ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
* 6, 9, 10 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада
* Организација на аранжманот
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
* Аеродромски и административни такси во износ од 80 еур, (25еур за бебе до 1.99 год)
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.
За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманските услуги. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. “
ЗАБЕЛЕШКИ:
* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Нехар Травел не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување.