€105,00
Лето 2026 Полихроно- Вила Тулис
Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна.
Вила Тулис (целосно реновирана) се наоѓа на 300 метри од плажа во самиот центар на Полихроно, веднаш над црквата. Вилата располага со апартмани за три, четири и дуплекс апартмани за пет лица, комплетно опремени со кујна, тоалет и тераса. За секој апартман има обезбедено приватен бесплатен паркинг, заеднички двор за дружење на гостите, иралиште за кошарка и приватна теретана. Во секој апартман на пасполагање има големи пешкири за туширање. Одличен избор за семејства. 2024 Година имавме само пофалби за комодитет, хигена, локација и гостопримство. Сите апартмани се опремени со клима уред чие користење се доплаќа 35 евра за 7 ноќевања на лице место кај газдите на вилата.