Традиционално, и оваа зима со Нехар Травел зимувајте во најголемите ски центри во Франција.
* Ве водиме во LES 2 ALPES. Овој живописен, спортски и модерен меѓународен ски-центар е меѓу најголемите и најпознатите во светот. Изграден во 1946 година на некогашните високи пасишта каде се среќаваат северните и јужните Алпи.
* LES 2 ALPES е на висина од 1250-3568 м со 220 км беспрекорно подготвени ски патеки. Скијалиштето е познатопо своите долги и широки ски патеки за сите категории на скијачи. Од градчето поаѓаат многу гондоли и жичари до кои лесно доаѓате. Градчето го двои скијалиштето на 2 дела: 80% се наоѓа на северна страна и 20% на јужна страна со црвени стази. Стазите кои се најблиску до градот се најтешки а на повисоко има повеќе благи стази.
* LES 2 ALPESе познат и по најтешката црна ски патека Grand Colouire кое почнува на 2813 м и се спушта на 2400 м.Стазата не се средува со Ратраци и е со многу неравна, многу стрмна и со бочен нагиб нат кој има стени сомногу снег. Можност од мали (поголеми) лавини да поминат по патеката.
* ГЛЕЧЕР:Тука е и највисокиот ски глечер во Европа на 3600 м. каде се скија во текот на целата година. Се доаѓа со ски воз кој оди под глечерот На врвот има пештера во која се влегува 10-20 м. во самиот лед. Тука воледот се извајани фигури во размер 1:1 (диносаурус, поларна мечка, пингвини, бисти на познати Французи...)
* Аpress-ski: Местото е омилено помеѓу скијачите, посебно младите, поради својот ноќен живот и познатите apress-ski забави. Забавата почнува во Pano барот на скијалиштето во 15.00, па во 17.00 се сели во градчето, а се завршува во прочуената таверна Smithis или дискотеката Avalanche до утринските часови.Најавено е отварањето на Градскиот базен за оваа сезона.
* Ако сте во потрага за незаборавна зимска идила, дишејќи чист воздух и опкружени со прекрасна глетка,
LES 2 ALPESе вистинско место за вас.
|
Термин:
|
LES 2 ALPES
|
од 749€
|
|
05.03.2027
|
Ski F R A N C E 2027
|
| Les 2 ALPES, France |
|
|
Пакет цена по лице во € од 749 € |
|
|
|
|
|
| LES 2 ALPES 05.03.2027 |
Максимален број на кревети |
|
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
|
|
|
|
|
|
| Резиденција / Тип на сместување, мах. бр.лица |
8 |
7 |
6 |
5 |
4 |
3 |
2 |
1 |
| MEIJOTEL B 701 СТУДИО 4 лица |
|
|
|
|
759 |
809 |
939 |
|
| MEIJOTEL B 300 АПАРТМАН 2 Простории 6 лица |
|
|
769 |
799 |
859 |
959 |
|
|
| MEIJOTEL B 500 АПАРТМАН 2 Простории 6 лица |
|
|
769 |
799 |
859 |
959 |
|
|
| PLEIN SUD B BAT B 1404 СТУДИО 4 лица |
|
|
|
|
749 |
789 |
919 |
|
| PLEIN SUD C 3211 АПАРТМАН 2 Простории 6 лица |
|
|
769 |
799 |
859 |
959 |
|
|
| COTE BRUNE IV 4G1 СТУДИО 4 лица |
|
|
|
|
749 |
789 |
919 |
|
| COTE BRUNE IV 4BC6 АПАРТМАН 2 Простории 6 лица |
|
|
799 |
879 |
1029 |
1499 |
|
|
| TYROL 73 СТУДИО 4 лица |
|
|
|
|
759 |
799 |
939 |
|
| TYROL 66 СТУДИО 4 лица |
|
|
|
|
759 |
799 |
939 |
|
| VALLE BLANCHE BELLEDONNE H3 СТУДИО 4 лица |
|
|
|
|
749 |
789 |
919 |
|
| DIAMANT II 2J2 СТУДИО 4 лица |
|
|
|
|
759 |
799 |
939 |
|
| DIAMANT II 2E1 СТУДИО 4 лица |
|
|
|
|
759 |
799 |
939 |
|
| COUBORG CABA25 АПАРТМАН 3 Простории 6 лица |
|
|
769 |
799 |
859 |
959 |
|
|
| "SKI PASSOT" ги вклучува и следните ски центри: |
|
|
|
|
|
|
|
|
| Alpe d'Huez, Serre Chevalier, Sestriere, Montgenevre, Puy St Vincent |
|
|
|
|
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мк
Програма:
1.ден-петок 05.03.2027, СКОПЈЕ - LES 2 ALPES : Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES. во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалност и. Ноќно возење.
2 ден-сабота LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3 – 8 ден LES 2 ALPES: Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.
9. ден-сабота LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10 ден – недела 14.03.2027 СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.
Во цената на пакет аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– LES 2 ALPES –Скопје
- 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во LES 2 ALPES
- 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES
-
- *6 дневен ски пас за LES 2 ALPES, овозможува скијање и во долу наведените ски центри, без посебна надокнада за ски карта. Нехар травел ќе организира посета на еден или повеќе ски центри, доколку постои заитересираност на групата, со посебна доплата за превоз на лице место. Минимум 30 учесници по тура.
- 1 day skipass: Alpes D’Huez, Serre Chevalier, Puy St Vincent, Montgenèvre/Voie Lactée/Sestrière:
- Туристички пратител за време на турата
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден. Агенцијата го обезбедува.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
- Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2 €. Се плаќа во денари во агенција.
- Еднодневен автобуски излет до еден од околните Ски центри, во зависност од временските услови: 20€ (мин. 30 луѓе, се плаќа кај водичот)
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите
- * First minute цени според табелата е за уплати најдоцна до 15.11.2026
- За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УГИ-69-653, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз. .
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 25.Декември 2026. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до 15.10.2026.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање. .
- БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 25.12.2026. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошкови.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот.За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:
Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
> Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 30% од цената
> 12 - 8 недели пред поаѓање: 50% од цената
> 8 – 4 недели пред поаѓање: 75% од цената
> 4 недели пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 15€ - единечна постелнина или 17€ -брачна постелнина и 15€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 6€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи. Цените се информативни.
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 600€ по Студио за 4 лица, Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. За точната цена на депозитот и начин на плаќање, информации во агенција, 1 месец пред тргање.
- SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Цена за чистење: Студио за 4 лица:71€, Студио со кабина за 4 лица: 81€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 98€. Цените се информативни.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- Влез во објект: од 17.00 Напуштање на објект: 08.00 – 09.30 .
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
Генерален опис на Студиата и Апартманите во LES 2 ALPES
Студиата и апартманите се распоредени низ местото, на просечна оддалеченост од околу 50-200 метри од ски лифтовите. Сите генерално се опремени со: * Дневна соба со маса и столици, софа која се претвара во 2 лежаја ТВ * Кујна со шпорет или микробранова печка, керамички плочи, машина за миење на садови, фрижидер, кујнски прибор. * Кревети на спрат во влезен дел * спална соба кај апартманите * Купатило со када и лавабо, тоалет но и некои и со посебна просторија за тоалет. Неколку самопослуги во непосредната близина на резиденциите, ноќни клубови, дискотека, затворен јавен базен
Residence "MEIJOTEL" SKI IN- SKI OUT
Резиденцијата "MEIJOTEL" ви ветува конфорно сместување во своите студиа и апартмани, на само неколку метри од ски стазите и гондолите. Навистина, почетокот нановата JANDRI EXPRESSгондолата е веднаш до резиденцијата. Тука е и собиралиштето за Ски школата. "MEIJOTEL" е сместен во средината на ски ресортот, многу продавници и ресторани се во непосредна близина. Шкафчиња за скии/борд и чевли во приземје.
JANDRI EXPRESSгондолата ве искачува до Глечерот на скијалиштето и до специјалниот видиковец на надморска висина од 3200 м. од каде ќе уживате во 360 степени глетка на планинскиот масив ECRINS.
СТУДИО "MEIJOTELB 701" за 4 лица , 29м2, 7-ми спрат, лифт,балкон, југ, поглед кон ски падините:
Дневен престој: дневна соба со ТВ, кауч и простор за јадење. Под со плочки.
Кујна: отворена кон дневната соба.
-Опрема: 4 керамички рингли, микробранова печка, фрижидер, замрзнувач, машина за миење садови,
апарат за кафе, електричен бокал, тостер, сет за фондју.
Капацитет за спиење:
- Дневна соба: 1 кауч на развлекување (брачен кревет: 140x190)
- Простор за спиење: 1 брачен кревет (140x190) + 1 кревет на спрат со еден единечен кревет
(90x190). Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.
Просторот за спиење се наоѓа во ходникот и е одвоен од дневната соба со врата.
Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.
Разно:
Машина за перење алишта. Остава за скии. Миленици не се дозволени.
АПАРТМАН "MEIJOTELB 500" за 6 лица , 52м2, 3-ти спрат, балкон, југ, поглед кон ски падините:
Дневен престој: Дневна соба со софа на развлекување за 2 лица.
Кујна:опременa со апарат за раклет, електричен бокал, апарат за кафе, тостер, машина за миење садови, мини-рерна, стаклокерамичка плоча за готвење и фрижидер
Капацитет за спиење:
-Спална соба: со брачен кревет (140x190).
- Простор за спиење: зона за спиење со кревети на спрат (за две лица).
Бања: Бања со када и машина за перење алишта. Одвоен тоалет.
Креветите на спрат не се соодветни за деца под 6-годишна возраст.
АПАРТМАН "MEIJOTELB 300" за 6 лица , 47м2, 5-ти спрат, балкон, југ, поглед кон ски падините:
Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Под: плочки.
Кујна: отворена кон дневната соба.
-Опрема: плоча за готвење со 2 рингли, комбинирана микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет, сет за фондју.
Капацитет за спиење:
- Спална соба: 1 брачен кревет (140x190)
- Дневна соба: 1 софа на развлекување (2 единечни кревети: 80x190)
- Зона за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (90x190)
Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.
Зоната за спиење се наоѓа во ходникот; не е целосно изолирана, но е одвоена од
дневната соба со врата.
Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.
Разно: Машина за перење алишта. Електрични ролетни. Остава за скии. Не за домашни миленици.
1 приватно паркинг-место за стандардно возило.
Residence "COTE BRUNE"
SKI IN- SKI OUT. Резиденцијата "COTE BRUNE" се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes. Оддалечено е 50 м. од ски патеките и 200 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.JANDRI EXPRESS гондолата ве искачува до Глечерот на скијалиштето и до специјалниот видиковец на надморска висина од 3400 м. од каде ќе уживате во 360 степени глетка на планинскиот масив ECRINS.
* АПАРТМАН "COTE BRUNE IV 4BC6" * за 4 лица , 26м2, нема балкон, 6-ти спрат, северо-источна страна:
Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел.Подови обложени со паркет.
Кујна: отворена кон дневната соба.
-Опрема: 2 индукциски рингли, рерна, фрижидер, машина за миење садови, апарат за кафе,
електричен бокал, тостер, апарат за раклет.
Капацитет за спиење:
- Спална соба 1: кревет на спрат (за 2 лица)
- Дневна соба: 1 софа на развлекување (брачен кревет)
Бања: Бања со туш и тоалет.
Разно: Шкафче за скии. Пристап до заедничкиот надворешен паркинг (местото не е загарантирано). Електрични ролетни. Домашни миленици не се дозволени.
СТУДИО "COTE BRUNE IV 4G1" * за 4 лица , 30м2, балкон, приземје, јужна страна,
Дневен престој: дневна соба со ТВ, кауч и простор за јадење.Подна облога од ПВЦ.
Кујна: отворена кон дневната соба.
-Опрема: електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, сет за фондју.
Капацитет за спиење:
- Дневна соба: 1 кауч на развлекување (брачен кревет)
- Простор за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни лежишта
Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.
Просторот за спиење се наоѓа во ходникот и е одвоен од дневната соба со врата.
Бања:Бања со када.Одвоен тоалет.
Разно:Остава за скии.Не е дозволен престој со животни.
Residence "PLEIN SUD" SKI IN- SKIOUTРезиденцијата "PLEIN SUD A" се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes. Оддалечено е 30 м. од ски патеките и 50 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.
АПАРТМАН "PLEIN SUD C 3211" 2 простории, за 6 лица, 42м2, балкон, 2-ри спрат, јужна страна> поглед кон ски терените, лифт:
Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел.Под: паркет.
Кујна: отворен концепт (поврзана со дневната соба).
Опрема: индукциска плоча со 2 рингли, рерна, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет.
Капацитет за спиење:
- Спална соба: 1 брачен кревет (140x190)
- Простор за спиење: 1 брачен кревет (140x190) + 1 единечен кревет на спрат (80x190)
Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.
- Дневна соба: 1 софа на развлекување (1 брачен кревет: 140x190)
Просторот за спиење се наоѓа во ходникот и е одвоен од него со завеса.
Преградна врата помеѓу дневната соба и ходникот.
Бања: Бања со туш-кабина. Одвоен тоалет
Разно: Остава за скии, миленици не се дозволени.
Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано)
Електрични ролетни
СТУДИО "PLEIN SUD B" за 4 лица, 29м2, балкон, 4-ти спрат, лифт, јужна страна>
Дневен престој: дневна соба со телевизор, софа и трпезарија. Тепих на подот.
Кујна: отворена кон дневната соба.
-Опрема: 2 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, бокал, тостер, сет за фонду.
Капацитет за спиење:
- Дневна соба: 1 софа на расклопување (двоен кревет: 120x190)
- Ноќен простор: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (80x190)
Горен кревет не се препорачува за деца под 6 години
Просторот за спиење се наоѓа во ходник, одделен од дневната соба со врата.
Бања: бања со када. Одвоен тоалет
Разно Остава за скии, миленици не се дозволени. Скијачки шкаф.
Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано)
Residence "TYROL" SKI IN- SKI OUT
Резиденцијата "TYROL" се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes. Оддалечено е 50 м. од ски патеките и 200 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Можно е враќање со скии до резиденцијата во зависност од снежната покривка. Резиденцијата е на 50 м. од продавниците, киното, ски школата.
* СТУДИО "TYROL 66" за 4 лица , 32м2, балкон,3-ти спрат, лифт, јужна страна> поглед кон ски терените.:
Дневен простор: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Под: паркет.
Кујна: отворен концепт (поврзана со дневната соба).
-Опрема: 4 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет.
Капацитет за спиење:
- Дневна соба: 1 софа на извлекување (2 единечни кревети: 80x190) + 1 софа на расклопување
- Ниша за спиење: 1 кревет на спрат = брачен кревет (140x190) долу и единечен кревет (90x190) горе.
Нишата за спиење се наоѓа во ходникот; таа е отворена и директно поврзана со дневната соба.
Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.
Друго:
Остава за скии. Домашни миленици не се дозволени.
Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано).
* СТУДИО "TYROL 73" за 4 лица , 30м2, балкон,4-ти спрат, лифт, јужна страна> поглед кон ски терените.:
Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел.Под со тепих.
Кујна: отворена кон дневната соба.
Опрема: 4 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет.
Капацитет за спиење:
- Дневна соба: 1 софа на развлекување (брачен кревет: 130x190)
- Просторот за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (80x190)
Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.
Просторот за спиење се наоѓа во ходникот и не е одвоен од дневната соба.
Бања:Бања со када.Одвоен тоалет.
Разно:
Остава за скии.Домашни миленици не се дозволени.
Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано).
Residence "DIAMANT II"
Резиденцијата "DIAMANT II" се наоѓа во срцето на ски ресортот Les 2 Alpes. Оддалечено е 50 -300 м. од ски патеките и 250 м. од гондолата JANDRI EXPRESS. Резиденцијата е на 50-100 м. од продавниците, киното, ноќни клубови.
* СТУДИО "DIAMANT II 2E1 " за 4 лица , 32м2, балкон,1-ви спрат, лифт, пристап до зградата преку скали, источна страна, поглед кон ски терените.:
Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и простор за јадење. Подови обложени со паркет.
Кујна: отворена кон дневната соба.
-Опрема: плоча за готвење (стаклокерамика), микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет, сет за фондју.
Капацитет за спиење:
- Дневна соба: 1 софа на развлекување (2 единечни кревети: 80x180)
- Зона за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (90x180)
Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.
Зона за спиење во ходникот, одвоена од дневната соба со врата.
Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.
Разно:
Остава за скии. Домашни миленици се дозволени, со најава и доплата.
* СТУДИО "DIAMANT II 2J2 " за 4 лица , 32м2, балкон,1-ви спрат, лифт, пристап до зградата преку скали, источна страна, поглед кон ски терените.:
Студио-апартман од 32 м² за 4 лица, сместен на првиот кат од зграда со лифт (пристап до зградата преку скали).
Балкон свртен кон исток, со поглед на скијачките патеки.
Локација: во близина на патеките, во центарот на одморалиштето.
Дневен престој: дневна соба со ТВ, кауч и трпезариски дел.Подови обложени со паркет.
Кујна: отворена кон дневната соба.
-Опрема: 2 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, тостер, апарат за раклет.
Капацитет за спиење:
- Дневна соба: 1 брачен кревет на склопување (ѕиден кревет)
- Зона за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни лежишта
Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.
Зоната за спиење се наоѓа во ходникот и е одвоена од дневната соба со врата.
Бања:Бања со када.Одвоен тоалет.
Друго:
Електрични ролетни.
Остава за скии. Домашни миленици не се дозволени.
Residence "VALLE BLANCHE BELLEDONNE "
Резиденцијата „Vallée Blanche Belledone“ во Les Deux Alpes е шесткатница со лифт. Таа се наоѓа во срцето на одморалиштето – во регионот Изер (Isère) – веднаш во подножјето на патеките и на само 100 метри од жичницата „Jandri Express“, која овозможува директен пристап до глечерот. Објектот е во близина на базенот, библиотеката, продавниците и патеката за ноќно скијање, која е достапна во текот на зимата и може да се користи бесплатно.
СТУДИО H3 за 4 лица, 32м2, 3-ти спрат, лифт, балкон, југ, поглед кон планини и јавниот базен.
Дневен простор: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел.
Кујна: отворена кон дневната соба.
Опрема: 2 електрични рингли, микробранова печка, фрижидер, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер, апарат за раклет, сет за фондју.
Капацитет за спиење:
- Дневна соба: 1 софа на развлекување (брачен кревет: 140x190)
- Просторот за спиење: 1 кревет на спрат со 2 единечни кревети (90x190)
Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст.
Просторот за спиење се наоѓа во ходникот, одвоен од дневната соба со врата.
Бања: Бања со када. Одвоен тоалет.
Разно:Остава за скии. Ролетни. Домашни миленици не се дозволени.
Пристап до заедничкиот паркинг на зградата (местото за паркирање не е загарантирано).
Residence "CABOURG "
Резиденцијата „Cabourg“, која располага со лифт, се наоѓа на околу 100 метри од првите продавници („Petit Casino“, ресторани, барови) и на 400 метри од центарот на одморалиштето „Les 2 Alpes“ (туристичка канцеларија, базен/лизгалиште). Оваа реновирана резиденција, опремена со сите современи погодности, нуди надворешен паркинг, просторија за чување велосипеди (во летната сезона), дигитална брава и автоматско осветлување што функционира 24 часа дневно, 7 дена во неделата.
АПАРТМАН "CABOURG A-A 25 " * за 6 лица, 3 простории, 50м2, , 4-ти спрат, лифт, југ :
Локација: во близина на ски-патеките, во областа „Diable“.
Дневен престој: дневна соба со ТВ, софа и трпезариски дел. Подови со плочки; паркет во спалните соби.
Кујна: отворен концепт, поврзана со дневната соба.
-Опрема: плоча за готвење со 4 рингли, микробранова печка, фрижидер, замрзнувач, машина за миење садови, рерна, апарат за кафе, електричен бокал, тостер.
Капацитет за спиење:
- Спална соба 1: 1 брачен кревет (140x190)
- Спална соба 2: кревети на спрат (90x190) + извлечен кревет
Горниот кревет не се препорачува за деца под 6-годишна возраст
- Дневна соба: 1 софа на развлекување тип „Rapido“ (брачен кревет: 140x190)
Бања: Бања со туш. Одвоен тоалет
Друго: Остава за скии. Машина за перење алишта. Wi-Fi вклучен во цената.Електрични ролетни
Домашни миленици не се дозволени
Пристап до заедничкиот паркинг на зградата; паркинг-место не е загарантирано
КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ LES 2 ALPES
Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да гресорт.и поврзете свијоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 м. и оди до до селото Mon de Lans на 1300 м. Сето ова без и еднаш да користите ски лифтови. Les 2 Alpes е Ski In-Ski out ресорт. Ресортот секоја година обновува и поставува нови ски лифтови. Кај Snowpark-от е поставен нов ски лифт Le Dome Sud на задоволство на сите, посебно шампионите по Freestyle.
Ски патеки Без оглед на вашата возраст, ниво или физичка подготвеност, без разлика дали сте љубители на скијањето, бордањето или телемарк.... тука уживањето во снежните спортови е загарантирано. Скијачката област е поделена на 7 различни сектори, 40 лифтови и 80 патеки (13 зелени, 43 сини, 15 црвени и 9 црни , за сечие задоволство!
Новата Гондола JANDRI EXPRESS, која 2025 година ја замени старата, е неверојатно уникатно доживување. Со 32 седишта, 360 степени панорамски поглед, ве носи од 1600 м.нв. до 3200 метри н.в. ( меѓустаница на 2600 мнв, за само 17 мин (старата Гондола за 40 мин). Капацитет од 3000 скијачи за 1 час.
https://www.youtube.com/watch?v=2zpb1wOHk1U
Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да ги поврзете свиоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 метри и оди до селото Мон де Ланс на 1300 метри. Сето ова без еднаш користење на ски-лифтовите. Поаѓање и враќање во ски-центарот. Во однос на исклучителен домен, доменот 2 Alpes нуди целосно исклучување и повторно поврзување.
https://www.les2alpes.com/app/uploads/les-deux-alpes/2024/12/2025-Plan_Hiver.jpg
Le Diableпатеката на 2400 м, црвено-црна за понапредни скијачи, се спуштате по “Големите падини “ како мештаните ја нарекуваат патеката. Упатете се право надоле низ елките.... овој сектор е омилен кај добрите и многу добрите скијачи.
Највисока излезна станица: 3558 м/нв. Најниска појдовна станица: 1280 м/нв.
Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.
- 78км (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки, сите беспрекорно обработени,
- Многубројни модерни и брзи ски лифтови..
- Cross county патеки: 25 km.
- Глечер Les 2 Alpes работи во текот на цела година.
- Off-piste: Извонредни услови за free-ride. Посебно теренот La Grave, наменет исклучиво за нив. (Напомена: основното ски осигурување не покрива евентуална повреда на овие патеки.)
Snowpark 3200 – еден од најдобрите во Европа. Долгогодишното искуство,многубројни елементи кои ги има и можност да се користи во тек на цела година, го прави еден од најдобрите во Европа.
Топови за вештачки снег: преку 200.
Ски сезона: Од крај на Ноември па се до Јуни
Apres ski – Штом падините се затворат за тој ден, одморалиштето оживува. Прошетајте по улиците јадејќи свежо направена вафла или вкусна торта, направете шопинг или застанете во бар за да уживате во среќен час со пријателите.. Да вака изгледаат празниците во Les 2 Alpes.
Најдете токму она што го барате! Вкусна палета на ресторани. Од тематска кујна до гастрономски ресторани, традиционални или планински вкусови до вегетаријански менија, јадење, достава до дома....
Одморот во планините е истотака за одвојување на време за шопинг на легендарната авенија dela Mayul во одморалиштето и околните улици. Откријте ја најновата модна облека, скии, бордови....... и за крај уживајте во домашните чоколада и одлични регионални производи.
За Ски сезона 2025/26, најавено е пуштање на Градскиот затворен базен.
Повеќе информации за ски центарот може да видите на следниот линк
https://www.les2alpes.com › winter
НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!