Понуди
    Filters
    Пребарување

    Paradiski

    €399,00
    За сите љубители на мартовското скијање, оваа сезона Нехар Травел го одбра скијачкиот центар Paradiski, сместен во срцето на Француските Алпи. Сместувањето е во ски населбата Les Arcs 1800, со одлична поставеност во однос на ски терените и поврзаноста со другите ски населби и ресорти. Paradiski претставува третиот најголем скијачки центар во Франција (после Les 3 Vallées и Portes de Soleil), а се состои од три ски ресорта: Peisey-Vallandry, La Plagne и Les Arcs.

    За сите љубители на мартовското скијање, оваа сезона Нехар Травел го одбра скијачкиот центар Paradiski, сместен во срцето на Француските Алпи. Сместувањето е во ски населбата Les Arcs 1800, со одлична поставеност во однос на ски терените и поврзаноста со другите ски населби и ресорти. 

    Paradiski претставува третиот најголем скијачки центар во Франција (после Les 3 Vallées и Portes de Soleil), а се состои од три ски ресорта: Peisey-Vallandry, La Plagne и Les Arcs.

    Со вкупно 253 ски стази или 425км ски обработен терен, центарот е идеален избор за сите скијачи и бордери без разлика на нивното ниво на подготвеност. Одличниот опсег од 1200м до 3250м надморска височина, со импресивни пејзажи и панорами кон Mont Blanc, нуди огромен број интересни содржини доволни за сечиј вкус. 70% од стазите се наоѓаат на надморска височина од над 2000м, што гарантира одлична снежна покриеност и во мартовските денови.

    Скијачкиот центар располага со вкупно 160 ски лифтови, жичари и гондоли, а единствената double decker гондола во светот, Vanoise Express, се наоѓа токму тука и претставува врска меѓу ресортите Les Arcs и La Plagne. Vanoise Express, за само 4 минути, овозможува превезување на 200 луѓе помеѓу двата ресорти. 

    Сместување воLes Arcs 1800:

    -          Сместување во 5 креветни апартмани + превоз + 6 дневен SKI PASS - 419€

    Сместувањето е во избраните апартмани, а дадената цена е по лице во случај кога апартманот е исполнет во целост т.е доколку во него се сместени број на луѓе колку што има кревети во апартманот.

    Доколку во апартманот престојуваат помалку лица од предвиденото, празното легло се доплаќа, и тоа:

    -          Доплата за сместување на 4 лица во 5-креветени апартмани е 25€ по лице

    -          Доплата за сместување на 3 лица во 5-креветени апартмани е 65€ по лице

    -          Доплата за сместување на 2 лица во 5-креветени апартмани е 150€ по лице

    Програма:

    09. Март – петок. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 09:00 часот. Поаѓање за Paradiski (Les Arcs 1800) во 09:30 часот.

    Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

    10. Март – сабота. Пристигнување во Paradiski (Les Arcs 1800) во попладневните часови и сместување во апартманите. 

    11-16. Март -  Шест дневно скијање во Paradiski (Les Arcs 1800).

    16. Март – сабота. Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO непосредно пред Милано.

    17. Март - недела. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

    Во цената е вклучено:

    • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје –Les Arcs 1800 – Скопје
    • 7 дневно сместување воапартмани во Paradiski (Les Arcs 1800).
    • 6 дневен скипас
    • Можно е плаќање на три рати, а местото се смета за резервирано со уплата на депозит од 100 евра.

    Во цената НЕ Е вклучено:

    • Патничко осигурување. Секој патник треба сам да извади патничко осигурување со задолжителен додаток кој вклучува ски ризик (повреди од зимски спортови).
    • Туристичка такса. Се наплаќа на ден по лице според важечкиот ценовник, директно на рецепција, а непосредно пред превземањето на апартманите (не е повеќе од 1 евро на ден по лице - деца под 13 години не плаќаат туристичка такса)
    •  Пешкири и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7,5€ сет пешкири. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

    Напомени: 

    Постелнина и пешкири: Во цената не се вклучени пешкири и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7,5€ сет пешкири. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

    Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 300€-600€ по апартман. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од девизна или кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

    Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (40-70€ во зависност од големината на апартманот).

     ***За реализација на ова патување потребен е минимум од 45 патници. Во случај на недоволен број пријавени, агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред одредениот термин за поаѓање. 

    Ознаки за производ