Close
Понуди
    Filters
    Search

    Amwaj Blue Beach Resort and Spa 5*****

    €379.00
    Amwaj Blue Beach Resort се простира на голема територија со базен, детски базен, 2 слајдови за вода, пространи тераси , базен со снек бар и плажа со чадори, лежалки и спортови на вода. Спорскитет и рекреативни објекти вклучуваат тенис и одбојка, фитнес сала, џет скии, сурфање, parasailing, нуркање, пинг-понг, билијард, пикадо, соба со playstation и библиотека и интернет кафе. Исто така постои и спа со џакузи, парна бања, сауна и нуди разни масажи, третмани за убавина на лицето и телото. Главниот ресторан нуди интернационална и ориентална кујна а има и италијански ресторан како и ресторан за грил кај плажата. Исто така, постојат неколку барови, вклучувајќи Кафе и бистро бар, 2 базенски барови, бар на плажа и диско бар. Во склоп на хотелот има фризерски салон, мини маркет, аптека, дневник, бутици и паркинг простори. Услугите кои се нудат вклучуваат 24-часовна рецепција, услуга во соба, перење, пеглање и лекарски контакт. Хотелот располага со 378 соби за гости и апартмани сместениа во 3 четири спратни згради. Сите соби се модерно и вкусно стилизирани со климатизација , сателитска телевизија со радио, телефон, мини бар, фен за коса, Сеф и тераса или балкон

    ХУРГАДА ЛЕТО 2021 - ПРОГРАМА

     

    1.ден:  Скопје - Хургада

    Пристигнување на Скопски Аеродром 3 часа пред и лет, согласно актуелните аеродромски правила за чекирање. Директен лет за Хургада во раните утрински часови, согласно поставеното време на лет. По пристигнување, пречек од страна на претставник од партнер агенцијата во Хургада и организиран трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот денот на пристигнување). Ноќевање. 

     

     2 - претпоследен ден:  Хургада

    Престој во резервираниот хотел на база резервираната услуга. Слободно време за одмор и индивидуални активности, со можност за организирање на факултативни излети (Посета на Каиро со пирамидите и музејот; Посета на Луксор и храмовите; Пустинско сафари; Расјки остров, Нуркање...). Ноќевање во хотел.

     

    Последен ден:  Хургада - Скопје

    Одјавување на собите најдоцна до 12 часот или согласно хотелските правила (продолжено користење на собите - "Late Check Out" може да се обезбеди со доплата). Слободно време до времето за трансфер кон аеродромот во Хургада. Директен лет до Скопје во вчерните часови, според поставеното време на лет. Пристигнување во Скопје.

     
     

    ЦЕНИТЕ ВКЛУЧУВААТ:

    » Авионски карти на релација Скопје - Хургада со чартер лет.
    » Чекиран багаж до 20кг + 7кг рачен багаж 
    » Аеродромски и административни такси.
    » Пречек и асистенција на аеродромот во Хургада.
    » Организиран трансфер аеродром - хотел - аеродром во Хургада.
    » Престој во избраниот хотел согласно резервираниот број на ноќевања.
    » Организација на патувањето.
     

    ЦЕНИТЕ НЕ ВКЛУЧУВААТ: 

    » Меѓународно патничко здравствено осигурување.
    » Хотелски услуги после одјавување на собите (*** Хотелот има право да прекине со All Inclusive услуги по Check Out).
    » Факултативни екескурзии и други индивидуални трошоци.
    » Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата.
    » ПЦР тест не постар од 72часа пред влез во државата е задолжителен..
    » Влезна виза за Египет - за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување. Потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6 месеци. *** за престој од 01.07.2020 - 30.04.2021 визите за туристи со македонски пасош се БЕСПЛАТНИ***

     

     

    ЗАБЕЛЕШКИ: 

    » Дадените цени во пребарувачот се моментални и може да бидат променети без најава. Валидна цена е онаа која е актуелна за време на резервацијата.

    » Сите хотели се на барање.

    » Цените се во евра а плаќањето е исклучиво во денари по курс од 62 мкд за 1еур.

