Les 2 Alpes 05.03.2027

Од 749 € по лице

Традиционално, и оваа зима со Нехар Травел зимувајте во најголемите ски центри во Франција.

Ве водиме во LES 2 ALPES. Овој живописен, спортски и модерен меѓународен ски-центар е меѓу најголемите и најпознатите во светот. Изграден во 1946 година на некогашните високи пасишта каде се среќаваат северните и јужните Алпи.

LES 2 ALPES е на висина од 1250-3568 м со 220 км беспрекорно подготвени ски патеки.  Скијалиштето е познато по своите долги и  широки ски патеки за сите категории на скијачи. Од градчето поаѓаат многу гондоли и жичари до кои лесно доаѓате. Градчето го двои скијалиштето на 2 дела: 80% се наоѓа на северна страна и 20% на јужна страна со црвени стази. Стазите кои се најблиску до градот се најтешки а на повисоко има повеќе благи стази.

LES 2 ALPES е познат и по најтешката црна ски патека Grand Colouire кое почнува на 2813 м и се спушта на 2400 м.Стазата не се средува со Ратраци и е со многу неравна, многу стрмна и со бочен нагиб нат кој има стени сомногу снег. Можност од мали (поголеми) лавини да поминат по патеката.

LES 2 ALPES е вистинско место за вас.

Les 2 ALPES, France Пакет цена по лице во € од 749 €
LES 2 ALPES 05.03.2027 Максимален број на кревети
Резиденција Тип на сместување мах. бр.лица 8 7 6 5 4 3 2 1
MEIJOTEL B 701 СТУДИО 4 лица 759 809 939
MEIJOTEL B 300 АПАРТМАН 2 Простории 6 лица 769 799 859 959
MEIJOTEL B 500 АПАРТМАН 2 Простории 6 лица 769 799 859 959
PLEIN SUD B BAT B 1404 СТУДИО 4 лица 749 789 919
PLEIN SUD C 3211 АПАРТМАН 2 Простории 6 лица 769 799 859 959
COTE BRUNE IV 4G1 СТУДИО 4 лица 749 789 919
COTE BRUNE IV 4BC6 АПАРТМАН 2 Простории 6 лица 799 879 1029 1499
TYROL 73 СТУДИО 4 лица 759 799 939
TYROL 66 СТУДИО 4 лица 759 799 939
VALLE BLANCHE BELLEDONNE H3 СТУДИО 4 лица 749 789 919
DIAMANT II 2J2 СТУДИО 4 лица 759 799 939
DIAMANT II 2E1 СТУДИО 4 лица 759 799 939
COUBORG CABA25 АПАРТМАН 3 Простории 6 лица 769 799 859 959
“SKI PASSOT” ги вклучува и следните ски центри:
Alpe d’Huez, Serre Chevalier, Sestriere, Montgenevre, Puy St Vincent

*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мк

Програма:

1.ден-петок 05.03.2027,  СКОПЈЕ – LES 2 ALPES : Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES.   во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалност и. Ноќно возење.

2 ден-сабота LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

3 – 8 ден LES 2 ALPES:  Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.

  1. ден-сабота LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)

10 ден – недела 14.03.2027 СКОПЈЕ: Пристигнување во  попладневните часови.

 

First minute цени според табелата е за уплати најдоцна до 15.11.2026

КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ LES 2 ALPES

Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да гресорт.и поврзете свијоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 м. и оди до до селото Mon de Lans на 1300 м. Сето ова без и еднаш да користите ски лифтови. Les 2 Alpes е Ski In-Ski out ресорт. Ресортот секоја година обновува и поставува нови ски лифтови. Кај Snowpark-от е поставен нов ски лифт Le Dome Sud на задоволство на сите, посебно шампионите по Freestyle.

* ГЛЕЧЕР:Тука е и највисокиот ски глечер во Европа на 3600 м. каде се скија во текот на целата година. Се доаѓа со ски воз кој оди под глечерот На врвот има пештера во која се влегува 10-20 м. во самиот лед. Тука воледот се извајани фигури во размер 1:1 (диносаурус, поларна мечка, пингвини, бисти на познати Французи…)

* Аpress-ski: Местото е омилено помеѓу скијачите, посебно младите, поради својот ноќен живот и познатите apress-ski забави. Забавата почнува во Pano барот на скијалиштето во 15.00, па во 17.00 се сели во градчето, а се завршува во прочуената таверна  Smithis  или дискотеката  Avalanche до утринските часови. Најавено е отварањето на Градскиот базен за оваа сезона.

* Ако сте во потрага за незаборавна зимска идила, дишејќи чист воздух и опкружени со прекрасна глетка,

Ски патеки  Без оглед на вашата возраст, ниво или физичка подготвеност, без разлика дали сте љубители на скијањето, бордањето или телемарк…. тука уживањето во снежните спортови е загарантирано. Скијачката област е поделена на 7 различни сектори, 40 лифтови и 80 патеки (13 зелени, 43 сини, 15 црвени и 9 црни , за сечие задоволство!

Новата Гондола JANDRI EXPRESS, која 2025 година ја замени старата, е неверојатно уникатно доживување. Со 32 седишта, 360 степени панорамски поглед, ве носи од 1600 м.нв. до 3200 метри н.в. ( меѓустаница на 2600 мнв, за само 17 мин (старата Гондола за 40 мин). Капацитет од 3000 скијачи за 1 час.

https://www.youtube.com/watch?v=2zpb1wOHk1U

Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да ги поврзете свиоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 метри и оди до селото Мон де Ланс на 1300 метри. Сето ова без еднаш користење на ски-лифтовите. Поаѓање и враќање во ски-центарот. Во однос на исклучителен домен, доменот 2 Alpes нуди целосно исклучување и повторно поврзување.

https://www.les2alpes.com/app/uploads/les-deux-alpes/2024/12/2025-Plan_Hiver.jpg

Le Diable патеката на 2400 м, црвено-црна за понапредни скијачи, се спуштате по “Големите падини “ како мештаните ја нарекуваат патеката. Упатете се право надоле низ елките…. овој сектор е омилен кај добрите и многу добрите скијачи.

Највисока излезна станица: 3558 м/нв. Најниска појдовна станица: 1280 м/нв.
Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.

  • 78км (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки, сите беспрекорно обработени,
  • Многубројни модерни и брзи ски лифтови..
  • Cross county патеки: 25 km.
  • Глечер Les 2 Alpes  работи во текот на цела година.
  • Off-piste: Извонредни услови за free-ride. Посебно теренот  La Grave,  наменет исклучиво за  нив. (Напомена: основното ски осигурување не покрива евентуална повреда на овие патеки.)

    Snowpark 3200 – еден од најдобрите во Европа. Долгогодишното искуство,многубројни елементи кои ги има и можност да се користи во тек на цела година, го прави еден од најдобрите во Европа.
    Топови за вештачки снег
    : преку 200.
    Ски сезона
    : Од крај на Ноември па се до Јуни

 

Apres ski – Штом падините се затворат за тој ден, одморалиштето оживува. Прошетајте по улиците јадејќи свежо направена вафла или вкусна торта, направете шопинг или застанете во бар за да уживате во среќен час со пријателите.. Да вака изгледаат празниците во Les 2 Alpes.

Најдете токму она што го барате! Вкусна палета на ресторани. Од тематска кујна до гастрономски ресторани, традиционални или планински вкусови до вегетаријански менија, јадење, достава до дома….

Одморот во планините е истотака за одвојување на време за шопинг на легендарната авенија dela Mayul во одморалиштето и околните улици. Откријте ја најновата модна облека, скии, бордови……. и за крај уживајте во домашните чоколада и одлични регионални производи.

За Ски сезона 2025/26, најавено е пуштање на Градскиот затворен базен.

 

Повеќе информации за ски центарот може да видите на следниот линк

https://www.les2alpes.com › winter

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Аранжманот вклучува

  • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– LES 2 ALPES –Скопје
  • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во LES 2 ALPES
  • 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES
  • 6 дневен ски пас за LES 2 ALPES, овозможува скијање и во долу наведените ски центри, без посебна надокнада за ски карта. Нехар травел ќе организира посета на еден или повеќе ски центри, доколку постои заитересираност на групата, со посебна доплата за превоз на лице место. Минимум 30 учесници по тура.
  • 1 day skipass: Alpes D’Huez, Serre Chevalier, Puy St Vincent, Montgenèvre/Voie Lactée/Sestrière:
  • Туристички пратител за време на турата

Не е вклучено

  • Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден. Агенцијата го обезбедува.
  • Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
  • Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2 €. Се плаќа во денари во агенција.
  • Еднодневен автобуски излет до еден од околните Ски центри, во зависност од временските услови: 20 € ( мин. 30 луѓе, се плаќа кај водичот)
  • Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
  • Residence Meijotel B

    Residence "MEIJOTEL"  SKI IN- SKI OUT   

    Резиденцијата "MEIJOTEL" ви ветува конфорно сместување во своите студиа и апартмани, на само неколку метри од ски стазите и гондолите. Навистина, почетокот на новата JANDRI EXPRESS гондолата е веднаш до резиденцијата. Тука е и собиралиштето за Ски школата. "MEIJOTEL" е сместен во средината на ски ресортот, многу продавници и ресторани се во непосредна близина. Шкафчиња за скии/борд и чевли во приземје.

    JANDRI EXPRESS гондолата ве искачува до Глечерот на скијалиштето и до специјалниот видиковец на надморска висина од 3200 м. од каде ќе уживате во 360 степени глетка на планинскиот масив ECRINS.

     

    СТУДИО "MEIJOTEL B 701" за 4 лица , 29м2, 7-ми спрат, лифт,балкон, југ, поглед кон ски падините:

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, кауч и простор за јадење. Под со плочки.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    -Опрема: 4 керамички рингли, микробранова печка, фрижидер, замрзнувач, машина за миење садови,

    апарат за кафе, електричен бокал, тостер, сет за фондју.

    Капацитет за спиење:

    - Дневна соба: 1 кауч на развлекување (брачен кревет: 140x190)

    - Простор за спиење: 1 брачен кревет (140x190) + 1 кревет на спрат со еден единечен кревет

    (90x190). Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.

    Просторот за спиење се наоѓа во ходникот и е одвоен од дневната соба со врата.

    Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.

    Разно:

    Машина за перење алишта. Остава за скии. Миленици не се дозволени.

     

    АПАРТМАН "MEIJOTEL B 500" за 6 лица , 52м2, 3-ти спрат, балкон, југ, поглед кон ски падините:

    Дневен престој: Дневна соба со софа на развлекување за 2 лица.

    Кујна: опременa со апарат за раклет, електричен бокал, апарат за кафе, тостер, машина за миење садови, мини-рерна, стаклокерамичка плоча за готвење и фрижидер

    Капацитет за спиење:

    -Спална соба: со брачен кревет (140x190).

    - Простор за спиење: зона за спиење со кревети на спрат (за две лица).

    Бања: Бања со када и машина за перење алишта. Одвоен тоалет.

    Креветите на спрат не се соодветни за деца под 6-годишна возраст.

     

    АПАРТМАН "MEIJOTEL B 300" за 6 лица , 47м2, 5-ти спрат, балкон, југ, поглед кон ски падините:

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Под: плочки.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    -Опрема: плоча за готвење со 2 рингли, комбинирана микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет, сет за фондју.

    Капацитет за спиење:

    - Спална соба: 1 брачен кревет (140x190)

    - Дневна соба: 1 софа на развлекување (2 единечни кревети: 80x190)

    - Зона за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (90x190)

    Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.

    Зоната за спиење се наоѓа во ходникот; не е целосно изолирана, но е одвоена од

    дневната соба со врата.

    Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.

    Разно: Машина за перење алишта. Електрични ролетни. Остава за скии. Не за домашни миленици.

    1 приватно паркинг-место за стандардно возило.

  • Residence Plein Sud

    Резиденцијата "PLEIN SUD A"  се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes.  Оддалечено е 30 м. од ски патеките и 50 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.

     

    АПАРТМАН "PLEIN SUD C 3211" 2 простории, за 6 лица, 42м2, балкон, 2-ри спрат, јужна страна> поглед кон ски терените, лифт:

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Под: паркет.

    Кујна: отворен концепт (поврзана со дневната соба).

    Опрема: индукциска плоча со 2 рингли, рерна, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет.

    Капацитет за спиење:

    Спална соба: 1 брачен кревет (140x190)

    Простор за спиење: 1 брачен кревет (140x190) + 1 единечен кревет на спрат (80x190)

    Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.

    Дневна соба: 1 софа на развлекување (1 брачен кревет: 140x190)

    Просторот за спиење се наоѓа во ходникот и е одвоен од него со завеса.

    Преградна врата помеѓу дневната соба и ходникот.

    Бања: Бања со туш-кабина. Одвоен тоалет

    Разно: Остава за скии, миленици не се дозволени.

    Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано)

    Електрични ролетни

     

    СТУДИО "PLEIN SUD B" за 4 лица, 29м2, балкон, 4-ти спрат, лифт,  јужна страна>

    Дневен престој: дневна соба со телевизор, софа и трпезарија. Тепих на подот.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    -Опрема: 2 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, бокал, тостер, сет за фонду.

    Капацитет за спиење:

    Дневна соба: 1 софа на расклопување (двоен кревет: 120x190)

    Ноќен простор: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (80x190)

    Горен кревет не се препорачува за деца под 6 години

    Просторот за спиење се наоѓа во ходник, одделен од дневната соба со врата.

    Бања: бања со када. Одвоен тоалет

    Разно Остава за скии, миленици не се дозволени. Скијачки шкаф.

    Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано)

  • Residence Cote Brune

    IN- SKI OUT. Резиденцијата "COTE BRUNE"  се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes.  Оддалечено е 50 м. од ски патеките и 200 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.JANDRI EXPRESS гондолата ве искачува до Глечерот на скијалиштето и до специјалниот видиковец на надморска висина од 3400 м. од каде ќе уживате во 360 степени глетка на планинскиот масив ECRINS.

    АПАРТМАН "COTE BRUNE  IV 4BC6" * за 4 лица , 26м2, нема балкон, 6-ти спрат, северо-источна страна:

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Подови обложени со паркет.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    Опрема: 2 индукциски рингли, рерна, фрижидер, машина за миење садови, апарат за кафе,

    електричен бокал, тостер, апарат за раклет.

    Капацитет за спиење:

    Спална соба 1: кревет на спрат (за 2 лица)

    Дневна соба: 1 софа на развлекување (брачен кревет)

    Бања: Бања со туш и тоалет.

    Разно: Шкафче за скии. Пристап до заедничкиот надворешен паркинг (местото не е загарантирано). Електрични ролетни. Домашни миленици не се дозволени.

     

    СТУДИО "COTE BRUNE  IV 4G1" * за 4 лица , 30м2, балкон, приземје, јужна страна,

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, кауч и простор за јадење. Подна облога од ПВЦ.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    Опрема: електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, сет за фондју.

    Капацитет за спиење:

    Дневна соба: 1 кауч на развлекување (брачен кревет)

    Простор за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни лежишта

    Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.

    Просторот за спиење се наоѓа во ходникот и е одвоен од дневната соба со врата.

    Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.

    Разно: Остава за скии. Не е дозволен престој со животни.

  • Residence Tyrol

    Резиденцијата "TYROL"  се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes.  Оддалечено е 50 м. од ски патеките и 200 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.

     

    СТУДИО "TYROL  66" за 4 лица , 32м2, балкон, 3-ти спрат, лифт, јужна страна> поглед кон ски терените.:

    Дневен простор: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Под: паркет.

    Кујна: отворен концепт (поврзана со дневната соба).

    -Опрема: 4 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет.

    Капацитет за спиење:

    Дневна соба: 1 софа на извлекување (2 единечни кревети: 80x190) + 1 софа на расклопување

    Ниша за спиење: 1 кревет на спрат = брачен кревет (140x190) долу и единечен кревет (90x190) горе.

    Нишата за спиење се наоѓа во ходникот; таа е отворена и директно поврзана со дневната соба.

    Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.

    Друго:

    Остава за скии.  Домашни миленици не се дозволени.

    Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано).

     

    СТУДИО "TYROL  73" за 4 лица , 30м2, балкон, 4-ти спрат, лифт, јужна страна> поглед кон ски терените.: 

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Под со тепих.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    Опрема: 4 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет.

    Капацитет за спиење:

    Дневна соба: 1 софа на развлекување (брачен кревет: 130x190)

    Просторот за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (80x190)

    Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.

    Просторот за спиење се наоѓа во ходникот и не е одвоен од дневната соба.

    Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.

    Разно:

    Остава за скии. Домашни миленици не се дозволени.

    Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано).

  • Residence Valle Blanche Belledonne

    Резиденцијата „Vallée Blanche Belledone“ во Les Deux Alpes е шесткатница со лифт. Таа се наоѓа во срцето на одморалиштето – во регионот Изер (Isère) – веднаш во подножјето на патеките и на само 100 метри од жичницата „Jandri Express“, која овозможува директен пристап до глечерот. Објектот е во близина на базенот, библиотеката, продавниците и патеката за ноќно скијање, која е достапна во текот на зимата и може да се користи бесплатно.

     

    СТУДИО H3  за 4 лица, 32м2, 3-ти спрат, лифт, балкон, југ, поглед кон планини и јавниот базен.

    Дневен простор: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    Опрема: 2 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет, сет за фондју.

    Капацитет за спиење:

    Дневна соба: 1 софа на развлекување (брачен кревет: 140x190)

    Просторот за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (90x190)

    Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.

    Просторот за спиење се наоѓа во ходникот, одвоен од дневната соба со врата.

    Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.

    Разно: Остава за скии. Ролетни. Домашни миленици не се дозволени.

    Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано).

  • Residence Diamant II

    Резиденцијата "DIAMANT II"  се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes.  Оддалечено е 50 -300 м. од ски патеките и 250 м. од гондолата JANDRI EXPRESS.  Резиденцијата е на 50-100 м. од продавниците, киното, ноќни клубови.

     

    СТУДИО "DIAMANT II  2E1 "  за 4 лица , 32м2, балкон, 1-ви спрат, лифт, пристап до зградата преку скали, источна страна, поглед кон ски терените.:

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и простор за јадење. Подови обложени со паркет.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    -Опрема: плоча за готвење (стаклокерамика), микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет, сет за фондју.

    Капацитет за спиење:

    Дневна соба: 1 софа на развлекување (2 единечни кревети: 80x180)

    Зона за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (90x180)

    Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.

    Зона за спиење во ходникот, одвоена од дневната соба со врата.

    Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.

    Разно:

    Остава за скии. Домашни миленици се дозволени, со најава и доплата.

     

     

    СТУДИО "DIAMANT II  2J2 "  за 4 лица , 32м2, балкон, 1-ви спрат, лифт, пристап до зградата преку скали, источна страна, поглед кон ски терените.:   

    Студио-апартман од 32 м² за 4 лица, сместен на првиот кат од зграда со лифт (пристап до зградата преку скали).

    Балкон свртен кон исток, со поглед на скијачките патеки.

    Локација: во близина на патеките, во центарот на одморалиштето.

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, кауч и трпезариски дел. Подови обложени со паркет.

    Кујна: отворена кон дневната соба.

    Опрема: 2 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, тостер, апарат за раклет.

    Капацитет за спиење:

    Дневна соба: 1 брачен кревет на склопување (ѕиден кревет)

    Зона за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни лежишта

    Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.

    Зоната за спиење се наоѓа во ходникот и е одвоена од дневната соба со врата.

    Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.

    Друго:

    Електрични ролетни.

    Остава за скии. Домашни миленици не се дозволени.

  • Residence Cabourg

    Резиденцијата „Cabourg“, која располага со лифт, се наоѓа на околу 100 метри од првите продавници („Petit Casino“, ресторани, барови) и на 400 метри од центарот на одморалиштето „Les 2 Alpes“ (туристичка канцеларија, базен/лизгалиште). Оваа реновирана резиденција, опремена со сите современи погодности, нуди надворешен паркинг, просторија за чување велосипеди (во летната сезона), дигитална брава и автоматско осветлување што функционира 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

     

    АПАРТМАН "CABOURG A-A 25 " * за 6 лица, 3 простории, 50м2,  ,  4-ти  спрат, лифт, југ  :

    Локација: во близина на ски-патеките, во областа „Diable“.

    Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Подови со плочки; паркет во спалните соби.

    Кујна: отворен концепт, поврзана со дневната соба.

    -Опрема: плоча за готвење со 4 рингли, микробранова печка, фрижидер, замрзнувач, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер.

    Капацитет за спиење:

    Спална соба 1: 1 брачен кревет (140x190)

    Спална соба 2: кревети на спрат (90x190) + извлечен кревет

    Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст

    Дневна соба: 1 софа на развлекување тип „Rapido“ (брачен кревет: 140x190)

    Бања: Бања со туш. Одвоен тоалет

    Друго: Остава за скии. Машина за перење алишта. Wi-Fi вклучен во цената.Електрични ролетни

    Домашни миленици не се дозволени

    Пристап до заедничкиот паркинг на зградата; паркинг-место не е загарантирано

ℹ️ Важни завржни напомени:

  1. Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.                                          
  2. РЕЗЕРВАЦИЈА:
  • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 01.Декември 2026. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.  
  • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
  • Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
  • Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.

Затоа, дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.

