Термин 30 Ноември 2026
1 ДЕН 30.11.2026 СКОПЈЕ - САЛЗБУРГ
Состанок на групата во 09:30ч. На паркингот на спортски центар Борис Трајковски. Се патува преку г.п. Табановце, Србија,Хрватска, Словенија.. . Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности...
2 ДЕН 01.12.2026 САЛЗБУРГ
Очекувано пристигнување во Салзбург во предпладневните часови..Прошетка низ стариот дел на градот : Катедралниот плоштад со Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, познатата пешачка улица Гетрајдегасе, палатата Мирабел... а над градот величенствено се издигнува Хоензалзбург, една од најголемите и најдобро сочувани средновековни тврдини во Европа. Слободно време за прошетки низ центарот на градот... уживајте во градот на Моцарт и во барокната архитектура на еден од најмагичните градови за време на Божиќните адвенти. Во ова време Салзбург е како призор од некоја бајка... Не пропуштајте да вкусите австриски колачи, медењаци или печен бадем и да уживате во мирисот на костени, цимети варено вино кој се шири низ калдрмисаните улички додека илјадници светилки создаваат чувство дека Божиќ е на секој чекор...
Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН 02.12.2026 САЛЗБУРГ - ИНСБРУК
Појадок. По појадокот препорачуваме целодневен излет до главниот град на Тирол, Инсбрук, сместен во срцето на Алпите, град кој во Декември се претвора во една голема романтична бајка.
Опкружен со снежни планински врвови, Инсбрук во ова време на годината изгледа како разгледница.
Името Инсбрук значи “ мост над реката Ин “ , бидејќи градот се развил токму покрај реката, која со векови била важен трговски пат меѓу северна и јужна Европа. Инсбрук е град во кој живееле и владееле Хабзбурговците, а царот Максимилијан оставил силен белег во неговата историја. Денес градот успешно ја спојува царската традиција, Алпскиот дух но и модерниот начин на живот.
Најголема атракција е Стариот град со неговите шарени средновековни куќи и тесните улици со калдрма... во срцето на градот се наоѓа симболот на Инсбрук- Златниот покрив, изграден на почетокот на 16 век, во времето на царот Максимилијан I, украсен со повеќе од 2500 позлатени бакарни плочки, кои и денес блескаат исто како и пред повеќе од 500 год. Токму околу Златниот покрив се одржува и најпознатиот Божичен базар во Инсбрук. Пазарот е полн со дрвени куќички, локални занаетчии, рачно изработени украси, волнени производи и секако Тиролски сувенири... а хоровите кои пеат божиќни песни создаваат атмосфера која тешко се заборава.
*Hofburg, Царската палата на Хабзбурговците. Едно од најважните културно-историските градби во Австрија со раскошен бароктен ентериер. Првично комплекс на замоци од доцниот среден век, бил проширен во палата во раниот современ период.Неговиот сегашен изглед се базира на доградбите во каснобароктен стил направени за време на царицата Марија Тереза.
* Hofkirche, Дворска црква, позната по монументалната гробница на царот Максимилијан Први и црни бронзани статуи околу гробот.
Ако сакате да почуствувате вистински Тиролски вкус, пробајте варено вино, топол јаболков пунч, печени костени или тиролска штрудла... и препуштете се на магијата што Инсбрук ја создава секој Декември.
Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Салзбургво вечерните часови. Ноќевање.
4 ДЕН 03.012.2026 САЛЗБУРГ - ВИЕНА – АУТЛЕТ ШОПИНГ ЦЕНТАР ПАРНДОРФ
Појадок. Го напуштаме хотелот и заминуваме накај Виена. Пристигнување во Виена во пладневните часови.Панорамско разгледување на градот со автобус- Рингот, Операта, Музејската четврт, Парламентот, Палатата Белведере,Зградата на Обидинетите Нации, царската палата Хофбург... Виена со векови била престолнина на моќната Хабсбуршка монархија, и денес секој плоштад, секоја палата секој булевар ја ераскажува приказната за нејзиното славно минато. Следи слободно време во царскиот град кој во Декември блеска во своето најмагично издание... Ако постои град кој знае како да ја претвори традицијата во вистинска бајка, тогаш тоа е Виена. Со повеќе од дваесет Божиќни базари, стотици илјади светилки и раскошно украсени улици, Австриската метропола во ова време од годината изгледа како сцена од Новогодишен филм.
Најпознатиот Божиќен базар се наоѓа пред градската куќа – Ратхаусот, огромниот плоштад е исполнет со десетици дрвени куќички во кои се продават украси и сувенири, но и греано вино и Виенски колбас... а љубителите на слатки не треба да пропуштат да ја пробаат прочуената Захер торта или колачите со марципан.
Во близина е и катедралата Свети Стефан, симболот на Виена... нејзиниот шарен покрив и високата кула доминираат над градот повеќе од 7 века. Во Декември околу катедралата владее посебна атмосфера, исполнета со класична музика, светилки, божиќни хорови, и празнично расположение.
Со шоља топло кафе или греано вино, парче торта и поглед кон украсените улици, лесно ќе разберете зошто со векови Виена е симбол на префинетост и уживање во животот.
Во договор со водичот, состанок на групата и продолжување на патувањето кон Македонија, со попатна посета нa PARNDORF DESIGNER OUTLET. Слободно време за шопинг...
Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
5 04.12.2026 ДЕН СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.
ЦЕНАНА АРАНЖМАНОТ: 239€
Цената вклучува:
-Превозна наведената релација со високотуристички автобус
-Сместување во хотел со 2*/3* на база 2 ноќевања со појадок во Салзбург
-Лиценциран придружник од агенцијата
-Професионална организација и водство.
Цената не вклучува:
-Патничко осигурување 300 денари
- Туристичка такса – 5€ по лице по ноќевање
- Факултативна посета на Инсбрук – 60€
- Разглед на Салзбург со водич – 20€
- Задолжителна посета на Виена и Аутлет Шопинг Центар Парндорф - 30€ (се плаќа во агенција)
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ 100€
Плаќање во денарска противредност 1 евро = 62 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk