Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    LES ARC - Paradiski

    €439,00
    Традиционално, и оваа година со Нехар Травел скијајте во најголемите ски центри во Франција. Ве водиме во LES ARC 1800 – Гигантот на француските Алпи, ски центар кој бележи многу брз развој и денеска заедно со La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри – Paradiski.

    Традиционално, и оваа година со Нехар Травел скијајте во најголемите ски центри во Франција. Ве водиме во LES ARC 1800– Гигантот на француските Алпи, ски центар кој бележи многу брз развој и денеска заедно со  La Plagne, спаѓа во комплекс на еден од најголемите ски центри – Paradiski.

     *LES ARC се состои од 5 населби: Bourg Saint Maurice, Arc 1600, Arc 1800, Arc 1950 i Arc 2000

    *LES ARC 1800  располага со 200 км ски патеки и е на надморска висина од 1800 м.најпопуларно и најголема ски населба со најбогата Apres Ski  содржина. Многубројни пабови,ресторани, продавници...

    *Според истражувањето на World Snowboard Guide, спаѓа меѓу најдобрите snowboard дестинации, секако едно од најдобрите во Франција. Ski IN – Ski OUT.

    *Paradiski  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) располага со 425 км беспрекорно обработени ски/борд патеки на надморска висина од 1200 до 3226 м. за сите категории на скијачи, како и воодушевувачка панорама кон Монт Блан.

    FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 30 СЕПТЕМВРИ 2019!

    Програма:

    1 ден-петок, 31.01.2020.  СКОПЈЕ - LES  ARC 1800: Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за  LES  ARC 1800  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

    2 ден-сабота 01.02.2020. LES  ARC 1800:  Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

    3–8 ден 02-08.02.2020. LES  ARC 1800: Шест дневно скијање во LES  ARC 1800. Ноќевање.

    9. ден-сабота 08.02.2020.LES  ARC 1800-СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

    10 ден – недела 09.02.2020. СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.

    Во цената е вклучено:

    • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – LES  ARC 1800– Скопје
    • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во LES  ARC 1800
    • 6 дневен скипас за стазите на LES  ARC 1800
    • Туристички пратител за време на турата

    Во цената НЕ Е вклучено:

    • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 ден.
    • Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
    • Paradiski skipas: 30по особа за 425 км ски патеки. Резервација задолжителна  со пријава и уплата во агенција.

    Напомени:

    Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 10-12€ постелнина и 8- 10€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

    Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 200-460€ по студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето исклучиво со кредитна картичка. Проверете го студиото/ апартманот при влегувањето и ако има некоја штета, веднаш пријавете и направите записник. Враќањето на средствата е мин. 7 дена после заминувањето и инспекцијата на вашето студио/апартман.  Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку студиото/апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети). Доколку се сомневате дека нешто сте оштетиле, направите записник со локалната агенција и договорете ја штетата. Организаторот може да помогне во средбата но не може да влијае за износот на штетата.

    Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето  или ќе се наплати 47 евра.

    Влез во објект: 16.00 – 18.00        Напуштање на објект: 08.00 – 10.00

    “AIGUILLE GRIVE RESIDENCE”   Дуплекс Апартмани  во  LES  ARC 1800

    “AIGUILLE GRIVE RESIDENCE” располага со Дуплекс апартмани за 5 или 6лица.  Апартманите се сместени на југозападна или североисточна страна, сите со балкон и прекрасен поглед. Објектот има лифт. Објектот е во квартот Charmettoger. Ski IN – Ski OUT. Од објектот може да се качите на Charmettoger ски лифтот или да се спуштите на гондолите Transarc i Villards.

    Центарот на местото е на неколку минути од апартмнаите.

    “AIGUILLE GRIVE RESIDENCE”   Дуплекс Апартман за 5 лица, 2 соби   33м2

    • Дневен претој со тросед  за 1 лицe со отворена кујна во дневен дел, опремена со шпорет, фрижидер, машина за перење садови, тостер, чајник, апарат за филтер кафе, микровална.
    • Mезанин: 1 спална соба со 1 дупли кревет + одвоен дел со 2 кревети на спрат.
    • Купатило со ТВЦ , Балкон, ТВ е во мезанинот.

    “AIGUILLE GRIVE RESIDENCE”   Дуплекс Апартман за 6 лица, 2 соби   39м2

    • Дневен претој  со отворена кујна во дневен дел, опремена со шпорет, фрижидер, машина за перење садови, тостер, чајник, апарат за филтер кафе, микровална.
    • Мала спална соба со 1 дупли кревет (или 2 одвоени кревети) во долниот, дневен  дел.
    • Mезанин: 1 спална соба со 1 дупли кревет (или 2 одвоени кревети) + одвоен дел со 2 кревети на спрат.
    • Купатило со ТВЦ , Балкон, ТВ е во дневниот дел.

    Завршни напомени

    Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман.

    • Депозит за резервација : 30%, остатокот се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција. 
    • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
    • Депозитот може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
    •  Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува но не и да гарантира при ваквите случаи. Финалниот тип на студио/апартман и финалната цена ќе зависи од бројот на лицата и типот на студиото/апартманот. Странките однапред се согласни за тие услови, без право на откажување.
    • Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
    • Според новите законски одредби за плаќање во готово, максимален износ на еднократно плаќање од 1 лице изнесува 30.000 денари.
    • За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
    • Агенцијата не може да влијае на спратност, поглед или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
    • Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ). Сите уплатени аранжмани до тој момент, остануваат по старата цена.
    • FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 20 евра по лице, без оглед на тип на сместување.
    • Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
    • Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет скиили борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
    • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.

    За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со лиценца А бр.13-373, кои се составен дел на секој Договор за патување.

    НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција.

    КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ LES  ARC 1800

    LES  ARC  е скијалиште со карактер,преубава природа, панорамски поглед и сончева положба. Идеално место за скијање и забава за сите возрасти. Местото е посебно познато по големо внимание за децата. Baby Club за бебиња постари од 4м, Mini-Club за деца 4-6 г. и Kid's Club  за деца од 7-12 г. Така родителите може безгрижно да ги остават децата и да скијаат.

    *Paradiski  (Les Arcs/Peisey-Vallandry/La Plagne) е скијалиште  со 425 км ски патеки  со околу 20 населби и кое стално напредува. Во 2003 направена е нова годола Vanoise Express ( 2000 скијачи на час) која ги поврза двете скијалишта со вкупно 425 км патеки. 70% скипатеките се над 2000 м/нв.Може да скијате и на глечерите  Varet (3.226 м/нв.)  и Bellecôte (3.250 м/нв.).

     За нова забава французите го создадоа Mille8 за кое потрошија 36 милиони евра. Додадоа нова жичара, гондола, а каблите за wi-fi  ги провлекоа по сите ски патеки како би била достапна новата апликација YUGE.

    Mille8 : “aquafun”комплекс, покриен воден парк со тобогани,сауна, теретана, велнес центар. Се простира на 3.800 м2 површина.  Во рамките на Mille8  е направена нова атрактивна патека за санки, долга 900 м, нов  freestyle парк, шеталиште низ шума со специјални `ски чевли`, мини парк за деца,нов ресторан.... Направена е и паралел слалом стаза за туристи....

    YUGE апликација: напредна апликација која скијачите едноставно ја инсталираат. Додека скијате добивате информации во реално време за прогноза на времето, ски патеките, време на чекање на жичарите, информации за дневни атракции но да едноставно пронајдете пријател со кој сте се разминале ....

    Жичари и ски лифтови  LES  ARC 1800:

    Ски лифтови:37, Гондоли: 3, седишници: 24, брзи влечуги:10    

    Ски патеки: 127 максимално средени патеки со вкупна должина од 200км:

    • 62 плави, 2 зелени, 44 црвени, 19 црни, 2 Boarder/Skicross, 48 км нордиско скијање.
    • 410 топ за вештачки снег
       
    Содржини кои ќе ги најдете во местото:  Барови/Пабови,  Ресторани, Маркет, Пекара,  Spa центар,Турист биро, Банка/банкомат, Продавница на сувенири, Полициска станица, Пошта,  Болница,                 Доктор, Прва помош, Аптека, Планинска служба, Кино  Музеј, Куглање, Спортски центар ,Чевли за снег,              Параглајдинг, Санки влечени од кучиња, Ноќен клуб/ Дискотека, ски сервис, Snowpark.       GPS координати: 45.572223, 6.829650

    Ознаки за производ