Понуди
    Filters
    Пребарување

    За нас

    Т.А. НЕХАР ТРАВЕЛ е основана во октомври 1993 година на темели на професионалното работење во Т.А. ПУТНИК Југославија од 1978 година. Од 1993 година Нехар Травел созава спомени на илјадници патници носејќи ги на фантастични дестинации низ цела европа. Секогаш креирани програми за незаборавно доживување… Програми кои инспирираат жед и страст за откривање на убавините кои ги нуди Европа.

    Зад потписот на нашите програми стои искусен експертски тим составен од професионални водичи, најдобри во својата област. Сите аранжмани се внимателно изработени, дестинациите и објектите се посетени од тимот на Нехар Травел и направена е понуда која може да ги задоволи интересите на сите патници. Нашите патувања се дизајнирани со акцент на едукативно искуство, забава и незаборавни моменти кои ќе ги помните и раскажувате целиот живот.

    Би сакале одморот да Ви биде бесконечен? Да ја доживеете Европа максимално, да ги видите сите возбудливи места, излети, атракции, плажи… Одберете некоја од нашите програми! Убедени сме дека сте го одбрале вистинскиот аранжман а дека ќе се вратите кај нас по нови возбуди, не се сомневаме…

    Вашето задоволство е наша обврска!

     

    Редовни активности:

    Авионски билети за цел свет
    Туристички патувања
    Апсолвенски и средношколски екскурзии
    Деловни, фамилијарни и свадбени патувања
    Конгреси
    Летувања и зимувања во Македонија и странство
    Автобуски билети за цела Европа
    Хотелски резервации за инвидуални патувања
    Изнајмување на минибуси и автобуси