Термин 10 Февруари
1 ден10.02.2023: СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски, во 09:30ч. Поаѓање на автобусот 10:00ч. Се патува преку Србија. Денско и ноќно возење со попатни паузи
2 ден 11.02.2023: ПРАГА:
Очекувано пристигнување во Прага во предпладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градотсо водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден12.02.2023: ПРАГА – ДРЕЗДЕН:
Појадок.Предлагаме целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага . Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Ноќевање.
4 ден 13.02.2023: ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5ден 14.02.2023 : СКОПЈЕ:
Очекувано пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 20.01.2023: 139 евра / 8.620 денари
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 евра / 9.860 денари
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје
- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага
- Посета и разглед на Виена
- Организација и водство на програмата
- Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително патничко здравствено осигурување 175 мкд
- Разглед на Прага со локален водич (20€)
- Факултативен излет Дрезден (40€)
- Крстарење со брод по В лтава (20€)
- Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма (50€)
- Туристичка такса 1 евро по лице на ден
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба 3.500 ден
НАПОМЕНИ
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Редоследот на седење е според редослед и датум на уплата
- Доплата за седиште по избор 10€
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Никола Тримпаре бр.10, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk