Термин: 10 Октомври
1 ден 10.10.2025 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 15.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 15.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 11.10.2025 БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Ноќевање.
3 ден 12.10.2025 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА СО аутлет шопинг центарот PARNDORFF
Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Предлагаме крстарење со брод по Дунав . Враќање во хотел. Ноќевање
4 ден 13.10.2025 БУДИМПЕШТА - БРАТИСЛАВА - GYOR
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Братислава и Ѓор. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето го продолжуваме накај Ѓор, град во Западна Трансданубиа, лежи на средината на златниот триаголник, помеѓу Братилава, Будимпешта и Виена... наречен Град на Барокот, бидејќи во стариот дел на градот ќе се воодушевувате на безброј монументални градби и скулптури од 18-ти век. И чќе уживате во атмосферата на малите ресторанќиња, пабови и барови. Враќање во хотел. Ноќевање.
10 ден 14.10.2025 БУДИМПЕШТА - ЕСТЕРГОМ - СЕНТ АНДРЕА
Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Препорачуваме целодневен факултативен излет до Естергом и Сент Андреа- некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Продолжуваме со посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 15.10.2025 СКОПЈЕ
Планирано пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.07.2025: 199 €/ 12.340 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 €/ 14.820 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 денари (цената важи за лица до 60 години)
- Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 20€(се плаќа во агенција)
- Туристичка такса 3€ по лице на ден (се плаќа во агенција)
- Крстарење по Дунав 25€
- Посета на Сент Андреа и Естергом 35€
- Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 55€
- Посета на Братислава и Ѓор 45€
***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ –Крстарење – Виена со Парндорф – Сент Андреа и Естергом, Братислава и Ѓор - 150€
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
- Доплата за избор на седиште 20€
- Доплата за дополнително седиште 150€
- Доплата за еднокреветна соба 4.500 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје Teл: 02/3 13 10 45
Моб: 071 380724e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk