Термин 06 Март
1 ден 06.03.2025 СКОПЈЕ
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:00 часот.Поаѓање за Верона во 10:30 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце.Патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден 07.03.2025 OUTLET FRANCIA CORTA - МИЛАНО -
Планирано пристигнување во шопинг центар FRANCIA CORTA,во, предпладневните часови. Слободно време за шопинг. Патувањето продолѓува накај Милано. По пристигнувањето одиме на факултативен разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот... Слободно време за индивидуални прошетки... Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2025 МИЛАНО - ЏЕНОВА
Појадок. Предлагаме целодневен излет до Џенова... вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот ( под заштита на УНЕСКО)- Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг . Враќање во Милано. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
4 ден 09.03.2025МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО
Појадок. Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод покрај некои од познатите вили. Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.
5 ден 10.03.2025МИЛАНО –СИРМИОНЕ- СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Слободно претпладне во центарот на Милано Во договор со водичот патувањето продолжува кон Сирмионе - езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето кон Скопје продолжува преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.
6 ден 11.03.2025СКОПЈЕ
Пристигнување Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 28.12.2024: 229 евра / 14.200 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра / 15.440 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Милано
- Посета на OUTLET шопинг центар FRANCIA CORTA
- Организација и водство на програмата
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 350 денари
- Разглед на Милано 20€
- Факултативен излет за Лугано и Комо 60€
- Крстарење по езерото Комо(30мин) 20€
- Посета на Џенова 50€
- Задолжителна посета на Сирмионе 20€
- Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден
- Доплата за избор на седиште 20€
- Доплата за дополнително седиште 150€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Пасошот треба да има важност минимум 3 месеци по завршување на патувањето.
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk