ТЕРМИН: 06 Март 2024
1 ден 06.03.2025 СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во договорено време ( за група мин. 10 лица). Полетување за Истанбул во 10:50ч. Пристигнување во Истанбул во 14:20ч. Трансфер до хотел. Ноќевање.
2 ден 07.03.2025 ИСТАНБУЛ
Започнува магијата... Истанбул од 1001 ноќ...
ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ:
Панорамско разгледување на градот со автобус: Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар...
ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува традиционални кондиторски производи.
Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.
Попладне продолжуваме со магијата на Истанбул.
СУЛЕЈМАНИЈА и кулата Сафир
СУЛЕЈМАНИЈА џамија - Сулејмановата џамија заедно со Селимовата џамија („Селимија“) во Едрене, спаѓаат во групата на т.н. „султански џамии“ и е втората по големина џамија во Истанбул, а денеска претставува една од најпосетените туристички атракции на градот.
Сулејманова џамија била изградена по наредба на Сулејман I, и е изградена од страна на големиот османлиски архитект Мимар Синан. Изградбата на џамијата започнала во 1550и истата била завршена во 1557, при кое свечено била отворана на 16 Август истата година. Синан, како архитектонска замисла ја зел византиската Света Софија. Всушност Света Софија, која била претворена во џамија во времето на Мехмед II, послужила како модел за многу отомански џамии во Истанбул. Сепак, Синан врз Сулејмановата џамија користел поголема симатричност, рационалност и прозрачност. За дизајнот на
Сулејмановата џамија исто така одиграл голема улога и самиот Султам Сулејман Величенствениот, кој свесно себеси се претставувал како "вториот Соломон." Таа во голема мера наликува на Златната купола, која е изградена на местото на Храмот на Соломон, при кое султанот ги “прекратил“ зборовите на Јустинијан I, кој ги ги изрекол при изградбата на црквата Света Софија: „Соломоне, јас те надминав"
САФИР – облакодер: Ве водиме до највисоката зграда во Европа, 236 м. Експресниот лифт ве искачува до прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед: Истанбул на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул и културно историските споменици, неверојатно доживување.
Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 08.03.2025 ИСТАНБУЛ
Појадок. Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.
ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА: Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува Резиденционалниот дел од Палатата.
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi” палатата... Ќе уживате во прекрасниот поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии...
ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата црква АЈА СОФИЈА , можност да влезете во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење. Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел.
Вечерта можност за ноќно крстарење по Босфор со вечера и шоу програма. Незаборавно доживување!
Ноќевање.
4 ден 09.03.2025 ИСТАНБУЛ
Појадок. Ден предвиден за релаксирани излети
Предпладне: ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ: Пловите со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: некогашната коњска кочија –Пајтон е заменета со електрични возила, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период... остров на кој императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме ручек во еден од многуте рибни ресторани.
АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.
Кадиќој - Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, една од најпознатите Истанбулски населби, колоритни улички полни со дуќани за сувенири, локална вкусна храна и слатки, , меани, пабови, цркви и џамии... Слободно време за ручек и индивидуални прошетки.
Ускудар: еднa од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар се наоѓа Моминската кула.
Чамлиџа џамија доминира на брдото на кое е изграден, а е видлива речиси од сите агли на Истанбул. Овој мегапроект кој е инициран од сегашниот претседател Ердоган, е отворен во 2019 год и чинел 110 милиони Американски долари. . Има капацитет за 63.000 верници и во себе вклучува музеј, ликовна галерија, библиотека, сала за собири и подземно паркиралиште за 3.500 возила.
Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.
Ноќевање.
5 ден 10.03.2025 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот , напуштање на хотелот. Магијата од 1001 ноќ продолжува.
ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.
Трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 16:10ч. Пристигнување во Скопје 15:40ч.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 299 €/ 18.540 ден.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски билет Скопје- Истанбул- Скопје
- Трансфер Аеродром – Хотел - Аеродром
- Сместување во хотел Grand Halic 4*, Tаксим*, на база 4 ноќевањасо појадок
- Капали чаршија
- Кабински багаж со димензии 40*30*15 (максимум 3кг.)
- Професионален туристички пратител на групата за група над 10 лица
ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Факултативни излети:
- Панорамски разглед на европски Истанбул – 10€
- Крстарење по Босфор – 20€
- Азиски Истанбул – 35€
- Пјер Лоти и Златен Рог: – 15€
- Сулејманија + Сафир - 45€
- Вечера со шоу програма – 60€
- Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел вклучена влезница) – 50€
- Крстарење кон Принцеските острови – 30€
ЕВРОПСКИ ПАКЕТ: Сулејманија + Сафир+ Пјер Лоти : 70 €( со вклучени влезници )
АЗИСКИ ПАКЕТ: Азиски Истанбул + Крстарење Принцески : 60 €
ИСТАНБУЛ КОМБО ПАКЕТ: Европски пакет + Азиски пакет + панорамски разглед + Крстарење по Босфор: 150 €
ИСТАНБУЛ FULL ПАКЕТ: Европски пакет + Азиски пакет + панорамски разглед + Крстарење по Босфор + влезница за Долма Бахче палата (со локален водич) + вечера со шоу програма на брод на Босфор со ноќно крстарење: 260 €
- Туристичка такса 8€ за целиот престој, по лице ( се плаќа во агенција
- Чекиран багаж до 12 кг - 25€ по лице ( доплатата за багаж се однесува за сите патници по пријавата)
- Патничко осигурување 350 мкд
- Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд
НАПОМЕНА:
- За реализација на програмата потребни се минимум 2 лица
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
- Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
- За патувањето важат општите услови на Нехар Травел
Пријатно патување ви посакува екипата на Нехар травел.
НЕХАР ТРАВЕЛ СКОПЈЕ “A” ЛИЦЕНЦА
Ул. Никола Тримпаре бр. 10 , Скопје
Тел. 02/31 31 045 , 071 380 724
Mail: info@nehartravel.com.mk
Web: nehartravel.com.mk