* Ве водиме во LES 2 ALPES.Овој живописен, спортски и модерен меѓународен ски-центар е меѓу најголемите и најпознатите во светот. Изграден во 1946 година на некогашните високи пасишта каде се среќаваат северните и јужните Алпи.
* LES 2 ALPES е на висина од 1250-3568 м со 220 км беспрекорно подготвени ски патеки. Скијалиштето е познатопо своите долги и широки ски патеки за сите категории на скијачи. Од градчето поаѓаат многу гондоли и жичари до кои лесно доаѓате. Градчето го двои скијалиштето на 2 дела: 80% се наоѓа на северна страна и 20% на јужна страна со црвени стази. Стазите кои се најблиску до градот се најтешки а на повисоко има повеќе благи стази.
* LES 2 ALPES е познат и по најтешката црна ски патека Grand Colouire кое почнува на 2813 м и се спушта на 2400 м.Стазата не се средува со Ратраци и е со многу неравна, многу стрмна и со бочен нагиб на кој има стени со многу снег. Можност од мали (поголеми) лавини да поминат по патеката.
* ГЛЕЧЕР:Тука е и највисокиот ски глечер во Европа на 3600 м. каде се скија во текот на целата година. Се доаѓа со ски воз кој оди под глечерот На врвот има пештера во која се влегува 10-20 м. во самиот лед. Тука воледот се извајани фигури во размер 1:1 (диносаурус, поларна мечка, пингвини, бисти на познати Французи...)
* Аpress-ski: Местото е омилено помеѓу скијачите, посебно младите, поради својот ноќен живот и познатите apress-ski забави. Забавата почнува во Pano барот на скијалиштето во 15.00, па во 17.00 се сели во градчето, а се завршува во прочуената таверна Smithis или дискотеката Avalanche до утринските часови.Најавено е отварањето на Градскиот базен за оваа сезона.
* Ако сте во потрага за незаборавна зимска идила, дишејќи чист воздух и опкружени со прекрасна глетка,
LES 2 ALPESе вистинско место за вас.
|
Термин:
|
LES 2 ALPES
|
од 749€
|
|
30.01.2026
|
Ski F R A N C E 2026
|
|
LES 2 ALPES
|
|
16.01.2026 |
|
Тип на сместување
|
Макс. број на лица
|
|
|
RESIDENCE
|
4
|
3
|
2
|
1
|
|
"PLEIN SUD A и B" Студио + Кабина за 4 лица
|
749
|
799
|
899
|
1269
|
|
"MEIJOTEL A и B" Студио + Кабина за 4 лица
|
769
|
829
|
949
|
1319
|
|
"COTE BRUNE IV" Студио + Кабина за 4 лица
|
749
|
799
|
899
|
1269
|
|
"COTE BRUNE IV" Апартман, 2 соби за 4 лица
|
799 |
879 |
1029 |
1389
|
|
"COTE BRUNE II" Студио + Кабина за 4 лица
|
759 |
819 |
939 |
1309
|
|
"COTE BRUNE II" Апартман, 2 соби за 4 лица
|
779 |
839
|
959
|
1339 |
|
"COTE BRUNE V" Студио + Кабина за 4 лица
|
759 |
819
|
939
|
1309 |
|
"TYROL" Студио + Кабина за 4 лица
|
749
|
799
|
899 |
1269 |
|
"TYROL" Студио + Кабина за 4 лица
|
759
|
819
|
939 |
1309 |
|
"DIAMANT II" Студио + Кабина за 4 лица
|
759
|
819
|
939 |
1309 |
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мк
Програма:
1.ден-петок 30.01.2026, СКОПЈЕ - LES 2 ALPES : Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES. во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалност и. Ноќно возење.
2 ден-сабота LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3 – 8 ден LES 2 ALPES: Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.
9. ден-сабота LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10 ден – недела 08.02.2026 СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.
Во цената на пакет аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– LES 2 ALPES –Скопје
- 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во LES 2 ALPES
- 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES
- 6 дневен ски пас за LES 2 ALPES, овозможува скијање и во долу наведените ски центри, без посебна надокнада за ски карта. Нехар травел ќе организира посета на еден или повеќе ски центри, доколку постои заитересираност на групата, со посебна доплата за превоз на лице место. Минимум 30 учесници по тура.
- 1 day skipass: Alpes D’Huez, Serre Chevalier, Puy St Vincent, Montgenèvre/Voie Lactée/Sestrière:
- Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден. Агенцијата го обезбедува.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
- Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2 €. Се плаќа во денари во агенција.
- Еднодневен автобуски излет до еден од околните Ски центри, во зависност од временските услови: 20 € (се плаќа кај водичот)
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
- First minute цени според табелата е за уплати најдоцна до 01.12.2025
- За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А”бр.УГИ-69-653, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз. .
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 15.Декември 2025. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до 01 Декември 2025.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање. .
- БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус. .
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 15.12.2025. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошоци.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот.За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:
Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
> Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 10% од цената
> 12 - 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
> 8 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
> 4 недели пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 15€ - единечна постелнина или 17€ -брачна постелнина и 15€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 6€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи. Цените се информативни.
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 600€ по Студио за 4 лица, Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. За точната цена на депозитот и начин на плаќање, информации во агенција, 1 месец пред тргање.
- SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Цена за чистење: Студио за 4 лица:71€, Студио со кабина за 4 лица: 81€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 98€. Цените се информативни.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- Влез во објект: од 17.00 Напуштање на објект: 08.00 – 09.30 .
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
Генерален опис на Студиата и Апартманите во LES 2 ALPES
Студиата и апартманите се распоредени низ местото, на просечна оддалеченост од околу 50-200 метри од ски лифтовите. Сите генерално се опремени со: * Дневна соба со маса и столици, софа која се претвара во 2 лежаја ТВ * Кујна со шпорет или микробранова печка, керамички плочи, машина за миење на садови, фрижидер, кујнски прибор. * Кревети на спрат во влезен дел * спална соба кај апартманите * Купатило со када и лавабо * Посебна просторија за тоалет.
Residence "MEIJOTEL" SKI IN- SKI OUT
Резиденцијата "MEIJOTEL" ви ветува конфорно сместување во своите студиа и апартмани, на само неколку метри од ски стазите и гондолите. Навистина, почетокот нановата JANDRI EXPRESSгондолата е веднаш до резиденцијата. Тука е и собиралиштето за Ски школата. "MEIJOTEL" е сместен во средината на ски ресортот, многу продавници и ресторани се во непосредна близина. Шкафчиња за скии/борд и чевли во приземје.
JANDRI EXPRESS гондолата ве искачува до Глечерот на скијалиштето и до специјалниот видиковец на надморска висина од 3200 м. од каде ќе уживате во 360 степени глетка на планинскиот масив ECRINS.
* СТУДИО "MEIJOTEL А" за 4 лица , 30м2, 2-ри спрат, балкон, југ, поглед кон ски падините:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај за 2 лица (160х200 см), маса, столици. ТВ.
Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, 2 керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, тостер, ел.бокал...
Спална:Посебна мала просторија во влезен дел со 3 единечни кревети (80х190 см)на спрат, одвоена со врата од дневната соба.
Купатило: када, лавабо. Тоалет: посебна просторија
* СТУДИО "MEIJOTELB" за 4 лица , 29м2, 7-ми спрат, балкон, југ, поглед кон ски падините:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај за 2 лица (140х200 см), маса, столици. ТВ.
Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, 4 керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, тостер, ел.бокал, сет за фонду.
Спална:Посебна мала просторија во влезен дел со 1 голем кревет (140х190 см) за 2 лица, + 1 единечен кревет (90х190 см) на спрат, одвоена со врата од дневната соба.
Купатило: када, лавабо.Тоалет: посебна просторија
Residence "COTE BRUNE" SKI IN- SKI OUT Резиденцијата "COTE BRUNE" се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes. Оддалечено е 50 м. од ски патеките и 200 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.JANDRI EXPRESS гондолата ве искачува до Глечерот на скијалиштето и до специјалниот видиковец на надморска висина од 3400 м. од каде ќе уживате во 360 степени глетка на планинскиот масив ECRINS.
* АПАРТМАН "COTE BRUNEII " ** за 4 лица , 30м2, 2-риспрат, балкон, југо-западна страна со поглед кон планините и ски терените.:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај за 2 лица (130х190 см) маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- микробранова печка, 2 керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, кафе машина, тостер....
Спална: Мала просторија со 1 голем кревет (140х190 см).
Купатило: туш кабина, лавабо, тоалет
* СТУДИО "COTE BRUNE V" *** за 4 лица , 30м2, балкон, 3-ти спрат, јужна страна со поглед кон планините и ски терените.:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај (140х200 см) за 2 лица, маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- микробранова печка, 2 керамички рингли, фрижидер, машина за миење на садови, кафе машина, ел.бокал, сет за фонду..
Спална: Мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети (90х190 см)на спрат, одвоена од дневната соба со врата.
Купатило: када, лавабо. Тоалет: посебна просторија
* АПАРТМАН "COTE BRUNE IV" * за 4 лица , 26м2, нема балкон, 6-ти спрат, северо-источна страна:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај за 2 лица, маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- микробранова печка, 2 индукциони рингли, фрижидер, машина за миење на садови, кафе машина, ел.бокал, сет за фонду..
Спална: Мала просторија во влезен дел со 2 единечни креветина спрат. Просторијата е одвоена од дневната соба со врата.
Купатило: туш, лавабо, тоалет.
* СТУДИО "COTE BRUNE IV" * за 4 лица , 30м2, балкон, приземје, јужна страна, поглед кон ски терените:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај за 2 лица, маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови, кафе машина, ел.бокал, сет за фонду..
Спална: Мала просторија во претсобје со 2 единечни креветина спрат. Просторијата е одвоена од дневната соба со врата.
Купатило: када, лавабо.Тоалет: посебна просторија.
Residence "PLEIN SUD" SKI IN- SKI OUT
Резиденцијата "PLEIN SUD A" се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes. Оддалечено е 30 м. од ски патеките и 50 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.
* СТУДИО "PLEIN SUD A" за 4 лица , 27м2, балкон, приземје, јужна страна> поглед кон ски терените.:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во 2 единечни лежаји, маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, кафе машина.
Спална: Мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети на спрат, одвоена со врата од дневната соба.
Купатило: туш кабина, лавабо. Тоалет: посебна просторија
* СТУДИО "PLEIN SUD B" за 4 лица, 29м2, балкон, 4-ти спрат, јужна страна> поглед кон ски терените.:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара лежајза 2 лица (120х190 см), маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, кафе машина, машина за миење на садови, тостер.
Спална: Мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети (80х190 см)на спрат.
Купатило: када, лавабо. Тоалет: посебна просторија
Residence "TYROL" SKI IN- SKI OUT
Резиденцијата "TYROL" се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes. Оддалечено е 50 м. од ски патеките и 200 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.
* СТУДИО "TYROL " за 4 лица , 32м2, балкон, приземје, јужна страна> поглед кон ски терените.:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај за 2 лица, маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- 2 електрични рингли, мини рерна, фрижидер, кафе машина, машина за миење на садови, тостер, сет за фонду, микробранова печка.
Спална: Мала просторија во влезен дел со 1 голем кревет (160х200 см) +1 единечни кревети на спрат.
Купатило: туш, лавабо. Тоалет: посебна просторија
* СТУДИО "TYROL Tyrol " за 4 лица , 30м2, балкон,4-ти спрат, јужна страна> поглед кон ски терените.:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај (130х190 см) за 2 лица, маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- 4 електрични рингли, рерна, фрижидер, кафе машина, машина за миење на садови, тостер, микропечка, сет за фонду.
Спална: Мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети (80х190 см) на спрат.
Купатило: туш кабина, лавабо. Тоалет: посебна просторија
* СТУДИО "TYROL " ** за 4 лица , 32м2, балкон,4-ти спрат, јужна страна> поглед кон ски терените.:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во 2 лежаја, маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- 2 керамички рингли, мини рерна, фрижидер, кафе машина, машина за миење на садови, тостер.
Спална: во влезен дел од Студиото, со 2 единечни кревети на спрат. Отворено кон дневната соба.
Купатило: када, лавабо. Тоалет: посебна просторија
Residence "DIAMANT II"
Резиденцијата "DIAMANT II" се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes. Оддалечено е 50 -300 м. од ски патеките и 250 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Резиденцијата е на 50-100 м. од продавниците, киното, ноќни клубови.
