Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со '2019'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ALBATROS BEACH RESORT 4****

    €0,00
    Albatros Beach Resort http://www.beachalbatrosresort.website/ Хотелот Beach Albatros Hurghada е луксузен хотел кој им овозможува на гостите да одморат од секојдневието, да уживаат и да се релаксираат во волшебствата на Црвеното море и топлото време. Хотелот со 4* кој наликува на аквариум се наоѓа на сама плажа и е опкружен со градини полни со зеленило, прекрасни базени, кристално сино море и поглед кој воодушевува и смирува. Оддалечен е само 15 минути возење од аеродромот во Хургада и 20 минути од центарот на градот. Хотелот им овозможува на гостите да уживаат во водените спортови и совршен е за сурфање. Неговата долга плажа е идеална за долги вечерни и утрински прошетки. Услуга: All Inclusive

    Albatros Palace Resort 5*****

    €0,00
    Albatros Palace Resort 5* Локација: Хотелот е одалечен 10 км од центарот на Хургада и 8 км од аеродромот, сметстен покрај прекрасна приватна песочна плажа. Соби: Хотелот располага со 621 соба секоја опремена со сопствено купатило, фен, мини бар, клима, SAT TV, балкон или тераса. Содржина: Хотелот располага со 7 најразлични ресторани (медитерански, италијански, марокански, германски, азиски, мексикански и Splash snacks ресторан) како и 8 барови (Oriental Palace Bar,Cafe Mocambo,Cafe Colombus,Le Pasha Bar,Splash Beach Bar,Pool Barк,Le Pasha Bar, Disco Terrace Bar). Во склоп на хотелот има и менувачница, продавници, фризерница, детски клуб како и голем надворешен базен и различни видови на спортови на вода. Услуга: All Inclusive

    Alf Leila Wa Leila 4****

    €494,00
    Alf Leila Wa Leila https://www.pickalbatros.com/hotels-resorts/alf-leila-wa-leila/ Alf Leila Wa Leila е хотел со 4 звезди во Хургада кој се наоѓа на 500м одалеченост од плажа. Хотелот располага со 6 базени и бесплатен превоз (shuttle) од хотел до плажа и назад. Располага со 5 ресторани и тениски игралишта. Хотелот е лоциран на 13км од аеродром. Располага со 566 соби и апартмани секој со балкон и поглед кон градина или базен. Секоја од собите е опремена со мини-бар, сеф и директен телефон со рецепција. Телевизори со интернационални сателитски канали и бесплатна кинотека. Бањите се опремени со тушеви и фенови за коса. Alf Leila WA Leila располага со ресторани и прекрасна вкусна кујна со разни меѓународни специалитети кои се направени спрециално за вас. Гостите во хотелот можат да се релаксираат со разни масажи, или да ја посетат теретаната. Најмладите гости можат да уживаат во детскиот клуб. Во хотелот целокупниот персонал се обидува да ве анимира за да можете да ја доловите и египетската историја . Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    AMC Royal Resort 4****

    €455,00
    AMC Royal Resort https://amcroyalhotel.com/en-gb Лоциран директно на прекрасната песочна плажа, нуди неверојатен поглед на Црвеното Море. Идеален за клиентите кои ја ценат удобноста и интимната атмосфера. Одлични услови за семејства. Хотелот нуди голем базен со тобогани, разновидна забава и игралиште. Хотелот исто така нуди бесплатна услуга на плажа и бар на плажа во кој се служат разновидни пијалоци опфатени со all inclusive опцијата. Хотелот нуди и разновидни активности на вода , вклучувајќи нуркање. Гостите имаат на располагање: фитнес центар, салон за убавина (масажа, сауна), WiFi интернет, 1 отворен базен и 1 детски базен, кои се загреваат во зимската сезона (крпите се бесплатни), детски клуб, билијард, тенис на маса, boccia и одбојка на плажа. Во прилог на главниот ресторан, хотелот нуди ресторан во кој се подготвуваат италијански специјалитети и ресторан за грил на плажа, 4 барови (на плажа и базен), дискотека, продавници, салон за убавина, перење и перална, менувачница. Хотелот има 395 соби сместени во две згради. Сите соби имаат бања (туш / тоалет), фен, сателитска ТВ, телефон, мини бар, клима уред, фрижидер, балкон или тераса. Blue Lagoon ресторанот служи избрани меѓународни оброци на маса за доручек за појадок, ручек и вечера. АМЦ Royal хотелот исто така има А la carte ресторани. Италијанскиот ресторан служи оригинални јадења со тестенини и пици. Во ресторанот Palms Island, гостите можат да уживаат во ориентална храна, додека во суши бар Kona Kai јапонски јадења подготвени со техника tapeyaki. Пијалоците се достапни на Fun Pub Shots. Центарот на Хургада со пазарот и шеталиштето е само 11 километри од хотелот. Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    Amwaj Blue Beach Resort and Spa 5*****

    €379,00
    Amwaj Blue Beach Resort се простира на голема територија со базен, детски базен, 2 слајдови за вода, пространи тераси , базен со снек бар и плажа со чадори, лежалки и спортови на вода. Спорскитет и рекреативни објекти вклучуваат тенис и одбојка, фитнес сала, џет скии, сурфање, parasailing, нуркање, пинг-понг, билијард, пикадо, соба со playstation и библиотека и интернет кафе. Исто така постои и спа со џакузи, парна бања, сауна и нуди разни масажи, третмани за убавина на лицето и телото. Главниот ресторан нуди интернационална и ориентална кујна а има и италијански ресторан како и ресторан за грил кај плажата. Исто така, постојат неколку барови, вклучувајќи Кафе и бистро бар, 2 базенски барови, бар на плажа и диско бар. Во склоп на хотелот има фризерски салон, мини маркет, аптека, дневник, бутици и паркинг простори. Услугите кои се нудат вклучуваат 24-часовна рецепција, услуга во соба, перење, пеглање и лекарски контакт. Хотелот располага со 378 соби за гости и апартмани сместениа во 3 четири спратни згради. Сите соби се модерно и вкусно стилизирани со климатизација , сателитска телевизија со радио, телефон, мини бар, фен за коса, Сеф и тераса или балкон

    Aqua Vista Hotel

    €494,00
    Aqua Vista Hotel https://www.pickalbatros.com/ Овој модерен хотелски комплекс го нуди најдоброто од египетскиот шарм и топлината на сонцето. Без разлика дали планирате романтично патување, активен одмор или семејно патување, тука можете да најдете нешто за секого. Сместен меѓу убави градини и опкружен со 3 кристални базени украсени со палми. Овој хотел има се што ви треба за релаксација и целосно подмладување со помош на разните хотелски специјални понуди, како што се третманите кои се мешавина на антички и современи методи. Се наоѓа на 8км одалеченост од аеродромот и 21км од стариот центар на Хургада. Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    2019