Понуди
    Filters
    Пребарување

    ALBATROS BEACH RESORT 4****

    €646,00
    Albatros Beach Resort http://www.beachalbatrosresort.website/ Хотелот Beach Albatros Hurghada е луксузен хотел кој им овозможува на гостите да одморат од секојдневието, да уживаат и да се релаксираат во волшебствата на Црвеното море и топлото време. Хотелот со 4* кој наликува на аквариум се наоѓа на сама плажа и е опкружен со градини полни со зеленило, прекрасни базени, кристално сино море и поглед кој воодушевува и смирува. Оддалечен е само 15 минути возење од аеродромот во Хургада и 20 минути од центарот на градот. Хотелот им овозможува на гостите да уживаат во водените спортови и совршен е за сурфање. Неговата долга плажа е идеална за долги вечерни и утрински прошетки. Услуга: All Inclusive

    РАСПОРЕД НА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ СО АВИОКОМПАНИЈАТА “AMC AIRLINES” (ПОНЕДЕЛНИК & ПЕТОК)


    Летови во ПОНЕДЕЛНИК

    Поаѓање од СКОПЈЕ 06:20 часот (AMV 1258)
    Пристигнување во Хургада 09:25 часот

    Враќање од Хургада 02:01 часот (AMV 1257)
    Пристигнување во Скопје 05:20 часот

    Летови во ПЕТОК

    Поаѓање од СКОПЈЕ 06:20 часот (AMV 5358)
    Пристигнување во Хургада 09:25 часот

    Враќање од Хургада 02:01 часот (AMV 5357)
    Пристигнување во Скопје 05:20 часот

    *** Времињата на летови може да претрпат промени и истите мора да се проверат пред поаѓање.

    ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ

    1. ден СКОПЈЕ – ХУРГАДА
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите според хотелски правила (по 14:00 часот).

    од 2 до 7/10/13. ден ХУРГАДА
    Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн…).

    14. ден (враќања во ПОНЕДЕЛНИК) ХУРГАДА – СКОПЈЕ
    Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12:00 часот, или поинаку доколку хотелските правила го наложуваат тоа. Багажот се остава на рецепција. За дневно користење на собите и/или други услуги од хотелот до времето за трансфер, доколку има можност, може да се доплати на рецепција. Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот на аеродромот, два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје (наредниот ден)во раните утрински часови, или според претходно најавеното време.

    8/11. ден (враќања во ЧЕТВРТОК) ХУРГАДА – СКОПЈЕ
    Одјавување и напуштање на собите во раните утрински часови по што следува организиран трансфер до аеродромот. Предавање на багажот два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје според претходно најавеното време.”

    Ред на летање
    Скопје - ХургадаХургада - Скопје
    ТерминДенПолетуваСлетуваТерминДенПолетуваСлетува
    12.6.2019 Среда 03:40 06:30 18.6.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    19.6.2019 Среда 03:40 06:30 25.6.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    26.6.2019 Среда 03:40 06:30 02.7.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    03.7.2019 Среда 03:40 06:30 09.7.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    10.7.2019 Среда 03:40 06:30 16.7.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    17.7.2019 Среда 03:40 06:30 23.7.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    24.7.2019 Среда 03:40 06:30 30.7.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    31.7.2019 Среда 03:40 06:30 06.8.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    07.8.2019 Среда 03:40 06:30 13.8.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    14.8.2019 Среда 03:40 06:30 20.8.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    21.8.2019 Среда 03:40 06:30 27.8.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    28.8.2019 Среда 03:40 06:30 03.9.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    04.9.2019 Среда 03:40 06:30 10.9.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50
    11.9.2019 Среда 03:40 06:30 17.9.2019 Вторник / Среда 23:55 02:50

    ПРОЦЕСИРАЊЕ НА РЕЗЕРВАЦИЈА
    За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот или доколку е поинаку наведено на самата понуда која соджи одреден вид на попуст. 
    После уплатата барањето се процесира и потрврда од хотелот се добива 24 до 48 работни часа.
    Доколку Вашето барање биде потврдено ќе добиете известување за истото после што настапува периодот за доплата на Вашиот аранжман и добивање на потребните документи.
    Во случај да не биде потврден избраниот хотел, ќе Ви биде предложен друг соодветен хотел. Доколку не Ви одговара дадената алтернатива имате право на целосен повраток на уплатените средства.

    НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
    За да се направи барање за резервација е потребна уплата од 30% од вкупната цена на аранжманот. Целосната доплата на аранжманот е до 20 дена пред денот на поаѓање.
    Резервациите кои се прават по Eearly booking или друг тип на попуст подлежат на друг тип на плаќање кој е наведен на секој хотел /понуда при правење на резервацијата. 
    Доколку резервацијата се прави во период пократок од 21 ден пред почетокот на аранжманот, барање за резервација се прави со 100% уплата.
    Не придржувањето на правилата за плаќање за резервации со попуст значи губење на истиот и цената на аранжманот ќе биде променета согласно правилата за плаќање без попуст.

     

    ОПШТИ НАПОМЕНИ и ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
    Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното време на полетување. Сите времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. 
    Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. 

    Визи - патниците кои не се македонски државјани се должни сами да се информираат за визниот режим за Египет / Хургада.

    На чартер летот за Хургада е дозволен еден багаж од 20кг по лице (платежен авио билет). Во случај на надминување на дозволените килограми за багаж, организаторот нема одговорност доколку авио компанијата одлучи да му наплати на патникот за надминатите килограми.
    Во рачен багаж не е дозволено да се носат остри предмети и течности кои надминуваат 50ml, гелови, спреј или пена.

    ИЗГУБЕН БАГАЖ: Ако вашиот багаж е изгубен или оштетен, по пристигнувањето на аеродромот, информирајте го агентот на авио компанијата и локалниот претставник на партнер агенцијата на аеродром за да Ви помогнат да ги пополните потребните формулари. За обештетување во случај на оштетен или целосно изгубен багаж е надлежна авио компанијата.

    ТРАНСФЕРИ ОД / ДО АЕРОДРОМ: по пристигнување на аеродромот претставник на партнер агенцијата ќе ве пречека и ќе ве упати до автобусот (минибус, такси) за превоз до резервираниот хотел. Обврска на патникот е да се грижи за својот багаж да биде внесен во превозното срество за трансфер.
    Информацијата за  времето на поаѓање од хотел ќе биде навремено истакнато во Вашиот хотел. Ако оваа информација не е истакната Ве молиме да го контактирате претставникот на локалната партнер агенција. Ве молиме да бидете на  рецепција во хотел 15 минути пред закажаното време за трансфер. Пред тоа треба да го предадете клучот од собата и доколку имате клуч од сеф, проверете ги патните документи и платете ги вашите сметки.

    ЦЕНА ЗА ДЕЦА: Цената за деца е валидна само при сместување со две полноплатежни лица.

    • Дете до 2 години. Бесплатно. Детето на оваа возраст нема седиште во авион или кревет во хотел.
    • Детето кое има бесплатно сместување плаќа само износот на авионската карта и трансфер и има седиште во авионот, трансферот, но е можно да нема сопствен кревет.
    • Детето кое има попуст ги има сите услуги од програмата, но наместо редовно легло има дополнително легло.

    ЗАБЕЛЕШКА: При правењето на резервација задолжително е да се наведе датумот на раѓање на детето кое патува. Хотелот го задржува правото на лице место да наплати трошоци кои произлегуваат од неточно дадени податоци на патниците.
    Патниците не можат да бараат намалување на цената за оброк што не можат да го искористат во случај на рани утрински или доцни вечерни летови, како и за неискористени оброци при пријавување на екскурзии. На рецепција во хотел може да се информирате дали постои можност да ви бидат подготвени ланч пакети во денови кога ќе бидете на екскурзија.

    Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. 
    Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. 
    Распределбата на соби во хотелот се врши исклучиво на рецепција по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите. Сите Ваши дополнителни барања и желби ќе бидат испратени до партнерите, но агенцијата не го гарантира исполнувањето на истите.

    Дополнителни легла: тие се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети и се на расклопување од метална или дрвена конструкција или фотељи на отварање што може да влијае на комодитетот на сместување во Вашата соба. 

    Сместување во хотел: За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот од локалната партнер агенција. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот. Ако сакате да ја задржите собата подолго потребно е да се информирате на рецепција дали постои таква можност и исто така плаќањето за оваа услуга се прави дирекно во хотел.

    All inclusive - Се вклучено: Ве молиме во агенцијата да побарате информации за деталниот концепт на услугата се вклучено на Вашиот избран хотел.

    Постои можност  некои од содржините на хотелот во одреден момент да не се функционални поради објективни причини за што организаторот на патувањето нема одговорност. Во хотелите кои служат храна на принцип шведска маса постои можност поради недоволен број на гости, услугата да се врши на основа на мени, кое не се смета за промена на аранжманот.

    КЛИМА УРЕД: Функционирањето на клима уредот во хотелот зависи од сезоната и од деловната политика на хотелот. 

    ПАТНИ ДОКУМЕНТИ: Авионските билети, ваучерите и информативно писмо ќе Ви бидат дадени на аеродром (2 часа пред полеување) од страна на аеродромскиот претставник. По превземањето на билетите мора да направите чекирање на шалтерот на авио превозникот, предавање на багаж и пасошка контрола. 
    Планирајте го времето за патување до аеродром, поради можни сообраќајни метежи, работи на пат и слични. Агенцијата нема да биде одговорна доколку патникот не стигнал навреме на аеродром за да се пријави на летот. Во овој случај се применуваат правилата за отказ на ОПШТИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ - откажување од патувањето на самиот ден на патување при што пеналите се 100%.

    Организаторот на патување не е овластен да ја проценува важноста на патните и другите документи. Ве молиме проверете ги Вашите патни документи дали имаат важност најмалку 6 месеци од последниот датум на Вашиот престој, односно датумот на враќање назад во Македонија.
    Ве молиме информирајте се во агенцијата за деталите на патничко осигурување.

    ПРЕДСТАВНИК ОД ЛОКАЛНАТА ПАРТНЕР АГЕНЦИЈА: Представниците зборуваат на англиски јазик и тие се должни да ги пречекаат и испратат патниците во Хургада и да ги посетат во одредени денови за давање на дополнителни информации за факултативни излети или евентуална помош која им е потребна на патниците (услугите на претставникот не подразбираат целодневно или секојдневно доаѓање во Вашиот хотел).
    Во случај на несоодветно сместување или било каков друг проблем Ве молиме да го известите представникот на првиот инфо состанок или по телефон веднаш по настанувањето на проблемот. Напоменуваме дека поплаки за кои агенцијата ќе дознае последниот ден од престојот или после враќање од патувањето нема да бидат прифатени.

    Ве молиме во случај на било каква инцидентна ситуација (кражба, сообраќајна несреќа и слично) да се обратите до надлежните органи во Хургада. Организаторот на патувањето со својата партнер агенција единствено може да Ви помогне како посредник помеѓу Вас и надлежните органи.

    ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Пријавувањето и плаќањето на истите се врши на лице место.

     

    ОСТАНАТИ ЗАБЕЛЕШКИ
    Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети. 

    * Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата. 

    * Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето. 

    * Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности. 

    ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

    * 6, 9, 10 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
    * Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
    * Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
    * Организација на аранжманот

     ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

    * Аеродромски и административни такси во износ од 80 еур,  (25еур за бебе до 1.99 год)
    * Патничко здравствено осигурување
    * Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
    * Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
    * Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

     За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманските услуги.   Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. “

    ЗАБЕЛЕШКИ:

    * Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
    * Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
    * Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
    * Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
    * Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
    * Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
    * За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
    * Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
    * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
    Нехар Травел не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. 

    Ознаки за производ