* СТУДИО "DIAMANT II " *** за 4 лица , 32м2, балкон,1-ви спрат, источна страна> поглед кон ски терените.:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во голем лежај за 2 лица, маса, столици. ТВ.
Кујна: отворена кон дневна соба- 2 електрични рингли, мини рерна, фрижидер, кафе машина, машина за миење на садови, тостер.
Спална: во влезен дел од Студиото, 2 единечни кревети на спрат. Просторијата има врата кон дневната соба. Купатило: када, лавабо. Тоалет: посебна просторија
КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ LES 2 ALPES
Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да гресорт.и поврзете свијоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 м. и оди до до селото Mon de Lans на 1300 м. Сето ова без и еднаш да користите ски лифтови. Les 2 Alpes е Ski In-Ski out ресорт. Ресортот секоја година обновува и поставува нови ски лифтови. Кај Snowpark-от е поставен нов ски лифт Le Dome Sud на задоволство на сите, посебно шампионите по Freestyle.
Ски патеки Без оглед на вашата возраст, ниво или физичка подготвеност, без разлика дали сте љубители на скијањето, бордањето или телемарк.... тука уживањето во снежните спортови е загарантирано. Скијачката област е поделена на 7 различни сектори, 40 лифтови и 80 патеки (13 зелени, 43 сини, 15 црвени и 9 црни , за сечие задоволство!
Новата Гондола JANDRI EXPRESS, која 2025 година ја замени старата, е неверојатно уникатно доживување. Со 32 седишта, 360 степени панорамски поглед, ве носи од 1600 м.нв. до 3200 метри н.в. ( меѓустаница на 2600 мнв, за само 17 мин (старата Гондола за 40 мин). Капацитет од 3000 скијачи за 1 час.
https://www.youtube.com/watch?v=2zpb1wOHk1U
Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да ги поврзете свиоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 метри и оди до селото Мон де Ланс на 1300 метри. Сето ова без еднаш користење на ски-лифтовите. Поаѓање и враќање во ски-центарот. Во однос на исклучителен домен, доменот 2 Alpes нуди целосно исклучување и повторно поврзување.
https://www.les2alpes.com/app/uploads/les-deux-alpes/2024/12/2025-Plan_Hiver.jpg
Le Diable патеката на 2400 м, црвено-црна за понапредни скијачи, се спуштате по “Големите падини “ како мештаните ја нарекуваат патеката. Упатете се право надоле низ елките.... овој сектор е омилен кај добрите и многу добрите скијачи.
Највисока излезна станица: 3558 м/нв. Најниска појдовна станица: 1280 м/нв.
Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.
- 78км (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки, сите беспрекорно обработени,
- Многубројни модерни и брзи ски лифтови..
- Cross county патеки: 25 km.
- Глечер Les 2 Alpes работи во текот на цела година.
- Off-piste: Извонредни услови за free-ride. Посебно теренот La Grave, наменет исклучиво за нив. (Напомена: основното ски осигурување не покрива евентуална повреда на овие патеки.)
Snowpark 3200 – еден од најдобрите во Европа. Долгогодишното искуство,многубројни елементи кои ги има и можност да се користи во тек на цела година, го прави еден од најдобрите во Европа.
Топови за вештачки снег: преку 200.
Ски сезона: Од крај на Ноември па се до Јуни
Apres ski – Штом падините се затворат за тој ден, одморалиштето оживува. Прошетајте по улиците јадејќи свежо направена вафла или вкусна торта, направете шопинг или застанете во бар за да уживате во среќен час со пријателите.. Да вака изгледаат празниците во Les 2 Alpes.
Најдете токму она што го барате! Вкусна палета на ресторани. Од тематска кујна до гастрономски ресторани, традиционални или планински вкусови до вегетаријански менија, јадење, достава до дома....
Одморот во планините е истотака за одвојување на време за шопинг на легендарната авенија dela Mayul во одморалиштето и околните улици. Откријте ја најновата модна облека, скии, бордови....... и за крај уживајте во домашните чоколада и одлични регионални производи.
За Ски сезона 2025/26, најавено е пуштање на Градскиот затворен базен.
Повеќе информации за ски центарот може да видите на следниот линк
https://www.les2alpes.com › winter
НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!