АПАРТМАН 7  3 Простории  6 лица, 50м2, 2-ри спрат, балкон,  јужна страна

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, микробранова печка, машина за садови

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици, камин.

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет за 2 лица

    Спална соба бр.2: 2 единачни (80х190) кревети на спрат.

    Бања: када  и умивалник, тоалет

  • Residence Hauts De Vanoise

    Резиденцијата „Les Hauts de Vanoise“ се наоѓа во близина на центарот на одморалиштето, веднаш до црквата во населбата Пекле (Péclet) и во близина на трговскиот центар Пекле, рестораните и содржините на одморалиштето (школа за скијање, туристичка канцеларија, банка, пошта итн.).

    Пристапот до скијачките патеки е оддалечен 50 метри.

    Продавницата „Skiset Snowberry“ се наоѓа на 100 метри оддалеченост, во трговскиот дел на Пекле.

    Пред резиденцијата се одржува традиционален пазар секој вторник и четврток.

     

    СТУДИО 409     2 лица    20м2, 4-ти спрат, балкон,  лифт, запад             

    Студио во фаза на реновирање.

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, рерна.

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Бања: када  и умивалник, тоалет

  • Residencе Vanoise

    Резиденцијата „Ваноаз“ (Vanoise) има одлична локација во Вал Торанс. Сместена е во центарот, а скијачките патеки се на пешачка оддалеченост. Наутро, доволно е само да ги ставите скиите и да тргнете во истражување на оваа огромна скијачка област. По долгиот ден на патеките, задолжително упатете се кон центарот и уживајте во заслужен пијалак во некој од многубројните барови и ресторани. Апартманите се едноставни, но добро одржувани.

    Студио 658 - 2 лица 18м2, 6-ти спрат,балкон југ

    Чајна кујна: електрични рингли, фрижидер, мини рерна, машина за садови, тостер, микробранова..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Бања: када  и умивалник, тоалет

     

    СТУДИО 273,-2 лица 17м2, 1-ви спрат, балкон, север

    Чајна кујна: 2 електрични рингли, фрижидер, мини рерна, машина за садови ..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Бања: Туш  и умивалник, тоалет

     Студио 178, 3 лица   20м2, 1-ви спрат, лифт, балкон, север

    Чајна кујна:  електрични индукциони рингли, фрижидер, микробранова, апарат за филтер кафе ..

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во 2 единечни лежаја (2х80х1900, маса со столици.

    Бања: Туш  и умивалник,

    Тоалет: посебна просторија

    Апартман 675, 2 Простории, 4 лица, 27м2, 6-ти спрат, лифт, север

    Чајна кујна: електрични  рингли, фрижидер, микробранова,

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет за 2 лица, одвоена со завеса,

    Кабина : Кревети на спрат за 2 лица

    Бања: када, умивалник, тоалет.

  • Residence Chalet Le Christallo 4*

    Chalet Cristallo“ се наоѓа во горниот дел на Вал Торенс, во областа позната како „Quartier Slalom“. Објектот овозможува директен пристап до скијачките патеки (ski-in/ski-out). Трговскиот центар „Péclet“ и рестораните се наоѓаат на 200 метри оддалеченост. Во близина има и градинка и школа за скијање.

     

     АПАРТМАН 12, 3 Простории, 6 лица, 50м2, приземје, југозапад

    Чајна кујна: електричникерамички рингли, фрижидер, рерна, машина за садови и алишта

    Дневна соба: ТВ,  Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица, маса со столици.

    Спална соба бр.1: 1 брачен кревет за 2 лица

    Спална соба бр.2 – Кабина : 1 брачен кревет за 2 лица

    Бања: када  и умивалник,

    Тоалет: посебна просторија

  • Residence Lac Du Lou VT

    Резиденцијата “LAC DU LOU” е сместена во самиот центар на ресортот, оддалечен само 50 м. од првите ски лифтови, 100 м. од центарот на ресортот и продавниците. Од оставата за скии се излегува директно на ски стаза.

    СТУДИО LL2: 24м2, за 4 лица, приземје, лифт, балкон,  јужна страна

    Чајна кујна: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување за 2 лица, маса со столици.

    Предсобје: 2 единечни кревети на спрат за 2 лица .

    Бања: када и умивалник.  Тоалет: посебна просторија

     

    АПАРТМАН LL101: 35м2, за 5 лица, 1-ви спрат, лифт, балкон,  јужна страна

    Чајна кујна: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови, апарат за филтер кафе, тостер.

    Дневна соба: ТВ, софа на извлекување која се претвара во брачен кревет за 2 лица.

    Спална соба: 2 единечни кревети на спрат за 2 лица и 1 единечен кревет.

    Бања: када и умивалник.  Тоалет: посебна просторија.

  • Residence Serac

    Резиденцијата “SERAC” е сместена на нависокиот дел од ресортот, во мирниот дел Slalom. Во непосердна близина е шопинг центарот Peclet, ресторани и ски лифтови. Локација на мапа 81/F3.

    СТУДИО- Кабина  7,  за 4 лица, 27м2, 7-ми спрат, лифт, балкон,  југо-западен поглед, ,:

    Кујна отворена кон дневна соба: електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење на садови, апарат за филтер кафе.

    Дневна соба: Софa за седење која се претвара во 2 единечни лежаи, маса, столици,  ТВ.

    Кабина: 1 голем кревет

    Бања: када, лавабо.    Тоалет: посебна просторија.

     

     

  • Residence Chalet 6 Les Balcons

    Резиденцијата CHALET 6 LES BALCONS се наоѓа на мирна локација во горниот дел од  Вал Торенс. До центарот на местото има 10 мин. Пешки, но може да се користи и бесплатен ски бус. Кај резиденцијата ќе најдете продавници, ресторани, гаража. Завртен е према југ и југозапад и има убав поглед кон планините и градчето. Се наоѓа покрај самото скијалиште.

     

    АПАРТМАН 632,  3 Простории,  6 лица, 56м2, балкон, лифт, југ

    Чајна кујна: микробранова печка, керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови,

    Дневна соба: ТВ, 2 х софа на извлекување која се претвара во одвоени 2 лежаји.

    Спална соба бр.1: 2 единечни кревети

    Спална соба бр.2: 2 единечни кревети

    Бања: када и умивалник.  Тоалет: посебна просторија.

  • Residence Roche Blanche

    Резиденцијата „LA ROCHE BLANCHE“ се наоѓа во срцето на одморалиштето, во близина на трговскиот центар „Caron“ и спортскиот центар, со пристап до скијачките патеки на оддалеченост од 50 метри (директно враќање до самата резиденција).

     СТУДИО  2,  за 4 лица, 24м2, приземје, лифт, балкон,  јужен поглед,

    Кујна отворена кон дневна соба: електрични рингли, мини рерна, фрижидер,

    Дневна соба: Софa за седење која се претвара во лежај за 2 лица (185х80), маса, столици,  ТВ.

    Претсобје: 2 единечни кревети на спрат (2 х 185х80)

    Бања: када, лавабо.  Тоалет

ℹ️ Важни завржни напомени:

  1. Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за                 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.                                          
  2. РЕЗЕРВАЦИЈА:
  • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 01.Декември 2026.                                                         Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.  
  • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
  • Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
  • Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.

Затоа, дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.

  1. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.

4.    За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.

5.    Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.

6.    Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.

 

7.    FIRST MINUTE  цена важи до 15.Октомври 2026.

После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.

8.   Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.              .

9.    БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.                                                                                  

10. Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.

 

11. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.

 

12.  Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 01.12.2026. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошкови.

 

 

ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

13.  Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот. За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:

     Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

             > Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 20% од цената

             > 12 - 8 недели пред поаѓање:   30% од цената

             >  8 – 4 недели пред поаѓање:   50% од цената

             >        4 недели пред поаѓање: 100% од цената

 

 

  1.  Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 16€ - единечна постелнина или 18€ -брачна постелнина и 16€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 7€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност).   Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи.
  2.  Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 500€ по Студио за 4 лица, 600€ по aпартман за 5 до 6 лица до две соби, 700€ по aпартман за 6 лица со 3 соби,  800€ по aпартман за 8 лица.  Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето или online. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе ги добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката).
  3. По сместувањето, гостите се должни најдоцна во рок од 24 часа да го прегледаат и доколку забележат некаква штета, да пријават во агенција преку QR код кој се наоѓа на влезната врата.
  4. Бучава: Гостите се должни да ги почитуваат генералните правилници во зградата и секаква бучава после 22:00 часот. Доколку се наруши редот и мирот, гостите ќе бидат повикани во локалната агенција и казната за нарушување на редот ќе биде веднаш наплатена од страна на локалната агенција во износ од 100€.
  5.  SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
  6.  Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
  7.  Цена за чистење: Студио за 4 лица:79€, Студио со кабина за 4 лица: 89€, Апартмани со 2  соби за 6 лица: 105, апартман со 3 соби за 6 лица 119€. Апт. За 8 лица 149-165€.
  8. Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
  9. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
  10. Влез во објект: од 17.00h     -     Напуштање на објект: 08.00h – 09.30h                                         .       
  11. ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА. 

 

Општи услови
1.СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ:
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари според програмата на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди, сообраќаен е граничен застој и слично.) Во таков случај организаторот ќе понуди дефинитивен алтернативен и обврзувачки програм. Усмените информации не може да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во програмата.

2.ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:
Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација назначена за секоја поединечна програма. Пријавувањето може да се изврши во НЕХАР ТРАВЕЛ и во сите туристички агенции, обвластени за продажба на аранжманите, како и преку Пошта на општа уплатница. При пријавувањето купувачот задолжително уплатува аконтација наведена според програмата а останатиот дел по потврдување од службата за резервации, не покасно од 14 дена пред патувањето. При пријавувањето патникот потпишува пријава – договор со назнака ви изјавувам дека сум запознаен со програмата и општите услови за патување и дека во целост ги прифаќам со што општите услови на патување стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3.ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Цените на сите патувања се дадени по лице, на база на хотелското сместување во двокреветни соби на база на како е наведено во програмата. Апартманите се продаваат како НАЕМ за наведен број соби. Секое посебно барање во врска со сместувањето подразбира додатни плаќања. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, во случај на промена на девизниот курс на пазарот или промената на цената на хотелските услуги и превозот предвиден според програмата или намалување на бројот на патници под минимумот предвиден во програмата. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на патникот ( се прсметува на двата дела на уплата, т.е. вкупната цена) Доколку зголемувањето е поголемо од 10 %, патникот има право да го раскине договорот без обврска за надокнада на штетата. Уплатените пари во тој случај се враќаат во целост. Плаќањето е во денарска противвредност според куповниот курс на нашата деловна банка на денот на уплаќањето, доколку е истакната само девизната цена. За сите уплати задолжително е да се добие фискална сметка.

4.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ХОТЕЛИ:
Понудените хотели и апартмани се опишани според националната категоризација за секоја земја поединечно во време на издавање на програмата. Квалитетитот на услугите е под надлежност на локалните туристички организации. Стандардите на сместување у услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот нема обврска да ги пријави имињата на хотелите (категоризацијата секако се објавува) доколку тоа не е предвидено во програмата. Кај програмата ФОРТУНА ХОТЕЛИ – организаторот се обврзува патникот да ја добие уплатената КАТЕГОРИЗАЦИЈА. Името на хотелот, спратот, погледот од собата, се добива при пристигнување на дестинацијата.

5.ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ПЛАНА НА ОБРОЦИ)
Планот на оброци е според секоја програма поединечно: НП (ноќевање со појадок), ПП (полу пансион – појадок, вечера, ноќевање) П ( полн пансион – појадок, ручек, вечера, ноќевање), СЕ ВКЛУЧЕНО (АИ) (полн пансион + домашен пијалок.)Доколку посебно не е назначено, оброците се класични ( појадок континентален, ручек и вечера на послужување) Секоја земја има свој начин на исхрана ( избор на храна, пијалоци и количина), во кој организаторот не може да влијае. Во апартманите (НАЕМ) нема обезбедено исхрана.

6.ДЕВИЗЕН ДЕЛ:
Кај одредени програми покрај денарскиот дел може да постои и девизен дел: Тоа подразбира дел од девизниот аранжман на странскиот партнер кој по негово барање се уплатува на лице место на негов преставник за сервисирање на истиот.

7.РАТИ:
Аранжманите може да се плаќаат на рати. Комплетната сума се уплатува најдоцна 14дена пред патувањето. Дополнителни информации во агенција за можни начини на кредитирање.

8.ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ:
Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето, дали за земјата во која патуваат (или транзитните земји) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуалната неисправност на пасошот или дадени невистинити податоци од патникот или за невремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез. Сите евентуално трошоци ги сноси учесникот, според општите услови на патувањето.

9.ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА:
Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. (вакцина или здравствен документ.)Во случај на болест во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење и евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата делот од трошоците може да ги надополни со соодветна документација во фонд за здравствено осигурување, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување или преку задолжително патничко осигурување кое се уплатува кај организаторот.

10.ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Пријави и уплати на факултативните излети ги прима водичот т.е. локалниот водич на лице место во валута на земјата во која излетот се реализира. Информациите за цените на излетите може да се добијат на продажното место. Цените на факултативните излети ги одредува иностраниот партнер и истите се променливи. Потребен минимум да се организира излетот е 20 патници, освен ако не е наведено поинаку.Излетите можат да претрпат промениво однос на денови исатници. Доколку патникот не сепојави на договореното место и време за излетот, водичот има право да замине на излетот со остатокот на групата без да го чека или контактира патникот кој доцни, а уплатените средства за излетот се неповратни.

11.ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА:
Организаторот има право да ја измени програмата за патување и нејзиното траење и содржина, во случај на виша сила или настанати околности кој организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (наведени според член 1.)Во ваков случај учесникот на патувањето нема право на надокнада. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници најдоцна 7 дена пред поаѓање. Во овој случај агенцијата му го враќана патникот во целост уплатениот износ во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се измени во редоследот на престојот, во туристичката програма како и во сместувањето. Доколку дојде до промена на сместувањето, агенцијата ќе обезбеди сместување во рамката на иста или повисока категорија. Патникот нема право на жалба и надокнада за такво променето сместување.

12.ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои неможел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа) Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивањена реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала.

 

* За отказ повеќе од 30 дена се пресметува манипулативен трошок 1.200 ден.

* За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 29 – 15 дена пред поаѓање 50% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 14 – 05 дена пред поаѓање 80% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 05 – 00 дена пред поаѓање 100% од вкупниот износ на аранжманот

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на барање” организаторот наплатува отказни трошкови во висина на уплатената аконтација. За промена на термин или промена на име на патник, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошкови во износ од 20 евра.

13.ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕ:
Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и програмата во целост со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во програмата и одговара за евентуалното неизвршување целосно или делумно. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила (член 1.) или од доцнењето на превозните средства, за кои превозникот не одговара согласно позитивните прописи и меѓународни конвенции. Организаторот не одговара во случај на неисправност, кражба или губење на патната исправа која влијае на неиполнување на програмат во целост или на дел. Патникот во тој случај ги сноси сите трошкови и одговорноста. Организаторот на патувањето и превозникот немаат обврска да обезбедат штекери за полнење на телефони или други електронски уреди.

14.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ:
Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и патни торби ги исполнуваат предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земјата во која патува. Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, превозни средства, и да соработува со преставникот на организаторот во добра намера. Во случај на непочитување на одредени обврски, патникот одговара на организаторот (или непосредниот давател на услугата) за направената штета. Патник кој свесно го ремети редот во објектите односно возилото може да биде отстранет од аранжманот без право на надомест. Трошковите и одговорноста се на патникот.

Според Европските тековни прописи во автубусите несмее да се ставаат кеси за отпад на рачките на седиштата. Должност на секој патник е да го исфрли својот отпад во канта за отпадоци на секоја пауза.

15.БАГАЖ:
Патникот има права на бесплатен превоз до 15кг на чартер летовите и редовните авионски линии + 1 рачен багаж. Кај автобускиот превоз дозволен е 1багаж односно патна торба до 20кг. За повеќе багаж и тежина се наплатува во зависност од можноста и дестинацијата. Деца до 2години немаат седиште авион и право на бесплатен багаж. Губењето на багажот со авион е одговорност на авио превозникот според меѓународните конвенции. Организаторот не одговара за изгубениот багаж и драгоцености за време на патување или престој (препорачуваме на сеф)

16.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ:
Доколку патникот не договорил посебна соба/апартман со посебни карактеристики, се смета дека ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот (програмата) и ценовникот. Доколку е возможно ќе се обиде да одговори дополнително на дополнителните барања на патникот (конфор, ориентација на соба, кат) но не може да гарантира на патникот за таквото барање. Сместувањето во хотелските соби е после 14.00ч, во апартманите после 16.00ч а напуштање на собите/апартманите е до 10.00ч, доколку со куќниот ред не е поинаку назначено во одреден објект.

17.РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ:
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите предвидени во програмата, учесникот на патувањето има право на сразмерно обештетување доколку поднесе писмен (поединечен) приговор. Потписникот на договор има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима на разгледување приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори.

Постапка за поднесување на приговор:

Веднаш на самото место се инфоормира преставнико на агенцијата, односноо извршителот на услугите.
Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот не го прифати понуденото решение кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не е отстранета, патникот во присуство на претствникот или извршителот на услугата прават писмена потврда (записник)
Најдоцна 8 дена по завршување на аранжманот патникот е должен да поднесе писмен приговор до организаторот со презентација на копија од записникот и направени евентуални трошкови. Организаторот ќе ги прими на разгледување само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го пролонгира рокот на решавањето на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугата. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор (патување) не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
Доколку организаторот не поднесе решение по приговорот, патникот се од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавните медиуми.
Највисоката надокнада по приговорот, може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на патникот за идеална штета.
Доколку причината не се отстрани, заедно составуваат записник како потврда за рекламација. Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот патникот може да поднесе писмена рекламација до организаторот со која треба да го приложи и записникот потпишан од преставникот, како и евентуалните сметки за додатни трошоци. После тој рок рекламацијата не уважува.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение на овој приговор во рок од 14 дена по приемот. Додека организаторот не поднесе писмено решение и додека постапката за негово изнаоѓање е во тек, патникот се одрекува од поднесување на кое било друго лице, судска установа или давање информации во јавните гласила.
Најголемата надокнада после рекламацијата може да достигне вредност на цената на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
18.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ:
Во смисла на точка 16 од овие услови, купувачот на услугите на одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да бара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд во Скопје. За се што не е регуларно со одредбите на општите услови на патување , ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

19.ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Патникот да ја провери трајноста на патната исправа
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични предмети, патни документи, и платежни средства.
Припатување со авион на редовна или чартер линија, потребно е да се провери времето на полетување еден ден пред поаѓање на пат бидејќи се можни промени во редот на летање. Организаторот не сноси одговорност во случај на измена на станицатана поаѓање.
При патување во автобус, местата на седење се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето
Аеродромските такси не се вклучени во цената на аранжманот освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено, и се променливи.

Останати патувања

05-14 Март 2027
Les 2 Alpes 05.03.2027
Les 2 Alpes 05.03.2027
Од 749 € по лице
22 - 31 Јануари 2027
Tignes Val Disere 22.01.2027
Tignes- Val D’Isere 22.01.2027
Од 819 € по лице
15-24 Јануари 2027
Avoriaz 15.01.2027
Avoriaz Portes De Soleil 15.01.2027
Од 779 € по лице