Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Халкидики - Касандра

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Вила „Ставрос” – Неа Каликратиа

    €99,00
    Неа Каликратија е град со многубројни занимливости за секој турист.Има долга песочна плажа, многубројни ресторани, таверни, кафетерии, забавни паркови за деца,супермаркети Лидл и останати занимливости. Интересно за посетата е плажата “Сахара“ која се наоѓа во непосредна близина 3-4 км. од Неа Клаикратија. Вилата Ставрос се наоѓа на 200 метри од плажа во Неа Каликратија.Студијата располагаат со кујни стандардно опремени,фрижидер, тв, клима уред , Wi-fi ,тераси и паркинг во дворот во зависност од слободно место.

    ВИЛА „ГАЛИНИ “ – КАЛИТЕА

    €109,00
    Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа.Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето.Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна,решо,кујнски инвентар,фрижидер,тв, клима уред и тераси. Во превод КАЛИТЕА значи убав поглед. Ова е единственото место со неверојатна глетка према торонеискиот залив. Широката песочна плажа со ситен песок и чиста вода се симбол на плавото знаме кое КАЛИТЕА го добива секоја година од страна на ЕОТ.

    ВИЛА „ХРИСТОС” – ПОЛИХРОНО

    €180,00
    ПОЛИХРОНО - Вила ХРИСТОС Вила ХРИСТОС се наоѓа на 250 метри од плажа во мирно опкружување. Вилата располага со трикреветни апартмани и четирикреветни дуплекс апартмани, сите со балкон, опремена кујна, бања, ТВ, Wi-Fi, климата(се доплаќа) Опис на апартманите: Апартман бр.1 и бр.4 – дуплекс апартман со 3 соби, две спални соби со брачени кревети и дневен престој со единечен кревет, кујна, трпезарија и 2 балкони, бр.1 на 1кат и бр.4 на 2 кат. Апартман бр.2, бр.5 – апартман со две соби, кујна и спална со брачен и единечен креве на 1кат. Апартман бр.3 и бр.6 - апартман со две соби, кујна и спална со 3 единечни кревети на 1 кат. Апартман бр.7 и бр.9 - апартман со две соби, кујна и спална со брачен и единечен кревет на 2кат. Апартман бр.8 - апартман со две соби, кујна и спална со 3 единечни кревети на 2кат.

    Вила Анемохади – СИВИРИ

    €169,00
    Вилата е лоцирана на 90 м од плажа и 50 метри од центарот на Сивири. Вилата располага со 1/2+2 апартмани кои се состојат од 2 одделни соби, спална соба со брачен кревет и кауч на раскопување во дневната соба. Сите апартмани имаат сопствена тераса, комплетно опремена кујна, ТВ и клима уред…. Плажа 90 метри од вилата, ситна песок

    ВИЛА „НАТАША” – ХАНИОТИ

    €220,00
    Вила Наташа се наоѓа во близина на центарот на Ханиоти, на околу 150 метри од плажата. Вилата располага со трикреветни студија и апартмани и четирикреветни дуплекс апартмани кои се наоѓаат на втор и трет кат. Сите соби располагаат со комплет опремени кујни, бања, ТВ, Wi-Fi, крпи и клима уред. Има лифт, а карши вилата има јавен паркинг. Вилата располага со заеднички простор за седење, кој гостите го користат за време на нивниот престој. Координати: 40.0002530723823, 23.57648982528625

    ВИЛА „СОФИЈА” – ХАНИОТИ

    €220,00
    Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
    Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.

    ВИЛА „ХРИСТОС” – СИВИРИ

    €130,00
    Вила HRISTOS се наоѓа во центарот на Сивири,на најатрактивна локација, непосредно пред плажата. Располага со двокреветни соби и четворокреветни апартмани, ориентирани кон југозапад, и од терасите ќе уживате во прекрасното зајдисонце. Сите студија и апартмани се опремени со кујна, опремена со основен прибор за јадење, купатило, ТВ и клима чие користење е бесплатно. Промената на постелнината е еднаш во текот на престојот. Вилата има WI-FI.

    ВИЛА „HAUS LITEA“ – ПОТИДЕА

    €79,00
    Хаус Литеа се наоѓа во Неа Потидеа, првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна. Вилата е составена од два објекти А и Б. Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите 1/3 студија се на III спрат 1/3 студио: во една просторија кујна и три стандардни кревети + тоалет. 1/4 апартман: во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети + тоалет. Плажа – Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња.

    ВИЛА ‘Tsimpoukas villas’ – Неа Флогита

    €135,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува градот Неа Мудања, еден од најголемите градови во областа Халкидики.