  1. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.

4.    За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.

5.    Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.

6.    Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.

     7.    FIRST MINUTE  цена важи до 15. Ноември 2026.

После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.

8.   Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.              .

9.    БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.                                                                                  

10. Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.

     11. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.

     12.  Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 01.12.2026. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошкови.

 ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:

13.  Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот. За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:

     Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:

             > Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 20% од цената

             > 12 - 8 недели пред поаѓање:   30% од цената

             >  8 – 4 недели пред поаѓање:   50% од цената

             >        4 недели пред поаѓање: 100% од цената

  1. Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 16€ - единечна постелнина или 18€ -брачна постелнина и 16€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 7€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност).   Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи.
  2. Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 500€ по Студио за 4 лица, 600€ по aпартман за 5 до 6 лица до две соби, 700€ по aпартман за 6 лица со 3 соби,  800€ по aпартман за 8 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето или online. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе ги добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката).
  3. По сместувањето, гостите се должни најдоцна во рок од 24 часа да го прегледаат и доколку забележат некаква штета, да пријават во агенција преку QR код кој се наоѓа на влезната врата.
  4. Бучава: Гостите се должни да ги почитуваат генералните правилници во зградата и секаква бучава после 22:00 часот. Доколку се наруши редот и мирот, гостите ќе бидат повикани во локалната агенција и казната за нарушување на редот ќе биде веднаш наплатена од страна на локалната агенција во износ од 100€.
  5.  SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
  6.  Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
  7. Цена за чистење: Студио за 4 лица:79€, Студио со кабина за 4 лица: 89€, Апартмани со 2  соби за 6 лица: 105, апартман со 3 соби за 6 лица 119€. Апт. За 8 лица 149-165€.
  8. Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
  9. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
  10. Влез во објект: од 17.00h - Напуштање на објект: 08.00h – 09.30h                                         .       
  11. ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА. 

 

Општи услови
1.СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ:
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари според програмата на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди, сообраќаен е граничен застој и слично.) Во таков случај организаторот ќе понуди дефинитивен алтернативен и обврзувачки програм. Усмените информации не може да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во програмата.

2.ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:
Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација назначена за секоја поединечна програма. Пријавувањето може да се изврши во НЕХАР ТРАВЕЛ и во сите туристички агенции, обвластени за продажба на аранжманите, како и преку Пошта на општа уплатница. При пријавувањето купувачот задолжително уплатува аконтација наведена според програмата а останатиот дел по потврдување од службата за резервации, не покасно од 14 дена пред патувањето. При пријавувањето патникот потпишува пријава – договор со назнака ви изјавувам дека сум запознаен со програмата и општите услови за патување и дека во целост ги прифаќам со што општите услови на патување стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3.ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Цените на сите патувања се дадени по лице, на база на хотелското сместување во двокреветни соби на база на како е наведено во програмата. Апартманите се продаваат како НАЕМ за наведен број соби. Секое посебно барање во врска со сместувањето подразбира додатни плаќања. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, во случај на промена на девизниот курс на пазарот или промената на цената на хотелските услуги и превозот предвиден според програмата или намалување на бројот на патници под минимумот предвиден во програмата. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на патникот ( се прсметува на двата дела на уплата, т.е. вкупната цена) Доколку зголемувањето е поголемо од 10 %, патникот има право да го раскине договорот без обврска за надокнада на штетата. Уплатените пари во тој случај се враќаат во целост. Плаќањето е во денарска противвредност според куповниот курс на нашата деловна банка на денот на уплаќањето, доколку е истакната само девизната цена. За сите уплати задолжително е да се добие фискална сметка.

4.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ХОТЕЛИ:
Понудените хотели и апартмани се опишани според националната категоризација за секоја земја поединечно во време на издавање на програмата. Квалитетитот на услугите е под надлежност на локалните туристички организации. Стандардите на сместување у услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот нема обврска да ги пријави имињата на хотелите (категоризацијата секако се објавува) доколку тоа не е предвидено во програмата. Кај програмата ФОРТУНА ХОТЕЛИ – организаторот се обврзува патникот да ја добие уплатената КАТЕГОРИЗАЦИЈА. Името на хотелот, спратот, погледот од собата, се добива при пристигнување на дестинацијата.

5.ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ПЛАНА НА ОБРОЦИ)
Планот на оброци е според секоја програма поединечно: НП (ноќевање со појадок), ПП (полу пансион – појадок, вечера, ноќевање) П ( полн пансион – појадок, ручек, вечера, ноќевање), СЕ ВКЛУЧЕНО (АИ) (полн пансион + домашен пијалок.)Доколку посебно не е назначено, оброците се класични ( појадок континентален, ручек и вечера на послужување) Секоја земја има свој начин на исхрана ( избор на храна, пијалоци и количина), во кој организаторот не може да влијае. Во апартманите (НАЕМ) нема обезбедено исхрана.

6.ДЕВИЗЕН ДЕЛ:
Кај одредени програми покрај денарскиот дел може да постои и девизен дел: Тоа подразбира дел од девизниот аранжман на странскиот партнер кој по негово барање се уплатува на лице место на негов преставник за сервисирање на истиот.

7.РАТИ:
Аранжманите може да се плаќаат на рати. Комплетната сума се уплатува најдоцна 14дена пред патувањето. Дополнителни информации во агенција за можни начини на кредитирање.

8.ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ:
Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето, дали за земјата во која патуваат (или транзитните земји) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуалната неисправност на пасошот или дадени невистинити податоци од патникот или за невремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез. Сите евентуално трошоци ги сноси учесникот, според општите услови на патувањето.

9.ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА:
Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. (вакцина или здравствен документ.)Во случај на болест во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење и евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата делот од трошоците може да ги надополни со соодветна документација во фонд за здравствено осигурување, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување или преку задолжително патничко осигурување кое се уплатува кај организаторот.

10.ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Пријави и уплати на факултативните излети ги прима водичот т.е. локалниот водич на лице место во валута на земјата во која излетот се реализира. Информациите за цените на излетите може да се добијат на продажното место. Цените на факултативните излети ги одредува иностраниот партнер и истите се променливи. Потребен минимум да се организира излетот е 20 патници, освен ако не е наведено поинаку.Излетите можат да претрпат промениво однос на денови исатници. Доколку патникот не сепојави на договореното место и време за излетот, водичот има право да замине на излетот со остатокот на групата без да го чека или контактира патникот кој доцни, а уплатените средства за излетот се неповратни.

11.ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА:
Организаторот има право да ја измени програмата за патување и нејзиното траење и содржина, во случај на виша сила или настанати околности кој организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (наведени според член 1.)Во ваков случај учесникот на патувањето нема право на надокнада. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници најдоцна 7 дена пред поаѓање. Во овој случај агенцијата му го враќана патникот во целост уплатениот износ во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се измени во редоследот на престојот, во туристичката програма како и во сместувањето. Доколку дојде до промена на сместувањето, агенцијата ќе обезбеди сместување во рамката на иста или повисока категорија. Патникот нема право на жалба и надокнада за такво променето сместување.

12.ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои неможел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа) Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивањена реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала.

 

* За отказ повеќе од 30 дена се пресметува манипулативен трошок 1.200 ден.

* За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 29 – 15 дена пред поаѓање 50% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 14 – 05 дена пред поаѓање 80% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 05 – 00 дена пред поаѓање 100% од вкупниот износ на аранжманот

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на барање” организаторот наплатува отказни трошкови во висина на уплатената аконтација. За промена на термин или промена на име на патник, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошкови во износ од 20 евра.

13.ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕ:
Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и програмата во целост со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во програмата и одговара за евентуалното неизвршување целосно или делумно. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила (член 1.) или од доцнењето на превозните средства, за кои превозникот не одговара согласно позитивните прописи и меѓународни конвенции. Организаторот не одговара во случај на неисправност, кражба или губење на патната исправа која влијае на неиполнување на програмат во целост или на дел. Патникот во тој случај ги сноси сите трошкови и одговорноста. Организаторот на патувањето и превозникот немаат обврска да обезбедат штекери за полнење на телефони или други електронски уреди.

14.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ:
Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и патни торби ги исполнуваат предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земјата во која патува. Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, превозни средства, и да соработува со преставникот на организаторот во добра намера. Во случај на непочитување на одредени обврски, патникот одговара на организаторот (или непосредниот давател на услугата) за направената штета. Патник кој свесно го ремети редот во објектите односно возилото може да биде отстранет од аранжманот без право на надомест. Трошковите и одговорноста се на патникот.

Според Европските тековни прописи во автубусите несмее да се ставаат кеси за отпад на рачките на седиштата. Должност на секој патник е да го исфрли својот отпад во канта за отпадоци на секоја пауза.

15.БАГАЖ:
Патникот има права на бесплатен превоз до 15кг на чартер летовите и редовните авионски линии + 1 рачен багаж. Кај автобускиот превоз дозволен е 1багаж односно патна торба до 20кг. За повеќе багаж и тежина се наплатува во зависност од можноста и дестинацијата. Деца до 2години немаат седиште авион и право на бесплатен багаж. Губењето на багажот со авион е одговорност на авио превозникот според меѓународните конвенции. Организаторот не одговара за изгубениот багаж и драгоцености за време на патување или престој (препорачуваме на сеф)

16.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ:
Доколку патникот не договорил посебна соба/апартман со посебни карактеристики, се смета дека ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот (програмата) и ценовникот. Доколку е возможно ќе се обиде да одговори дополнително на дополнителните барања на патникот (конфор, ориентација на соба, кат) но не може да гарантира на патникот за таквото барање. Сместувањето во хотелските соби е после 14.00ч, во апартманите после 16.00ч а напуштање на собите/апартманите е до 10.00ч, доколку со куќниот ред не е поинаку назначено во одреден објект.

17.РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ:
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите предвидени во програмата, учесникот на патувањето има право на сразмерно обештетување доколку поднесе писмен (поединечен) приговор. Потписникот на договор има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима на разгледување приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори.

Постапка за поднесување на приговор:

Веднаш на самото место се инфоормира преставнико на агенцијата, односноо извршителот на услугите.
Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот не го прифати понуденото решение кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не е отстранета, патникот во присуство на претствникот или извршителот на услугата прават писмена потврда (записник)
Најдоцна 8 дена по завршување на аранжманот патникот е должен да поднесе писмен приговор до организаторот со презентација на копија од записникот и направени евентуални трошкови. Организаторот ќе ги прими на разгледување само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го пролонгира рокот на решавањето на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугата. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор (патување) не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
Доколку организаторот не поднесе решение по приговорот, патникот се од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавните медиуми.
Највисоката надокнада по приговорот, може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на патникот за идеална штета.
Доколку причината не се отстрани, заедно составуваат записник како потврда за рекламација. Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот патникот може да поднесе писмена рекламација до организаторот со која треба да го приложи и записникот потпишан од преставникот, како и евентуалните сметки за додатни трошоци. После тој рок рекламацијата не уважува.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение на овој приговор во рок од 14 дена по приемот. Додека организаторот не поднесе писмено решение и додека постапката за негово изнаоѓање е во тек, патникот се одрекува од поднесување на кое било друго лице, судска установа или давање информации во јавните гласила.
Најголемата надокнада после рекламацијата може да достигне вредност на цената на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
18.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ:
Во смисла на точка 16 од овие услови, купувачот на услугите на одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да бара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд во Скопје. За се што не е регуларно со одредбите на општите услови на патување , ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

19.ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Патникот да ја провери трајноста на патната исправа
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични предмети, патни документи, и платежни средства.
Припатување со авион на редовна или чартер линија, потребно е да се провери времето на полетување еден ден пред поаѓање на пат бидејќи се можни промени во редот на летање. Организаторот не сноси одговорност во случај на измена на станицатана поаѓање.
При патување во автобус, местата на седење се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето
Аеродромските такси не се вклучени во цената на аранжманот освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено, и се променливи.

 

ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето, исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои не можел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа), Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивање на реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала:

  • За отказ повеќе од 30 дена се пресметува манипулативен трошок од 1.200 ден.
  • За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • За отказ од 29 - 15 дена пред поаѓање: 50% од вкупниот износ на аранжманот
  • За отказ од 14 - 05 дена пред поаѓање: 80% од вкупниот износ на аранжманот
  • За отказ од 05 - 00 дена пред поаѓање: 100% од вкупниот износ на аранжманот

Во одредени програми важат посебни услови за отказ на аранжманот и истите се наведени на самата програма. Со склучување на договор за патување или плаќање на фактура, странката ги прифаќа условите за отказ.

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена „резервација на упит“, организаторот наплатува отказни трошоци во висина на уплатената аконтација. За промена на термин, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошоци во износ од 20 евра.

Останати патувања

Val Thorens 01.01.2027
Од 849 € по лице
Val Thorens 08.01.2027
Од 849 € по лице
Avoriaz 15.01.2027
Од 779 € по лице