Понуди
    Filters
    Пребарување

    Val Thorens - (01–10. 02.2019) - Lac du Lou & Roche blanche

    €489,00
    Оваа година со Нехар Травел скијајте во најголемиот ски центар во светот “Три Долини” Сместувањето е во Val Thorens. Алпски рај и еден од најелитните ски центри во југоисточна Франција, со повеќе од 600 километри ски обработен терен. Љубителите на скијањето имаат на располагање 430 стази со 1300 топови. 25те планински врвови се поврзани со 200 ски лифтови, сонадморска височина од 1.300 до 3.250 метри. Цетарот има капацитет од превезување на 300.000 луѓе на час, помеѓу сите осум населби и 13 ски – центри. Тука се и 6-те глечери со надморска височина од над 3.000 метри, а на нив скијачка сезона трае во текот на целата година.

    Програма:

    1. ден-петок, 01.02.2019. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 09:00 часот. Поаѓање за Val Thorens во 09:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

    2 ден-сабота 02.02.2019. Пристигнување во Val Thorens во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

    3 – 8 ден 03-08.02.2019. Шест дневно скијање во Val Thorens/Orelle. Ноќевање

    9. ден-сабота 09.02.2019 Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

    10 ден – недела 10.02.2019. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

    FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 27 ОКТОМВРИ 2018!

     * Плаќањето е во денарска противвредност, 1€= 62 ден.

    Во цената е вклучено:

    • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје – Val Thorens – Скопје
    • 7 дневно сместување во: студио во Val Thorens
    • 6 дневен скипас за стазите на Val Thorens/Orelle (150 км стази).
    • Туристички пратител за време на турата

    Во цената НЕ Е вклучено:

    • Патничко осигурување
    • Туристичка такса 1€ на ден по особа.Се плаќа на рецепцијата на сместувањето (деца до 13 години не плаќаат туристичка такса)
    • Доплата за 3 Долини ски пас ( 600 км стази ) изнесува 40 евра по лице

    Напомени:

    Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 7-8€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

     Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 250-400€ по студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

    Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето. Апартманите нудат и служба за чистење, чија што услуга дополнително се плаќа на лице место (40-70€ во зависност од големината на апартманот).

    Студиа / Апартмани:  Residences Lac du Lou & Roche blanche  И Cheval Blanc 3* 

    Residences Lac du Lou & Roche blanche                          

    Сместувањето е 2-4 креветни студиа, и 4-6 креветни апартмани.Дветезгради се оддалечени 400 метра една од друга, во центраот на ски ресортот, SKI IN-SKI OUT. Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина..                                                                                                                  

    СТУДИО за 2-4 лица, 24-29 м2.: Еднособно студио-една просторија. 2 единечни кревета, или кревет на извлекување за 2 лица, 2 кревета ( на спрат ) на влез во студиото, опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, место за јадење, Купатило и ВЦ (една просторија).                                                                                                                                              

    АПАРТМАН за 4-6 лица, 35-45 м2.: Двособен апартман-2 простории.  2 дупли кревет во спална соба, кревет на извлекување за 2 лица во дневна (или 2 единечни) соба, 2 кревета ( на спрат ) на влез во апартманот/дневната, опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење,машина за кафе место за јадење, Купатило и посебно ВЦ.

    Residences Cheval Blanc 3*

    АПАРТМАН за 2-4 лица:  Двособен апартман (2 простории), дневна соба со кауч на извлекување за 2 лица, спална соба (одвоена со параван) со 2 кревета. Опремена кујна. Купатило и посебно ВЦ. Балкон. 

    АПАРТМАН за 4-6 лица:  Двособен апартман (2 простории), дневна соба со кауч на извлекување за 2 лица, спална соба (одвоена со параван) со 2 кревета, кабина со 2 кревета на спрат. Опремена кујна. Купатило и посебно ВЦ. Балкон. 

    Сместување во  2 собни апартмани за 2-4 лица и 2 собни апартмнаи за 4-6 лица. Зградата е на самата стаза, ski in-ski out. Опременоста на апартмните е на повисоко ниво во однос на останатите апартмани.                                                                                                                                                                      

     Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување.

     Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува при ваквите случаи. Финалниот тип на студио/апартман и финалната цена ќе зависи од бројот на лицата и типот на студиото/апартманот. Странките однапред се согласни за тие услови.

    Калкулацијата е работена на база 45 лица.

    Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ).  Сите уплатени  аранжмани до тој момент, остануваат по старата цена.

    Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во  таков случај, уплатените средства во целост се враќаат на трансакциона сметка или  вирмански доколку се така уплатени.