Место Ipsos, низ кое е распослана долгата песочна плажа во најубавиот дел од островот, несомнено оправдано со години се вбројува во најпосакуваните туристички места на Крф. Неговата местоположба, близината до градот Крф и останатите поголеми туристички места како Дасиа, Гувиа, Нисаки и Барбати… го карактеризира како добар избор за летен одмор. Богатата туристичка понуда на сместувачки капацитети, како и на објекти за забава, особено го прават привлечен за оние кои од одморот секогаш очекуваат и нешто повеќе. Изборот на Ипсос и Крф за наша повторна летна дестинација, не е случаен. Долгогодишната соработка со неговите домаќини и задоволството на нашите туристи е императив повеќе, за продолжување на традицијата. Објектите кои се лоцирани во непосредната близина на неговата плажа, нивниот квалитет и поволните цени на туристичките пакети, претставуваат мотив за негов избор.