Традиционално, и оваа година како и многуте години до сега со Нехар Травел, скијајте во најдобро друштво и со искусни водичи, на легендарните ски стази на олимписки шампион Jean-Claude Killy. На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy –Tignes и Val d'Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височинаи важи за еден од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d'Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! и, каде има најдобра Apres ski забава како на терените така и во градчињата. Делот Tignes/Le Lac/Lavachet/Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte, врската Val d Isere и одличниот ноќен живот.
|
Термин:
|
TIGNES - VAL D’ISERE
|
од 799€
|
|
22.01.2027
|
Ski F R A N C E 2027
|
| TIGNES LE LAC 22.01.2027 |
|
|
|
Број на кревети |
|
|
| Резиденција / Тип на сместување, мах. бр.лица |
9 |
8 |
7 |
6 |
5 |
4 |
3 |
2 |
| BORSAT - 02 Val Claret СУДИО 5 лица |
|
|
|
|
799 |
859 |
959 |
|
| TOMMEUSES - 29 Val Claret СУДИО 4 лица |
|
|
|
|
|
849 |
939 |
1110 |
| TOMMEUSES - 77 Val Claret СУДИО 4 лица |
|
|
|
|
|
849 |
939 |
1110 |
| TUFS - 18 Val Claret АПАРТМАН 6 лица |
|
|
|
859 |
909 |
999 |
|
|
| PLEIN SOLEIL - 13 Val Claret СУДИО 4 лица |
|
|
|
|
|
849 |
939 |
1110 |
| PRAMECEOU - 34 Val Claret СУДИО 4 лица |
|
|
|
|
|
849 |
939 |
1110 |
| PRARIOND - 10 Val Claret СУДИО 4 лица |
|
|
|
|
|
849 |
939 |
1110 |
| BEC ROUGE - 803 Le Lac СУДИО 4 лица |
|
|
|
|
|
849 |
939 |
1110 |
| BEC ROUGE - 841 Le Lac АПАРТМАН 7 лица |
|
|
849 |
899 |
959 |
1049 |
|
|
| BEC ROUGE - 941 Le Lac АПАРТМАН 9 лица |
849 |
889 |
929 |
979 |
|
|
|
|
| BEC ROUGE - 031 Le Lac СУДИО 4 лица |
|
|
|
|
|
849 |
939 |
1110 |
| ZADOLZITELNA DOPLATA ZA ESPACE KILLY SKI PASS:30 evra |
|
|
|
|
|
Цените се дадени за пакет аранжман во Евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд
ПРОГРАМА
1.ден-петок. СКОПЈЕ-TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2. ден-сабота. TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3. – 8. Ден. TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET: 6 дневно скијање во Espace Killy. Ноќевање
9. ден-сабота.TIGNES LE LAC- LAVACHET-VAL CLARET -СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10. ден–недела: Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје –TIGNES LE LAC-LAVACHET-VAL CLARET – Скопје
- 7 дневно сместување:студиa/апартмани во TIGNES: LAVACHET / LAC / VAL CLARET
- 6 дневен скипас за стазите на TIGNES / VAL CLARET
- Туристички пратител за време на турата и престојот во скијалиштето.
Во цената НЕ Е вклучено:
- Задолжително индивидуално патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 996ден.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција.
- Задолжителна доплата за електронска ски карта: 2 €. Се плаќа во денари во агенција.
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
- Задолжителна доплата за Ски комплекс Espace Killy :TIGNES -VAL CLARET -VAL D’ISER- Grande Motte , 300 km стази: 30€ во МКД во агенција при резервација.
За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УГИ-69-653, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз. .
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 15.Декември 2026. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје). Од момент на влез во Шенген зоната, патникот во претходните 180 дена не треба да има престој подолг од 80 дена (со 10 дена ски програм, вкупно дозволени 90 дена во 180 дена). Организаторот не може да сноси одговорност во случај на гранични проблеми при влез во Шенген зоната.
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект, повеќе од наведеното во понудата, дадено од страна на локалната агенција.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите (гориво, сместување, ски пас, туристичка такса.. ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до 15.Октомври 2026.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување. Уплатениот пакет аранжман до тој датум останува по стара цена.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање. .
- БАГАЖ: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба максимум 23 кг.), 1 пар ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус. .
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до 15.12.2026. Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок, резервацијата ќе биде автоматски откажана. Патникот ќе биде теретен според отказните трошкови.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до НЕХАР ТРАВЕЛ, со образложение за отказот.За ова патување важат отказните трошкови кои се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои НЕХАР ТРАВЕЛ не може да влијае, и тоа:
Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
> Од моментот на пријавување до 12 недели пред поаѓање: 10% од цената
> 12 - 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
> 8 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
> 4 недели пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 15€ - единечна постелнина или 17€ -брачна постелнина и 15€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 6€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свој сет на постелнина и крпи. Цените се информативни.
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 500€ по Студио за 4 лица, 600 евра по Апартман за 5 лица, 700 евра по Апартман за 6 лица, 800 евра по Апартман за 8 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови. За точната цена на депозитот и начин на плаќање, информации во агенција, 1 месец пред тргање.
- SKI PASS: После уплатата на депозитот за сместување, водичот ви ги дава Ски картите.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Цена за чистење: Студио за 4 лица:71€, Студио со кабина за 4 лица: 81€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 98€. Цените се информативни.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- Влез во објект: од 17.00 Напуштање на објект: 08.00 – 09.30
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
-
Генерален опис на сместување во Tignes LE LAC
Residence BEC ROUGE
Резиденцијата Bec Rouge се наоѓа во центарот TIGNES LE LAC (2100 m), на улицата La Poste, во близина на сите продавници и директен пристап до ски лифтовите (ski in, ski out). 50 м. од водениот парк Lagon, 100 м оддалечен од Спортско-Конференцискиот центар Tignespace. Има добро опремени и конфорни апартмани на 8 спрата со лифтови. Има 3 посебни влеза и приватни шкафчиња за скии. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање, може се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг (50м)SKI IN-SKI OUT
*Апартман 941, за 9 лица, 3 соби, 74м2, 4-ти спрат, лифт, балкон, југ,
Категорија: Удобност (Confort)
Содржини:
Кујна со електрична плоча за готвење, фрижидер, микробранова печка, рерна и машина за миење садови
Дневна соба со трпезариски дел, кревет на извлекување и еден единечен кревет (вкупно 3 единечни кревети) – ТВ
Ниша во влезот со еден единечен кревет
Спална соба бр. 1: брачен кревет
Спална соба бр. 2: еден единечен кревет и кревет на спрат (вкупно 3 единечни кревети)
Туш-кабина – Бања – Одвоен тоалет
Остава за скии во приземјето на резиденцијата (бокс бр. 9)
Апартман во кој е забрането пушење
Дозволен престој со домашни миленици (со доплата од 30 €)
Категоризиран со 2 ѕвездички (туристичко сместување)
Виртуелна тура: https://nodalview.com/RaN3p3PK7i2Ttpm7Su34MpgN
*Апартман 841, двособен стан за 7 лица, 52м2, 4-ти спарт, лифт,југоисток
Категорија: Удобност (Confort)
Содржини:
Влезен простор со елементи за складирање
Кујна опремена со индукциска плоча, рерна, микробранова печка и машина за миење садови
Дневна соба со трпезариски дел, три поединечни софи на развлекување и ТВ
Спална соба со брачен кревет
Ниша за спиење (алков) со кревет на спрат (два поединечни кревети)
Бања и посебен тоалет
Остава за скии во приземјето на зградата (бокс бр. 8)
Стан во кој е забрането пушење
Не е дозволен престој со домашни миленици
Категоризиран со 2 ѕвездички како опремен туристички стан
*Студио 803, за 4 лица, 28м2, приземје,, тераса, југоисток
Категорија „Comfort“
Содржини:
Ниша во влезот со кревет на спрат (2 единечни кревети)
Дневна соба со кревет на извлекување (2 единечни кревети) – ТВ
Кујна со електрична плоча за готвење, микробранова печка и машина за миење садови
Бања – одвоен тоалет
Остава за скии во приземјето на зградата (бокс бр. 8)
Апартман во кој е забрането пушење
Дозволен престој со домашни миленици (со доплата од 30 €)
Објектот не е категоризиран како туристичко сместување
Виртуелна тура: https://nodalview.com/Jcrn8tNxZgiyKPDEFqzmc9zP
*Апартман 031, за 4 лица,
Генерален опис на сместување во Tignes VAL CLARET
Residence LE BORSAT
Сместен на надморска височина од 2.100 метри во Тињ Вал Кларе (Tignes Val Claret), комплексот „Résidence Le Borsat IV“ нуди пријатни апартмани со можност за самостојна подготовка на храна, идеални за летни авантури. Со директен пристап до патеки за планинарење, планински велосипедизам и алпски езера, тој претставува совршена појдовна точка за семејства и пријатели кои бараат комбинација од релаксација и возбуда во француските Алпи.
*СТУДИО BORSAT 02, за 5 лица, 27 m2,приземје,балкон, југоисток
Категорија „Comfort“, сместен во комплексот Le Borsat. Oвозможен е директен пристап до ски-патеките (ski-in/ski-out).
Содржини:
Кујна од отворен тип опремена со рерна, индукциска плоча, микробранова печка и машина за миење садови
Дневна соба со софа на развлекување (за двајца) и телевизор
Ниша во влезот со кревети на спрат (долен дел за двајца, горен дел за едно лице)
Бања со одвоен тоалет
Остава за скии лоцирана во приземјето на објектот
Апартман во кој е забрането пушење
Не е дозволен престој со домашни миленици
Категоризиран како опремен туристички апартман со 2 ѕвездички (2**)
Residence TOMMEUSES
„Résidence Tommeuses“ е пријатен комплекс од апартмани и студија.Сместувањето се одликува со одлична локација во населбата Вал Кларет и се наоѓа директно на скијачките патеки. Така, по убавиот појадок и одличното кафе, можете веднаш да застанете на скиите. Апартманите имаат традиционален и пријатен ентериер. Покрај одличните продавници и ресторани, во непосредна близина на сместувањето ќе најдете и голем број пријатни барови!
*СТУДИО TOMMEUSES 29, за 4 лица,
*СТУДИО TOMMEUSES 77, за 4 лица,
Residence TUFS
„Résidence les Tufs“ е модерен комплекс со апартмани во Тињ Вал Кларе (Tignes Val Claret), сместен веднаш до скијачките патеки. Комплексот нуди удобни апартмани со балкон или тераса, целосно опремена кујна и сопствена бања. „Résidence les Tufs“ претставува идеална почетна точка за скијачки одмор во Тињ. Скијачките патеки се наоѓаат веднаш пред самиот објект, па можете веднаш да започнетесо скијање.
*АПАРТМАН TUFS 18, за 6 лица,
Residence PLEIN SOLEIL
Резиденцијата „Plein Soleil“ се наоѓа во Тињ Вал Кларе (Tignes Val Claret). Сместена е на само 50 метри од скијачките патеки и школите за скијање. Во непосредна близина има продавници и разни содржини (продавница за изнајмување ски-опрема, супермаркет, пекара, аптека, ресторани, барови и ноќни клубови).Во зимскиот период, паркирањето е регулирано и задолжително. Слободно контактирајте ја агенцијата за да резервирате паркинг-место.
*СТУДИО 13, за 4 лица,
Residence PRAMECOU
Резиденцијата „Le Pramecou“ се наоѓа во одморалиштето Тињ Вал Кларе (Tignes Val Claret), на 50 метри од скијачките патеки и на 100 метри од продавниците. Објектот располага со лифт и нуди добро опремени апартмани (со телевизор и шкафчиња за скии). Локацијата е идеална и овозможува лесен пристап до скијачката област „Espace Killy“. Тињ Вал Кларе е одморалиште со зона без автомобили, па затоа возилата мора да се паркираат на некој од достапните паркинзи во рамките на одморалиштето (со доплата).
*СТУДИО 34, за 4 лица, 25м2, 5-ти спрат, лифт, балкон, југ.
Содржини:
Кујна опремена со електрична плоча за готвење, машина за миење садови и микробранова печка
Дневна соба со кревет на извлекување (за двајца) и телевизор
Ниша во влезот со кревет на спрат (два единечни кревети)
Бања со тоалет
Остава за скии во приземјето на зградата
Стан во кој е забрането пушење
Домашни миленици не се дозволени
Категоризиран како туристичко сместување со 2 ѕвездички (2**)
Residence PRARIOND
Вал Кларе: Мал станбен објект „Le Prariond“, 5 ката. Во комплексот: лифт, просторија за чување скии, централно греење. Супермаркет на 250 м, ресторан на 100 м, затворен базен на 800 м. Спортски центар на 800 м, содржини за скијање. Школа за скијање на 50 м, школа за скијање за деца на 100 м. Напомена: достапен е ски-автобус. Во истиот објект се издаваат и други слични сместувачки единици.
*СТУДИО 10, за 4 лица
Ограничен број на Студиа/Апартмани !
Espace Killy ski area info
Espace Killy е огромен комплекс на скијалишта во Савојските Алпи, сместен на надморска висина од 1550 м.-3450 м. и ги опфаќа скијалиштата Val d'Iser со 150 км ски патеки и Tignes исто со 150 км ски патеки. Вкупно 300 км. ски патеки. Изузетно добро припремени и долги ски патеки. Тука се наоѓаат и 2 глечера и за летно скијање: Grande Mote (3656 m/n.v.) над Tignes, иPissaillas (3488 m/n.v.) над Val d'Iser. Магично скијалиште, каде може во едно смуштање да скијате на преку 1600 м висинска разлика, од Grande Mote до Val d'Iser. И секако, најдобрата црна ски патека на светот: La Face de Bellevarde
Корисни информации за скијачите за комплексот Espace Killy:
- Вкупен број на ски лифтови: 96 ( 2 ски воза, 8 гондоли, 45 седишници, 41 влечуги )
- Вкупно категоризирани ски патеки: 137 (16 црни, 35 црвени, 64 плави, 22 зелени )
- 2 snowparka
- 331 топ за вештачки снег
Val d'Iser: Модерно скијалиште,сместен на 1800 м/н.в. и оддалечен 12 км од Tignes. Има прекрасен поглед кон глечерот.Убавината на местото ја дава и единствената камена архитектура на објектите. Поради одржувањето на Светскиот куп, целото место е преполно со тимови и посетители. Можда затоа понудата на забава е побогата но и поскапа. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и вечерни барови, ноќни клубови, дискотеки, кино, затворен базен и природно лизгалиште.
Tignes :Скијашка мека, покрај заледено езеро, сместен на 2100 м/н.в. Познат и по најдобрите off ски патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е многу богата и заокружена е со модерен wellness центар и базен со бесплатен влез за иматели на skipas Espace Killy.
Le Lac : многу жив дел, со ресторани и продавници. Во лето областа нуди пешачки патеки, голф и велосипедски парк, плус скијачки патеки на глечерот Grande Mote. Целиот ресорт е направен за потребите на скијачите, така да нема ски лифт премногу далеку од влезната врата на вашето сместување.
Val Claret е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување, и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote. . Тука се наоѓа XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м,19м.широк, 7 м. висок. Секако богата ноќна програма за секого. Најдобрите ноќни клубови се Deep во Le Lac и Melting Pot во Вал Кларет.
La Face de Bellevarde- најадреналинска црна ски патека во Европа https://www.youtube.com/watch?v=qzPT_aYNJG8
Најпозната црна ски патека во Европа, припремена за машка спуст патека за Зимските Олиписки игри 1992 во Албервил. Црна писта со слика на `вертикална граница` за најискусните, најхрабрите скијачи. Дури и такмичарите тогаш реагирале на неверојатната стрмнина и почетна брзина од над 150 км/час, па организаторите поставиле дополнителни врати за да се успори брзината. Патека со голем технички предизвик стрмнина од 71% во долниот дел. Тука се одржале и трки за Светскиот куп 2009.
Факти за La Face. Должина: 3км, Вертикална висинска разлика: 959 м. Стартот е на 2905м. Нагиб: од 5%-71%. Може да се дојде со Олимписката гондола и ски лифт од Val d'Iser. Но La Face и не е толку страшна. Две третини на почетокот се дури и многу пријатни но последната третина е изузетно стрма. Најдобар период е да скијате помеѓу 12.00 и 14.00. Наутро е ледена а подоцна прилично неравна. И секако имајте неколку дена скијање на други патеки и со добра кондиција дојдете тука. Но само за многу искусни скијачи и секако направете кафе пауза на пола патека.
Но имаме и една тајна како да го одбегнете најстрмниот долен дел !. Под La Peau de Vache делот и баш над самата стрмина, има патека која води десно, кон Joseray. Тоа е црвена ски патека која ве води до подножјето на La Face. Нема да откриеме дали сте ја користеле !