ПАТУВАЊЕ ВО МИСТИЧНАТА ЗЕМЈА НА ФАРАОНИТЕ
Каиро + Крстарење по Нил
Каиро-Сакара-Мемфис-Гиза-Асуан-Абу Симбел-Ком Омбо-Едфу-Луксор
Египет е земја обвиткана со мистерија.Од античките пирамиди во Гиза до разбрануваната река Нил – Египет е несомнено место што треба да го додадете на вашата агенда за патување. Земја со бурно и различно минато. Кога Римјаните стапнале во Египет пред повеќе од 2000 год., пирамидите веќе се сметале за историски урнатини.
Египет, мост помеѓу Блискиот Исток и африканскиот континент, се наоѓа на северот на Африка и бил колевка на бројни цивилизации: фараоните, Персијците, Македонците, Грците, Римјаните, Византијците, Арапите, Османлиите, Англичаните и Французите ги окупирале териториите на денешен Египет.
Египет е дом и на Нил и на пустината. Делтата и бреговите на реката Нил се практично единствените области за живеење во регионот
Безвремените и кинематографски пустински пејсажи на Египет се оставени недопрени од рацете на времето. Патувајте и крстарете со Нехар травел и откријте ја мистиката и магијата на Египет.