(ЕЗЕРО АТЕР –САЛЗБУРГ - ИНСБРУК – ЛИХТЕНШТАЈН - СВАРОВСКИ)
Термин 06 Март
1 ден 06.03.2026 СКОПЈЕ – ИНСБРУК
Состанок на групата во 09:00ч. на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски. Денско и ноќно возење преку Србија, Словенија... со кратки попатни паузи за одмор и гранични формалности.
2 ден 07.03.2026 ЕЗЕРО АТЕР (КАМЕР) – САЛЗБУРГ
Пристигнување на Езерото Атер (Attersee) во претпладневните часови. Посета на туристичкиот центар Камер, еден од најубавите градови на езерото. Во овој град престојувал сликарот Густав Климт, на кого сега му е посветен Културниот центар (факултативна посета). Слободно време за прошетка по шеталиштето и уживање во атмосферата. Престој на езерото во времетреање од 2 часа. Продолжување на патувањето кон Салзбург. По пристигнувањето заминуваме на разглед на градот – пешачка тура( факултативно): Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил,надбискупска резиденција.... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2026 САЛЗБУРГ – ИНСБРУК
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон Инсбрук. По пристигнувањето, Сместување во хотел. По краткиот одмор заминуваме на разглед на центарот : главната улица Марија Терезија, Градското собрание, Landhaus, Градската кула, куќата со златниот покрив, Hof црквата, катедралата, Hofburg царската палата... Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден 09.03.2026 ИНСБРУК - ВАДУЦ ( ЛИХТЕНШТАЈН)
Појадок. Полудневен факултативен излет до Кнежевството Лихтенштајн и главниот град Вадуц (поаѓање во 08:30 часот / враќање околу 16:00 часот). По пристигнувањето во Вадуц, следи кратка прошетка по прекрасната пешачка зона која е декорирана со многу интересни споменици. Панорамски разглед на дворецот на кнежевството. Слободно време за индивидуални активности по препораки на вашиот водич (посета на Националниот музеј на Лихтенштајн, посета на ризницата на кнезовите од Лихтенштајн со кралските скапоцени камења, можноста за организирање посета на Кралската винарска визба...). Престој во Вадуц од вкупно 3 часа. Враќање во Инсбрук. Слободно време во центарот на градот ... Поаѓање од центарот на градот кон хотелот во вечерните часови. Ноќевање
5 ден 10.03.2026 ИНСБРУК - ВАТЕНС / КРИСТАЛНИОТ СВЕТ НА SWAROVSKI – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотел . Препорачуваме посета на Кристалниот свет на Сваровски... се упатуваме кон градот Ватенс (Wattens). Неверојатениот микс на луксузни кристали и бајковити градини нема да Ве остават рамнодушни... Пред две децении, брендот „Сваровски“ беше познат по колекционерските фигури и фустани со 10.000 кристали во кој Мерлин Монто во 1962 година му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес, „Сваровски“ е водечки светски произведувач на брусени кристали и има 2.200 продавници ширум светот, а нивните кристали ги красат и креациите со потпис Армани.
Зелениот брег во облик на глава со очи од кристали и водопадот кој излегува од уста е „чувар“ на капијата на Сваровски музејот во австрискиот алпски град Ватенс. Уникатна капија за влез во фантастичниот и уникатен кристален свет...Можност за купување накит од Swarovski кристалите по фабрички цени во продажниот бутик. Во договорено време заминување за Македонија...Ноќното возење преку Словенија и Србија...
6 ден 11.03.2026 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.12.2025: 379 евра / 23.500 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 439 евра / 27.220 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со туристички автобус на наведените релации
- 1 ноќевање со појадок во хотел 3*, во регионот на Салзбург
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3*, во регионот на Инсбрук;
- Пратител од агенцијата за време на целото патување;
- Организациски и реализација на програматa
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Влезници за музеите и други туристички објекти;
- Факултативните излети: (минимум 30 пријавени лица за секој од понудените излети)
- Разглед на Салзбург и езерото Атер - 30 €
- Разглед на Инсбрук со водич 20 €
- Целодневна екскурзија Лихтенштајн – ( превоз, разглед на градот и услуги на пратител) - 50€
- Кристалниот свет на Swarovski – (превоз, влезница за посета на Светот на кристалите и услуги на пратител) - 60 €
- Индивидуални трошоци
- Патничко осигурување 350 ден.
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk