Торони на југоисточниот дел од вториот крак полуостровот Ситонија.Долгата песочна плажа и тиркизната боја на егејот заокружени со боровата шума го прават ова место вистински рај.Убава пешачка патека покрај плажа,многу детски занимливости,ресторани,маркети ,а пред се и највкусната и свежа риба се служи во Торони.Идеално место за одмор за секоја возраст.
Торони е мало место помеѓу Неос Мармарас и Порто Коуфо, на југозападниот дел на вториот крак од Халкидики, Ситонија, на 17 километри јужно од Неа Мармарас, оддалечено околу 130 км од Солун. Заштитен знак му е преубавата плажа долга 2 км која е наградена со Сино Знаме и која секој турист го остава без здив...