Термин 06 Март
1 ДЕН 06.03.2026 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
 2 ДЕН  07.03.2026 НИЦА
Oчекувано пристигнување во  Ница околу пладневните часови. ,започнуваме со прошетка низ кралицата на Азурниот брег - Ница.  Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за  индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Сместување во хотел. Попладне можност за прошетки и индивидуални активности во Ница. Ноќевање. 
 03 ДЕН 08.03.2026  СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО
По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата...    Во попладневните часови враќање во Ница. Слободно време за одмор.   Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки  и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
 04 ДЕН 09.03.2026  АНТИБ –СВ. МАРГАРИТА -КАН :
Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)... а потоа  препорачуваме Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан, - Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња - Човекот со железна маска... тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје... Продолжуваме со прошеткам и  запознавање на монденскиот  Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината....  Слободно време за индивидуални прошетки,  кафе во кафуле со автентичен француски амбиент  или вечера во центарот на Кан. Во вечерните часови враќање во Ница.  Ноќевање.
 05 ДЕН 10.03.2026 ЕЗ – МОНАКО  - СКОПЈЕ: 
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур).  Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско  возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности. 
06 ДЕН 11.03.2026 СКОПЈЕ:  Очекувано Пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните часови.
  
ПРОМО ЦЕНА за рана резервација до 30.12.2025: 269 € / 16.680 ден 
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  299 € / 18.540 ден
 
 
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
- Сместување во Ница, во Hotel Monsigny 3* , на база 3 ноќевања со појадок
- Разглед на Ница  
- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
-  Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
-  Посета на Ст. Тропе (50€)
-  Посета на Ница и Антиб(50€)
-  Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (50€)
-  Задолжителна посета на Монако последниот ден (40€)
-  Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан (брод + влезница за музејот)- (30€)
Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња - Човекот со железна маска... тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ  Азурен брег - 190€
- Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
- Доплата за избор на седиште 20€ 
- Доплата за празно седиште 150€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- ПРОМО цената е важечка со резервација на пакет излети
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
-  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
-  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
 НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18,  Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk