Понуди
    Filters
    Пребарување

    Ница

    НИЦА, центар на Азурниот брег, собиралиште на европскиот и светскиот џет сет, чисто море, плажа, барови, дискотеки… секој ден – незаборавно доживување !!!

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 29 Април : 399€ / 24.740 ден

    РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 449€ / 27.840 ден

    Термин: 14 Јули и 04 Август

    ПРОГРАМА:

     

    Термин: 14 Јули и 04 Август

    1 ден СКОПЈЕ – НИЦА: Поаѓање во 12:00 часот од паркингот спроти салата Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Италија. Ноќно возење со попатни паузи.

    2 ден НИЦА: Појадок. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Во вечерните часови предлагаме прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, вилата Ласкарис, Катедралата… Ноќевање.

    03 – 08 ден НИЦА: Летен одмор во гламурот на Азурниот Брег на база 7 ноќевања со појадок. За време на престојот во Ница, ќе ви овозможиме богата програма со многу излети, плажи, дневни и ноќни возбудувања. Единствено со Нехар травел ќе го доживеете гламурот на Азурниот брег.

    9 ден НИЦА-МОНАКО-СКОПЈЕ : Појадок. Предлагаме целодневен излет кон Монако. Во вечерните часови продолжуваме преку Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

    10 ден СКОПЈЕ: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

    ЛЕТНИ АТРАКЦИИ

    СЕНТ ТРОПЕЗ: Препорачуваме целодневен излет до монденското место Сент Тропез – најидиличното место на Азурниот Брег, марина со луксузни јахти, старата полициска станица на инспекторот Жак Клузо, познати кафулиња како кафулето на познатите глумци – Café Senequer. Пробајте го познатиот колач Tarte Tropezienne… Слободно време за прошетки низ стариот град. Одиме на познатата монденска плажа Памплона, позната по многубројните “Beach bar”-ови каде светскиот џет-сет одмара.

    Цена: 35 евра

    АНТИБ, КАН: Кан-Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, Марината. Посета на стариот дел на градот, тврдината и црквата Notre Dame De Esperance. Антиб-прошетка низ стариот град каде се наоѓа музејот на Пикасо во некогашната тврдина на фам.Грималди, провансалскиот пазар, Марината со големите јахти, песочна плажа. Секако слободно време за капење.

    Цена: 20 евра

    ОСТРОВ МАРГАРЕТА: Остров каде се наоѓа затворот во кој бил затворен човекот со железна маска. Остров со борови и еукалиптосови дрва, со беспрекорна чиста, бистра и топла вода за капење, диви плажи.Секако понесете маска за нуркање и уживајте во подводниот колорит.

    Цена на бродски билет: 15 евра

    КРАЛСКА ПРОВАНСА – СЕНТ ПОЛ ДЕ ВЕНС: Уметнички полудневн излет до средновековниот Сент Пол. Францускиот Крал François I во 16 векго претвара во кралски град. Во 20 век уметниците го претвараат во град-уметничка галерија, место каде Ив Монтан и Симон Сињоре се венчани….Во еден период тука живееле Jacques Prévert, James Baldwin , Marc Chagall.

    Цена: 15 евра

    МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО: Целодневна посета на Монако и Монте Карло со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… продолжуваме по патеката на F1, посета на Монте Карло со познатите коцкарници. Слободно време за капење на познатата плажа Ларвото. Во вечерните часови посета на прочуените казина.

    Цена: 25 евра

    Villa Ephrussi de Rothschild: Полудневен излет кон полуостровот на милионерите Кап Ферат и посета на прекрасната вила на Беатриче Ротшилд. Вила со многу топлина, гламур, прекрасни градини. Излет на кој долго ќе се сеќавате.

    Цена со вклучена влезница: 25 евра

    ПЛАЖИ :

    Nice – Градската плажа е оддалечена 800 метри од хотелот.

    –Villefranche–sur–Mer: на само 2 станици со локален воз во правец на Монако, кој застанува над самата песочна плажа. Исклучително чисто и топло море, без бранови.

    – Juan–les–Pins : на само неколку станици со локален воз во правец на Кан. Прекрасна песочна плажа и можност да прошетате по местото познато по многубројните бутици, пабови, дискотеки, клубови со жива музика ….

    ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

    Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
    Сместување во Ница во хотел 3* на база 7 ноќевања со појадок,
    Разглед на стариот дел на Ница,
    Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
    ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

    Задолжително патничко осигурување 300 мкд,( за лица до 60 год)
    Туристичка такса во Ница (2€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
    Факултативни излети – инфо во агенција
    Влезници за културно историски споменици, музеи.
    Билети за јавен превоз
    Доплата за еднокреветна соба : 240 €
    НАПОМЕНИ:

    За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
    Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    Попустите не се комбинираат
    Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

    Ница