Термин 10 Октомври
1 ДЕН 10.10.2024 СКОПЈЕ
Состанок на групата во 09 00 ч. Поаѓање во 09:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска.Денско и ноќно возење со попатни паузи.
2 ДЕН 11.10.2024 КАН
Oчекувано пристигнување во Кан околу пладневните часови. Почнуваме со запознавање на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината..Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки, кафе во кафуле со автентичен француски амбиент или вечера во центарот на Кан. Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
03 ДЕН 12.10.2024 КАН – СЕН ТРОПЕ – МОНТЕ КАРЛО
По појадокот препорачуваме Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан, - Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња - Човекот со железна маска... тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје, а потоа препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien, катедралата... Во попладневните часови враќање во Кан. Слободно време за одмор. Вечерта предлагаме излет до гламурозниот Монте Карло... слободно време за прошетки и посета на најлуксузната коцкарница во светот. Враќање во хотел. Ноќевање.
04 ДЕН 13.10.2024 АНТИБ –НИЦА :
Појадок. Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб... Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)...и потоа посета на кралицата на Азурниот брег - Ница. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, прошетка по калдрмата на автентичните улички, преполни со уникатни локални дуќанчиња, бистроа и ресторани... несекојдневна можност за посета на уникатниот музеј посветен на генијалниот Пикасо ( влезница 12 еур)... продолжуваме со посета на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата, катедралата, променадата... Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Ница, препорачуваме ручек во некој од автентичните провансалски ресторани во центарот на градот. Во вечерните часови враќање во Кан. Ноќевање.
05 ДЕН 14.10.2024 КАН – ЕЗ – МОНАКО - СКОПЈЕ:
Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, егзотичните градини... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Можност за посета на Океанографскиот институт и аквариум во Монако ( влезница 20 Еур). Поаѓање кон Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Словенија, Хрватска, Србија... Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
06 ДЕН 15.10.2024 СКОПЈЕ: Очекувано Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
LAST MINUTE цена за последните слободни места: 259€ / 16.060 ден.
Last Minute цената е валидана за резервации направени од 27 Септември до пополнување на местата!
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289 € / 17.920 ден
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
- Сместување во Кан, во Хотел Ibis Budget Centre Ville , на база 3 ноќевања со појадок,(Во собите нема фрижидер, нема фен( но фен мжете да земете на рецепција), појадокот сеорганизира во две групи, хотелорт бара повратен депозит 10 Еур по лиџце во случај на штета).
- Разглед на Кан
- Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 мкд,
- Посета на Ст. Тропе (50€)
- Посета на Ница и Антиб(50€)
- Вечерна посета на Монте Карло и коцкарниците (30€)
- Задолжителна посета на Монакои фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (40€)
- Крстарење до островот Св. Mаргарита во близина на Кан (брод + влезница за музејот)- (30€)
Ексклузивна и ретка можност да го посетите островот Св. Маргарита во близина на Кан и затворскиот музеј со одајата на најтаинствениот затвореник на сите времиња - Човекот со железна маска... тајна која живее повеќе од 350 години и сеуште ги интригира историчарите а ги инспирира писателите и сценаристите, приказна по која е снимен и истоимениот филм на Рендал Валас а главните улоги ги одиграа легендарните Леонардо ди Каприо, Џереми Ајронс, Џон Малковиќ, Жерар Депардје
*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег - 170€
- Туристичка такса во Кан (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
- Влезници за културно историски споменици, музеи.
- Билети за јавен превоз
- Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
- Доплата за избор на седиште 20€
- Доплата за празно седиште 150€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Никола Тримпаре бр.10, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk