Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Кападокија 3НП - Магија и мистика / 8ми Март

    €169,00
    Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток... Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската... Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “

    Термин:   24 Ноември 2020

    01 Ден: 24.11.2020    СКОПЈЕ –КАПАДОКИЈА: 

    Состанок на групата на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09:30 часот.

    Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку гр.премин Деве Баир, Бугарија (Софија,Пловдив),  Истанбул,  Анкара, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    02 Ден: 25.11.2020  СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  - ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА:

    Во утринските часови пристигнуваме на Соленото езеро.

    Tuz Golu, едно од најголемите солени езера во светот... долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро...Пауза и прошетка до (низ) езерото и можност за првите сувенири. 

    По одморот продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во пладневните часови.

    Сместување во одбран CAVE хотел и краток одмордо првите возбудувања во Кападокија.

    МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА ЗАПОЧНУВА:  МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО

                                         Препорачуваме 2 можности :

    - “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци„, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта, место каде што Вашите желби се исполнуваат и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Се вози во колана со неколку водичи.  Незаборавна авантура за сите возрасти. Наша топла препорака.  (Дозвола не е потребна)        или....

    - “BUS SUNSET TOUR”Посета на Долина на Љубовта долина каде што тајно се среќавале вљубените парови.. Потоа поминуваме покрај старото место Невшехир и го гледаме најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина. Враќање во CAVE хотел. 

    Пред вечера, ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe(влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци“, улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме.

    Вечера*. Ноќевање.

    03 Ден:  26.11.2020 ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА  – ТУРСКА ВЕЧЕР

     Појадок. ....                       Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања:

    КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА:  Почнуваме со панорамски поглед на замокот Учхисар,највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме...

    Потоа Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендиз,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.    Ве водиме и на панорамски поглед на кратерското езеро “Nargolu”. За крај, посета на фабрика за драги и полудраги камења, сребрен и златен накит. Тука ќе се запознаете и со познатиот драг камен Sultanit–го има исклучиво во Турција и Султаните го користеле за изработка на прекрасни накити. Враќање во хотел.  Вечера*.

    ТУРСКА ВЕЧЕР:Во вечерните часови  ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокијакако од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, апетисани и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел.   Ноќевање.

    04 Ден:  27.11.2020  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:  СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА

                        Денот е предвиден за 3 возбудливи доживувања:

    ЛЕТ СО БАЛОН:Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура  никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако... магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига на 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот.Враќање во хотел.

    Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.

    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

    Појадок. ....  

    СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА: Денеска магичните приказни и прошетки започнуваат со посета на  “Ѓореме музејот на отворено- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан. Следат посети и разгледувања на најубавите долини:

    Дервент - долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени – волшебни самовилини оџаци.

    Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

    Пашаба - или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

    Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите. Враќање во хотел.  Краток одмор.

    ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата, можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

    Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Враќање во хотел.  Вечера*.Ноќевање.

    05 Ден: 28.11.2020 ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА :   МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА - ИСТАНБУЛ

    Појадок. Багажот се остава во автобус. Во утринските часови ве водиме на нови возбудувања.

    МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и невообичаени приказни. Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците. Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живеат Македонци. На крај посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки.  

    GOREME-WATERGARDEN & EMMAR SQUARE MALL-ISTANBUL: - Патувањето продолжува кон Истанбул попатни паузи за одмор и попатна вечерна посета на најновиот монденски трговски центар на Азиската страна на Истанбул, отворен 2017.Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот базен со фонтани. Екслузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу... многу ресторани, кафетерии, забавни паркови, кина и брендирани продавници.

    Пристигнување во Истанбул во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

    06 Ден: 29.11.2020 ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ:

    Појадок.* Стварите се ставаат во автобус. Продолжуваме со приказните од 1001 ноќ.

    ПАНОРАМСКО РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИСТАНБУЛ: Се возиме покрај Мраморното море, влезот на Златниот рог и Босфор. Ќе уживаме во погледот кон Топ Капи Сарај палатата, Аја Софија, Сулејмание џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар. Го поминуваме Златниот рог преку надалеку познатиот мост Галата со поглед кон Галата кулата и Девојачката кула. Од автобус, се префрламе на брод......

    КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии...  За крај ......

    ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.

    ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.

    СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје следниот ден во раните утрински часови.

    ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на Cave хотел во Кападокија :

    ORTAHISAR "ACER CAVE HOTEL"  Luxury Boutique Hotel – Пештерски хотел во Ортахисар

    ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО  10.11. 2020169 ( 10.480 денари )

    РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 209 €  ( 12.960 денари )     

    GOREME CAVE/STONE – ПЕШТЕРСКИ ХОТЕЛИ во центар на ЃОРЕМЕ- Наша препорака за вистинско доживување !   Појадок со поглед на Самовилините оџаци и прекрасниот Гореме.

