Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Les 2 Alpes 05.01.2024

    €489,00
    Традиционално, и оваа зима со Нехар Травел скијајте во најголемите ски центри во Франција. * Ве водиме во LES 2 ALPES. Овој живописен, спортски и модерен меѓународен ски-центар е меѓу најголемите и најпознатите во светот. Изграден во 1946 година на некогашните високи пасишта каде се среќаваат северните и јужните Алпи.

    Традиционално, и оваа зима со Нехар Травел зимувајте во најголемите ски центри во Франција.
    * Ве водиме во LES 2 ALPES. Овој живописен, спортски и модерен меѓународен ски-центар е меѓу најголемите и најпознатите во светот. Изграден во 1946 година на некогашните високи пасишта каде се среќаваат северните и јужните Алпи.
    * LES 2 ALPES е на висина од 1250-3568 м со 220 км беспрекорно подготвени ски патеки. Скијалиштето е познато по своите долги и широки ски патеки за сите категории на скијачи. Од градчето поаѓаат многу гондоли и жичари до кои лесно доаѓате. Градчето го двои скијалиштето на 2 дела: 80% се наоѓа на северна страна и 20% на јужна страна со црвени стази. Стазите кои се најблиску до градот се најтешки а на повисоко има повеќе благи стази.
    * LES 2 ALPES е познат и по најтешката црна ски патека Grand Colouire кое почнува на 2813 м и се спушта на 2400 м.Стазата не се средува со Ратраци и е со многу неравна, многу стрмна и со бочен нагиб нат кој има стени сомногу снег. Можност од мали (поголеми) лавини да поминат по патеката.
    * ГЛЕЧЕР:Тука е и највисокиот ски глечер во Европа на 3600 м. каде се скија во текот на целата година. Се доаѓа со ски воз кој оди под глечерот На врвот има пештера во која се влегува 10-20 м. во самиот лед. Тука воледот се извајани фигури во размер 1:1 (диносаурус, поларна мечка, пингвини, бисти на познати Французи...)
    * Аpress-ski: Местото е омилено помеѓу скијачите, посебно младите, поради својот ноќен живот и познатите apress-ski забави. Забавата почнува во Pano барот на скијалиштето во 15.00, па во 17.00 се сели во градчето, а се завршува во прочуената таверна Smithis или дискотеката Avalanche до утринските часови.
    * Ако сте во потрага за незаборавна зимска идила, дишејќи чист воздух и опкружени со прекрасна глетка,
    LES 2 ALPES е вистинско место за вас.

    Термин:

    LES 2 ALPES  

    од 489

     05.01.2024

                        Ski F R A N C E  2024

     Цените се со вкалкулиран попуст за рана резервација до 20 Ноември 2023

    LES 2 ALPES

    Максимален број на лица                            

    8

    7

    6

    5

    4

    3

    2

     СТУДИО "MEIJOTEL"                  4 лица

    489

    539

    599

     АПАРТМАН 2 соби "MEIJOTEL"        6 лица

    519

    549

    589

    649

     АПАРТМАН 3 соби "MEIJOTEL"        8 лица

    529

    539

    569

    599

    659

    *Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мк

    Програма:

    1.ден-петок, СКОПЈЕ - LES 2 ALPES : Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES. во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
    2 ден-сабота LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
    3 – 8 ден LES 2 ALPES: Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.
    9. ден-сабота LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
    10 ден – недела СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.
    Во цената на пакет аранжманот е вклучено:
    • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– LES 2 ALPES –Скопје
    • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во LES 2 ALPES
    • 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES

    • *6 дневен ски пас за LES 2 ALPES, овозможува скијање и во долу наведените ски центри, без посебна надокнада за ски карта. Нехар травел ќе организира посета на еден или повеќе ски центри, доколку постои заитересираност на групата, со посебна доплата за превоз на лице место. Минимум 30 учесници по тура.
    • 1 day skipass Serre Chevalier, Puy St Vincent, Montgenèvre/Voie Lactée/Sestrière 20 евра по лице за 1 ден за едно скијалиште во договор со водичот, во зависност од временските услови.
    • 2 days ski pass Alpe d'Huez: 15 евра по лице за 1 ден
    • Туристички пратител за време на турата

    Во цената на пакет аранжманот НЕ Е вклучено:
    • Постелнина и крпи.
    • Завршно чистење на апартманите.
    • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден.
    • Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција, во денари.

    • За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).

    Важни завршни напомени
    1. Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и повратен автобуски превоз.

    2. РЕЗЕРВАЦИЈА:

    • Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 10.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 01.Декември 2023. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
    • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
    • Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
    • Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
    Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
    3. Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
    4. За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
    5. Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
    6. Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ) за кои агенцијата не може да влијае.

    7. FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот.
    После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.
    8. Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
    9. Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
    10. Распоредот на седишта во автобус е според времето на уплата.
    11. Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
    12. Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (01.12.2023) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.

    ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
    13. Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае.
    > Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
    i. Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
    ii. 8 – 6 недели пред поаѓање: 30% од цената
    iii. 6 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
    iv. 4 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената

    14. Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 14€ (единечна постелнина со јастучница)-16€ (брачна постелнина со јастучници) и 14€ сет крпи ( 2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 5€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
    15. Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD). Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.
    16. Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
    17. Цена за чистење: Студио за 4 лица:75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 95€. Овие услуги мора да се нарачат 10 дена пред пристигнувањето, во агенција и истите се плаќаат на лице место.
    18. Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.

    19. ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
    Влез во објект: 16.00 – 18.00 Напуштање на објект: 08.00 – 10.00

    НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!
    Генерален опис на Студиата и Апартманите во LES 2 ALPES
    Студиата и апартманите се распоредени низ местото, на просечна оддалеченост од околу 50-200 метри од ски лифтовите. Сите генерално се опремени со: * Дневна соба со маса и столици, софа која се претвара во 2 лежаја ТВ * Кујна со шпорет или микробранова печка, керамички плочи, машина за миење на садови, фрижидер, кујнски прибор. * Кревети на спрат во влезен дел * спална соба кај апартманите * Купатило со када и лавабо * Посебна просторија за тоалет.
    Residence "MEIJOTEL" SKI IN- SKI OUT
    Резиденцијата "MEIJOTEL" ви ветува конфорно сместување во своите студиа и апартмани, на само неколку метри од ски стазите и гондолите. Навистина, почетокот на JANDRI EXPRESS гондолата е веднаш до резиденцијата. Тука е и собиралиштето за Ски школата. "MEIJOTEL" е сместен во средината на ски ресортот, многу продавници и ресторани се во непосредна близина. Шкафчиња за скии/борд и чевли во приземје.
    JANDRI EXPRESS гондолата ве искачува до Глечерот на скијалиштето и до специјалниот видиковец на надморска висина од 3400 м. од каде ќе уживате во 360 степени глетка на планинскиот масив ECRINS.

    * СТУДИО "MEIJOTEL" за 4 лица , 30м2, балкон:
    Дневна соба: Софа за седење која се претвара во 2 лежаја, маса, столици. ТВ.
    Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови.
    Спална:Посебна мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети на спрат.
    Купатило: када, лавабо.
    Тоалет: посебна просторија.

    * АПАРТМАН "MEIJOTEL" 2 соби за 6 лица , 47м2, балкон:

    Спална соби 1: 1 голем кревет за 2 лица или 2 единечни кревети
    Кабина: 2 единечни кревети на спрат
    Посебна мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети на спрат.
    Купатилo: када (туш кабина), лавабо.
    Тоалет: посебна просторија.

    * АПАРТМАН "MEIJOTEL" 3 соби за 8 лица , 55м2, балкон:

    Спална соби 1: 1 голем кревет за 2 лица
    Спална соби 2: 2 единечни кревети
    Кабина отворена: 2 единечни кревети на спрат или 2 одвоени кревети.
    Купатилo 1: када (туш кабина), лавабо.
    Купатилo 2: када (туш кабина), лавабо. Тоалет: посебна просторија.

    КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ LES 2 ALPES
    Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да гресорт.и поврзете свијоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 м. и оди до до селото Mon de Lans на 1300 м. Сето ова без и еднаш да користите ски лифтови. Les 2 Alpes е Ski In-Ski out ресорт. Ресортот секоја година обновува и поставува нови ски лифтови. Кај Snowpark-от е поставен нов ски лифт Le Dome Sud на задоволство на сите, посебно шампионите по Freestyle.
    Ски патеки
    Без оглед на вашата возраст, ниво или физичка подготвеност, без разлика дали сте љубители на скијањето, бордањето или телемарк.... тука уживањето во снежните спортови е загарантирано. Скијачката област е поделена на 7 различни сектори, 40 лифтови и 80 патеки (13 зелени, 43 сини, 15 црвени и 9 црни , за сечие задоволство!
    8-мо седишницата Pierre Grosse, годола лифт, go povrzuva La Fee sektorot na 2221 m. со Глечерот на 3175 м.Висинска разлика за скијање од неверојатни 952 м. Капацитетот на Гондолата е 2400 скијачи на час.
    Le Diable патеката на 2400 м, црвено-црна за понапредни скијачи, се спуштате по “Големите падини “ како мештаните ја нарекуваат патеката. Упатете се право надоле низ елките.... овој сектор е омилен кај добрите и многу добрите скијачи.
    Највисока излезна станица: 3558 м/нв. Најниска појдовна станица: 1280 м/нв.
    Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.
    • 78км (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки.
    • Cross county патеки: 25 km.
    • Глечер Les 2 Alpes работи во текот на цела година.
    • Off-piste: Извонредни услови за free-ride. Посебно теренот La Grave, наменет исклучиво за нив.

    Snowpark 3200 – еден од најдобрите во Европа. Долгогодишното искуство,многубројни елементи кои ги има и можност да се користи во тек на цела година, го прави еден од најдобрите во Европа.
    Топови за вештачки снег: преку 200.
    Ски сезона: Од крај на Ноември па се до Јуни

    Apres ski – Штом падините се затворат за тој ден, одморалиштето оживува. Прошетајте по улиците јадејќи свежо направена вафла или вкусна торта, направете шопинг или застанете во бар за да уживате во среќен час со пријателите.. Да вака изгледаат празниците во Les 2 Alpes.
    Најдете токму она што го барате! Вкусна палета на ресторани. Од тематска кујна до гастрономски ресторани, традиционални или планински вкусови до вегетаријански менија, јадење, достава до дома....
    Одморот во планините е истотака за одвојување на време за шопинг на легендарната авенија dela Mayul во одморалиштето и околните улици. Откријте ја најновата модна облека, скии, бордови....... и за крај уживајте во домашните чоколада и одлични регионални производи.

    Повеќе информации за ски центарот може да видите на следниот линк
    https://www.les2alpes.com › winter

    Ознаки за производ