    » За влез во Египет потребен е биометриски пасош со најмалку 6 месеци валидност од денот на враќањето (за МК пасоши).

    » За резервација потребна е уплата од 30% од вкупниот износ, додека остаток се доплаќа најдоцна 14 дена пред патување. 

     

    ХУРГАДА
    Хургада - еден од најатрактивните ресорти во Египет, се наоѓа на окулу 5 часа возење ( 530км ) јужно од Каиро на западната обала на Црвеното Море - на афричко тло . Најголема атракција на Хургада е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја делат окулу 150км каменеста пустиња чии врвови преминуваат 1700м. Градот е исполнет со голем број на ресторани, продавници, барови, мали пабови и интернет кафеа. Подводниот свет е исклучително богат така што Хургада е особено популарна кај љубителите на подводни спортови, нуркање и снорклинг.Она што е особено интересно за посетителите е и малиот, ненаселен  архипелаг на корални острови со прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
    Освен за уживање во раскошот на стотиците хотели на обалата на Црвеното Море, Хургада е погодно лоцирана за посета на Каиро како и на импозантните храмови во Луксор стари по неколку илјади години. 
    Хургада е населена во почетокот на 20 век и од мало рибарско место, во последните десетина години прераснува  во привлечна туристичка дестинација. Денеска Хургада е град со над 50.000 жители и се протега на повеќе од 40км покрај море.
     
    DAHAR – е најстариот дел на Хургада, административен центар во кој се наоѓа главната пошта, автобуска станица за меѓуградски сообраќај, базат и пазар, полициска станица и граддска управа. Тука живее поголемиот дел од локалното население
     
    SAKALA – спој на стариот традиционален  Египет (бројни продавници, традиционални сувенирници, ресторани со национална кујна..) и современи туристички текови ( хотели од различна категорија, нова марина, шеталиште, ресторани, клубови, барови покрај самото море..). сакала се наоѓа на км јужно од дахар и км северно од туристичкиот центар Мемша како и 7км од аеродромот во Хургада.
     
    MEMŠA – нов туристички центар на Хургада, туристички регион кој се развил многу брзо и се одликува со долго, поплочено и уредено шеталиштена кое се наоѓаат раскошни хотели, голем број на продавници, маркети, пазари, ресторани и познати барови и клубови како Hard Rock Café, Little Buddha, Elements..На само 2км од шеталиштето се наоѓа меѓународниот аеродром на Хургада.
     
    SAFAGA ROAD – се наоѓа помеѓу Мемша и заливот Сал Хашиш . Воцентралниот дел на оваа зона се наоѓа едно долго, ново шеталиште со луксузни хотелски комплекси, продавници, маркети и големиот трговски центар Senzo Mall.
     
    SAHL HASHEESH –  е туристичка зона, прав бисер на Црвеното Море, која го добила името по истоимениот залив со прекрасна, тиркизна вода. Ова е ексклузивен дел на јужна Хургада кој го сочинуваат раскошни хотелски комплекси изградени покрај самиот морски  брег а поврзани со шеталиште долго 8км покрај самото море. Од новиот центар Мемша, оддалечен е 18км а од стариот центар Сакала, 26км.
     
    SOMA BAY – Туристичка зона на крајниот југ на Хургада, во истоимениот залив, во близина на градот Сафага. А оддалечен од Мемша 45км. Сома Беј е познат по луксузните комплекси од познати хотелски ланци и долгата песочна плажа ( окулу 5км долж заливот ). Поради коралните гребени, како расцветани рајски градини кои се идеални за гостите кои сакаат гњурење тоа е заштитена зона во регионот. Идеален е за мирен одмор во супер луксузните хотели изградени во самата пустиња покрај брегот на Црвено Море.
     
    MAKADI BAY   – Туристичка населба која се наоѓа на окулу 35км од Хургада, во истоимениот залив. Населбата е опкружена со прекрасна песочна плажа долга 4км и се состои од поввеќе луксузни хотели од познати хотелски брендови, изградени во уникатен стил, комфорно опремени со прекрасни градини и најразлични украси. Привлекува голем број на туристи, поготово оние кои сакаат нуркање.

     

    Product tags