    “OSMANBAY” / ZARA” CAVE HOTELI – Уникатно доживување, престој во реновирани пештерски куќи, луксузно опремени соби со ТВ, купатило, клима/греење, ....

    ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 10.11.2020 : 179 (11.100 денари)

    РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 229 €   (14.200 денари)

           ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

    • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација (Тв,двд,клима,тоалет)
    • Ковид 19 протокол запазен!
    • 3 Ноќевања со појадок  во "ACER CAVE HOTEL"  Luxury Boutique Hotel -  Ортахисар,      или
    • 3 Ноќевања со појадок  во “OSMANBAY” CAVE HOTEL, во центар на Ѓореме. Појадок на тераса со панорамски поглед на градот  
    • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
    • Разглед на Ѓореме со наш водич,
    • 1 Ноќевање во хотел со 4* во Истанбул ( ПОДАРОК ОД НЕХАР ТРАВЕЛ ! )
    • Организација на патувањето,
    • Лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
    • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€

    ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

    • Задолжително патничко осигурување 250 мкд,
    • Голема Тура Кападокија, вклучен ручек ивлезници,превоз, локален водич: (45€),
    • Срцето на Кападокија, вклучен ручек ивлезници, превоз, локален водич: (45€),
    • Црвена Долина со залез на сонцето, превоз, локален водич: (15€),
    • Мистична Кападокија, со посета на  Ургуп и Мустафапаша, превоз, локален водич : (20€),
    • “ ATV SUNSET TOUR” , трансфери, водич, 2 часа возење, кацига: (25€) – цената е за АТВ, за 2 лица !
    • Турска вечер со шоу програма, мезе+апетисани и неограничен пијалок, превоз, локален водич: (30€),
    • Танц на дервишите : церемонија , превоз, локален водич: (25€),
    • Лет со балон  - (од 150 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.
    • *Цената може да претрпи промени.
    • Доплата за 3 вечери*  во локален ресторан во Гореме: (15€), 
    • Појадок* во хотел во Истанбул (5€),
    • Панорамско разгледување на Истанбул со автобус и локален водич. (10€),
    • Крстарење по Босфор – (20€),
    • Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата   (Резиденционален дел) – (30€),
    • Туристичка такса (2 €),  по лице на ден. ( се плаќа во агенција )
    • Доплата за еднокреветна соба : 4700 ден  

                   ПАКЕТ ИЗЛЕТИ:

    1. МАГИЧНА КАПАДОКИЈА: “Голема тура Кападокија“+„Срцето на Кападокија“+„Мистична Кападокија“ = 100€  (наместо 110€)
    2.  ИСТАНБУЛ ОД 1001 НОЌ: Панорамско разгледување на Истанбул + Крстарење по Босфор + Посета  на Долма Баче Сарајот = 50€   (наместо 60€)

    Останатите факултативни излети се според објавените цени.

    * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.

    * За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.

    * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, во случај на помал број на пријавени патници, или други непредвидени ситуации.

    * Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

    * Седењето во автобус е според датумот на уплатата и слободните места.

    * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 30 патници (75% пополнетост на автобусот е максимален број)

    * За реализација на факултативните излети потребно е минумум 20 лица и се плаќаат кај водичот,

     во Турција

    * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ, Скопје Македонија.

    * Важноста на пасошот треба да биде мин. 6 месеци од денот на напуштање на Турција.

    * Ги запазуваме сите протоколи за патување дадени за Ковид 19. Задолжително носење на маски!

    *Можност за плаќање на 6 рати без камата*

    КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

    Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел на Византија, се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос, Ургуп, Отахисар,  со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

    Ѓореме: Срцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, е почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, Турска сауна, масажа со лековита кал... Градче опколено со автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год....

    .......со еден збор, наша најтопла препорака за сместување во Ѓореме.

    Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тукасе работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето воопшто не потсетува на амбиентот на Кападокија.

    Оддалечен 10 км од Гореме.

    Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточено градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

    Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со мал амбиент на Кападокија.

    Учхисар (Uchisar)- “Три тврдини: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

    Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

    Невшехир: Некогашeн Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански карпи во кои имало некогаш живот. Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Градот не е посебно туристички интересен, а се користи за сместување на туристи кои доаѓаат во Кападокија, поради малиот број на сместувачки капацитети во околина а и пониската цена.

    Оддалечен 15 км од Ѓореме.

    Ортахисар: На само 5 км од Гореме се наоѓа градчето со позната вулканска кула која се издига од центарот, висока 90 метри, со многу отвори каде некогаш живееле луѓето. Место каде природносе конзервира зеленчукот од целиот регион, во камени простории кои ја сочувуваат свежината.

    САМО СО НЕХАР ТРАВЕЛ ВИСТИНСКИ ЌЕ ЈА ДОЖИВЕЕТЕ МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА !

    T.A НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бр.52  Tel: 02/3 13 10 45 Моб: 071/380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk

    Ознаки за производ