Tермин: 04 Декември
1 ден 04.12.2026 Скопје – Виена
Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00 ч. и поаѓање за Виена . Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.
2 ден 05.12.2026 Виена
По пристигнување во Виена почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден 06.12.2026 Виена - Шенбрун – Дунавска кула
Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф), попладне можност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасенпоглед од 360о наградот). Се враќаме во центарот на Виена... слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Виена. Во текот на декември, Виена блеска во своето најелегантно празнично издание и со право важи за една од најубавите божиќни дестинации во Европа. Величествените булевари, историските палати и плоштадите се украсени со илјадници светилки, а мирисот на печени костени, ванила, цимет и топло греено вино создава незаборавна празнична атмосфера.
Најпознатиот Божиќен маркет пред Градското собрание (Rathausplatz) е вистинска зимска бајка, со десетици дрвени куќички исполнети со рачно изработени подароци, традиционални австриски специјалитети и празнични украси. Подеднакво волшебни се и маркетите кај палатата Шенбрун, Белведере и плоштадот Марија Терезија, секој со своја уникатна атмосфера.
Прошетајте низ раскошните улици на Виена, посетете ги величествените палати, уживајте во вкусот на познатата Sacher торта и почувствувајте го шармот на градот кој за време на Божиќ изгледа како да оживеал од празнична разгледница.
Виена за време на Божиќните празници нуди совршен спој на традиција, елеганција и празнична магија – дестинација која ќе ве воодушеви со својата убавина и ќе ви подари незаборавни зимски моменти.
Ноќевање.
4 ден 07.12.2026 DESIGNER OUTLET PARNDORF- БРАТИСЛАВА
Појадок. После појадокот напуштање на хотелоти можност за излет до Братислава и еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг (3 часа).. Потоа се упатуваме кон Братислава.Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт.
Слободно време за индивидуални прошетки. За време на Божиќните празници, Братислава добива посебен шарм и се претвора во топла празнична бајка. Историскиот центар е украсен со илјадници светилки, новогодишни елки и празнични декорации, а низ калдрмисаните улици се шири мирисот на греено вино, цимет и традиционални словачки специјалитети.
Најпознатите Божиќни маркети на Главниот плоштад (Hlavné námestie) и Плоштадот Хвиездослав (Hviezdoslavovo námestie) нудат богата понуда на рачно изработени сувенири, празнични украси, локални деликатеси и традиционални слатки. Атмосферата е дополнета со музички настапи, божиќни концерти и бројни културни настани кои го прават градот уште поволшебен.
Прошетајте низ живописните улици на Стариот град, уживајте во погледот кон величествениот Братиславски замок, фотографирајте се со познатите бронзени скулптури и почувствувајте ја топлината на еден од најшармантните европски главни градови.
Во вечерните часови враќање во Виена и поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.
5 ден 08.12.2026 Скопје
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 31 Август: 219 €/ 13.580 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 249 €/ 15.440 ден.
Во цената на аранжманот е вклучено
- Сместување во хотел со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
- Професионален туристички придружник
- Превоз со високотуристички автобус
- Организација и реализација на програмата
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Разглед на Виена со локален водич - 20€
- Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ ( задолжителна резервација при уплата)
- Излет Братислава И Оutlet shoping center PARNDORF( превоз, разглед со локален водич)- 50€
- Дунавска Кула (превоз + влезница) – 30€
- ПАКЕТ ИЗЛЕТИ : 150€ (Разглед на Виена+ Посета на дворецот Шенбрун + Излет Братислава и Оutlet shoping center PARNDORF+ Дунавска Кула)
- Задолжително патничко осигурување –250 ден
- Доплата за еднокреветна соба – 4.500 ден
- Доплата за избор на седиште во автобус - 20 евра
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk