Термин:07 Октомври
Термин: 20 Октомври
1 ден: СКОПЈЕ – ПРАГА:
Состанок на групата на паркингот на спортската сала Борис Трајковски, во 14:30ч. Поаѓање на автобусот во 15:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден: ПРАГА:
Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Препорачуваме панорамско разгледување на градот: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка,Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј.Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден: ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ:
Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка... да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче.Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa.За крај на денот, предлагаме факултативно посета на Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки... Ноќевање.
4 ден: ПРАГА – ВИЕНА:
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF . Слободно време за шопинг По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена.Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
5ден: СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 20 СЕПТЕМВРИ: 125 € / 7.750 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 135 € / 8.370 ден
Цената вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања во хотел 3* НП во Прага(околина)
- Посета на Виена
- Организација и водство на програмата
- Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER PARNDORF
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
Цената не вклучува:
- Задолжително патничко осигурување 155 ден
- Разглед на Прага со локален водич 10 €
- Факултативен излет за Карлови вари 25€
- Крстарење со брод по Влтава 15€
- Вечера во пивница со шоу програма 30€
- Доплата за еднокреветна соба 2.560 денари
- Влезници за локалитетите
- НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
*Можност за плаќање на 6 рати без камата*
T.A НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бр.52 Tel: 02/3 13 10 45 Моб: 071/380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk