Термин 28 Декември
1 ден 28.12.2019 СКОПЈЕ – ДРАЧ
Состанок со групата во 11:30 часот на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање кон Драч во 12 00ч. Патувањето води преку граничниот премин Ќафасан. Пристигање во Драч во вечерните часови. Во 23:00ч со брод заминување од Драч за Бари. Ноќна пловидба.
2 ден 29.12.2019 БАРИ – НЕАПОЛ - СОРЕНТО
Пристигнување во Бари во раните утрински часови. Патот продолжува за Соренто со попатна посета на Неапол. Пристигнување во Неапол. Прошетка низ историскиот дел на градот кој е под заштита на УНЕСКО, трговската улица Умберто,средновековниот замок, Кралската Палата, градската катедрала. Во попладневните часови се продолжува кон Соренто. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
3 ден 30.12.2019 КАПРИ-ПОСИТАНО-АМАЛФИ
Појадок. После појадокот следи излет со брод до монденското летувалиште Капри. Разглед на градот: Плавата пештера, малата марина-Marina Piccol. Слободно време за индивидуални прошетки . Враќање во Соренто и посета на Амалфи и Поситано. Во попладневните часови враќање во Соренто. Слободно време.Ноќевање.
4 ден 31.12.2019 СОРЕНТО - ПОМПЕЈА - ВЕЗУВ- СОРЕНТО
Појадок. После појадокот следи факултативна посета на античкиот град Помпеја кој е потопен со вулканска лава и целосно уништен од последната ерупција на вулканот Везув. Денеска поголем дел од античкиот град е откриен, a бројните куќи , фонтани, театри, јавни бањи сведочат за средновековниот живот во истиот.По Помпеја се посетува вулканот Везув. Во попладневните часови по предвиденото време за посета на Националниот парк Везув и кратерот на истоимениот вулкан враќање во хотел. Дочек на Нова година 2020 на централниот плоштад во Соренто. Ноќевање. ( Напомена: редоследот на активностите за овој ден може да биде сменет во зависнот од работното време на локалитетите).
5 ден 01.01.2020 СОРЕНТО – БАРИ – ДРАЧ - СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на собите и заминување кон Бари. Пристигнување во Бари и слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови пловидба кон Драч.
6 ден 02.01.2020 ДРАЧ - СКОПЈЕ
Во утринските часови пристигнување на пристаништето во Драч. По извршената царинска контрола патувањето продолжува кон Скопје. Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.11: 299€/ 18.540 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 329€/ 20.400 ден.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- Билет за траект (седиште на дек): Драч – Бари – Драч:
- 3 Ноќевања со појадок во хотел со 3* во Соренто
- Разгледи според програмата на : Соренто и Неапол
- Организација, реализација и придружник на патувањето
- Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес
* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Доплата за внатрешна кабина со тоалет: 30 Еур по лице
- Влезници за Помпеја и Везув – 65 Еур
- Факултативна посет на Капри, Амалфи и Позитано – 115 Еур
- Туристичка такса (5€ по лице на ден) се плаќа на рецепција
- Патничко осигурување – 210 ден.
- Агенцијата го задржува правото за промена на излетитетите по денови и сатници
- Можност за резервација на хотел од повисока категорија или хотел на друга локација
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk