ТЕРМИН: 10 Ноември 2021
1 ден СКОПЈЕ–ВИШЕГРАД - САРАЕВО
Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 19:00 ч. Поаѓање за Сараево во 19: 30 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир , низ Србија покрај Ниш, Чачак. Ноќно возење со попатни паузи.
2 ден ВИШЕГРАД - САРАЕВО
Пристигнување во Вишеград во утринските часови. Магичен град сместен покрај легендарната река Дрина. Прошетка до симболот на градот - прочуениот мост изграден од страна на Мехмед Паша Соколовиќ. Мостот е под заштита на UNESKO. Мостот и градот се опишани во безвремениот роман на Иво Андриќ под наслов “ На Дрини Чуприја”.
Патувањето продолжува покрај реката Дрина и преку планината Романија.
Пристигнување во Сараево во пладневни/попладневни часови. Сместување во хотел и краток одмор.
Ве водиме на панорамско разгледување на Сараево со локален водич: Местото покрај реката Миљацка каде е извршен атаентатот врз Принцот Франц Фердинанд, Парламентот. Го посетуваме и “ТУНЕЛОТ НА СПАСОТ”, кој поврзувал две населби, Бутмир и Добриње. Иљадници луѓе и многу стока поминувало низ тунелот во време на Босанската војна, кога имало многу снајперисти на околните згради. Денот го завршуваме со вечерна прошетка низ Башчаршија. Можност да се пробаат познатите Сараевски ќебапи.
Враќање во хотел во договорено време.
Ноќевање.
3 ден САРАЕВО – КОЊИЦ – НЕРЕТВА - МОСТАР
Појадок. Продолжуваме со незаборавна екскурзија покрај долината на легендарната река, Неретва.
Почнуваме со НУКЛЕАРНИОТ БУНКЕРОТ НА ТИТО, во малото место Коњиц, на обала на реката Неретва. Планината Златар со децении ја чувала најголемата државна војна тајна на некогашната СФРЈ. Службено, само 4 Команданти знаеле за постоењето и работниците кои потпишале договор за молчење. Однадвор гледате само 3 обични куќи. Бункерот е изграден за засолнување на Претседникот Тито, неговата фамилија и најблиските сосработници, во случај на атомска војна. 350 луѓе можеле да престојуваат цели 6 месеци таму. Позади 3 метални врати со дебелина од 1,20 м. Се наоѓа тунел кој ве води до срцето на атомското скривалиште, на 280 м длабочина и 202 м должина. Направен во облик на потковица.
Патувањето продолжува со посета на ЈАБЛАНИЦА и прочуениот МОСТ НА НЕРЕТВА проследено со моќната но имногу тажна приказна за спасувањето на 4.000 ранети Партизани во 1943 г. Тука се наоѓа и музејот “ Борба за ранетите на Неретва”.
Возбудливиот ден го завршуваме со посета на историскиот МОСТАР. Некогашна мала Отоманска населба, постои од 1459 г. како што е запишано во историските извори
Името за прв пат се споменува во 1474 г. и потекнува од зборот “mostari- чувари на мостот. Историскиот град Мостар се развил во 15 и 16 в како граница помеѓу Османлиската и Австро-Унгарската Имеперија. Мостар е од секогаш познат по своите стари турски куќи и секако Стариот мост, извонредно технолошко достигнување во тоа време, дизајниран од најреномираниот Османлиски архитект Синан. Прошетка низ стариот град со многубројни занаетчиски дуќани и секако сликање на реновираниот Стар мост. (Оригиналниот е срушен во Босанскиот конфликт во 1990г.).
Слободно време за индивидуални прошетки и секако неизоставна посета на некоја ќебапчилница со Босански специјалитети.
Враќање во Сараево во вечерните часови.
Ноќевање.
4 ден САРАЕВО – МИСТЕРИОЗНА ДОЛИНА НА ПИРАМИДИТЕ - СКОПЈЕ
Појадок. Ги ослободуваме собите.
Предлагаме полудневна посета на “Мистериозната долина на Пирамидите”. Почнуваме од платото Белведере од каде имаме најубав поглед на Босанската пирамида на Сонцето. Потоа одиме во подземниот лавиринт Равне. Непосредно под долината на пирамидите се наоѓа праисториски подземен лавиринт од 1,7 км должина. Ве водиме низ лавиринтот чии тунели се остветлени, за да ги откриеме лековитата моќ таму. Се верува дека високата концетрација на јони го чисти вашето тело.
Најинтересна локација на оваа посета е Босанската пирамида на Сонцето. Се смета дека е најголема и најстара пирамида во светот. Ќе ја посетиме северната страна, каде синтетичките ( геополимерни) бетонски блокови се откриени под слоевите на земјата и вегетацијата.
Температурата во тунелот Равне е 12 степени.
Слободно време за одмор и шопинг во Сараево.
Полни со прекрасни впечатоци, се поздравуваме со Босна во попладневните часови и се упатуваме кон Вишеград, покрај Златибор, Чачак. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.
5 ден СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО: 29.10.2021: 89€ / 5.520 ден.
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 € / 6.140 ден.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Сараево - Скопје
- Сместување во хотел 3* /4* / во Сараево на база 2 НП (ноќевање со појадок)
- Посета на Вишеград
- Професионален туристички пратител на групата
- Професионален локален туристички водич
- Организација на аранжманот
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖНМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Пакет Факултативни излети, влезници 45 € :
- Панорамско разгледување на Сараево
- Посета на Тунелот на Спасот
- Целодневен излет по долината на Неретва
- Посета на Коњиц и Бункерот на Тито
- Посета на Јабланица и Мостот на Неретва
- Посета и прошетка низ на Мостар
-
-
- Посета на “Мистериозната долина на Босанските пирамиди” 15 €
- Патничко осигурување 175 мкд.
- Доплата за еднокреветна соба 1800 мкд
- Туристичка такса 2 евра по лице, се плаќа кај водичот
НАПОМЕНА:
- Факултативниот излет не се двои и за истиот се резервира во агенција при уплата на аранжманот !
- За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
- Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
- Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
- Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
- Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
- За патувањето важат општите услови на Нехар Травел
- Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- Пополнетост на автобусот , во зависност од протоколите за Ковид 19