Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Виена 3НП ( Пандорф - Братислава- Виенски шуми)

    €209,00
    ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување... а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот... Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

    Tермин:10 Октомври

    1 ден  10.10.2024 Скопје – Виена

    Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 11.30 ч. и поаѓање за Виена во 12:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

    2 ден  11.10.2024 Виена

    Планирано пристигнување во претпладневните часови во  eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај  Виена. По предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

    3 ден  12.10.2024 OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF - Братислава

    Појадок. По појадокот можност за целодневен излет. Во претпладневните часови се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг... . Во пладневните часови, продолжуваме накај  Братислава. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови враќање во Виена. Ноќевање.

    4 ден  13.10.2024 Виенски шуми

    Појадок. После појадокот можност за излет до  Виенски Шуми (полудневен излет). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи.  Во попладневните часови враќање во Виена.  Слободно време за индивидуални прошетки низ ццентарот на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

    5 ден  14.10.2024 Шенбрун – Дунавска Кула  

    Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета  - трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед -  360о на градот). Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    6 ден  15.10.2024 Скопје

    Планирано пристигнување во Скопје во пладневните  часови( во зависност од граничните премини).

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.08.2024: 209€ /12.960 ден

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 €/ 14.820 ден.

    Во цената на аранжманот е вклучено:

    • Превоз со високотуристички автобус
    • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 3 НП (нокевање/појадок)
    • Професионален туристички придружник
    • Организација и реализација на програмата

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    • Разглед на Виена со локален водич –20€
    • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60
    • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич - 50€ - мин. 25 лица за реализација
    • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 25
    • Излет OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF – Братислава - 40
    • Патничко осигурување – 300 ден (за лица до 60 год)
    • Доплата за еднокреветна соба 4 500 ден
    • Туристичка такса 2€ по лице на ден
    • Доплата заседиште по избор 20€
    • Доплата за дополнително седиште 150€

    НАПОМЕНИ

    За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.

                        НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Никола Тримпаре бр.10, Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk