Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот паркот, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл.
Вила ЛИНА се наоѓа во центарот на местото, на 50 м. од песочната плажа. Располага со студија и апартмани, со големи тераси, од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекасниот парк. Комплетно е реновирана и опремена со кујна, купатило, ТВ, WI-FI и клима (бесплатно).
Хотелот Голеден Бич е лоциран на 20 метри од плажа во Метаморфозис. Хотелот располага со 45 соби, 1/3 со брачен кревет + нормално легло. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето. Хотелот се наоѓа во област со борова шума и претставува одлична комбинација за релаксирање и одмор. Во склоп на хотелот има и базен кој е бесплатен за користење од страна на гостите.