Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана... Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере... Фиренца - ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија... Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти... познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време... Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана... славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина... Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре... Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии... Магијата на Чинкветере е неповторлива...
Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела - Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka... а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО
Емилија - Ромања: најбогата меѓу 20-те Италијански регии и една од најразвиените во Европа, спој на две покраини , Емилија и Ромања, во долината на најголемата Италијанска река По. Искористете ја можноста да ги посетите најубавите центри на регионот... Болоња, Ферара, Римини, Сан Марино, Равена, Парма и Модена и да ја уживате во убедливо најдобрите кулинарски специјалитети во Италија...
Венеција - Господарка на Јадранот... чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал...Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади... Најуникатен град на планетата Земја... во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила... денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже... едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.