Традиционално, и оваа зима со Нехар Травел зимувајте во најголемите ски центри во Франција.
* Ве водиме во LES 2 ALPES.Овој живописен, спортски и модерен меѓународен ски-центар е меѓу најголемите и најпознатите во светот. Изграден во 1946 година на некогашните високи пасишта каде се среќаваат северните и јужните Алпи.
* LES 2 ALPES е на висина од 1250-3568 м со 220 км беспрекорно подготвени ски патеки. Скијалиштето е познатопо своите долги и широки ски патеки за сите категории на скијачи. Од градчето поаѓаат многу гондоли и жичари до кои лесно доаѓате. Градчето го двои скијалиштето на 2 дела: 80% се наоѓа на северна страна и 20% на јужна страна со црвени стази. Стазите кои се најблиску до градот се најтешки а на повисоко има повеќе благи стази.
* LES 2 ALPESе познат и по најтешката црна ски патека Grand Colouire кое почнува на 2813 м и се спушта на 2400 м.Стазата не се средува со Ратраци и е со многу неравна, многу стрмна и со бочен нагиб нат кој има стени сомногу снег. Можност од мали (поголеми) лавини да поминат по патеката.
* ГЛЕЧЕР:Тука е и највисокиот ски глечер во Европа на 3600 м. каде се скија во текот на целата година. Се доаѓа со ски воз кој оди под глечерот На врвот има пештера во која се влегува 10-20 м. во самиот лед. Тука воледот се извајани фигури во размер 1:1 (диносаурус, поларна мечка, пингвини, бисти на познати Французи...)
* Аpress-ski: Местото е омилено помеѓу скијачите, посебно младите, поради својот ноќен живот и познатите apress-ski забави. Забавата почнува во Pano барот на скијалиштето во 15.00, па во 17.00 се сели во градчето, а се завршува во прочуената таверна Smithis или дискотеката Avalanche до утринските часови.
* Ако сте во потрага за незаборавна зимска идила, дишејќи чист воздух и опкружени со прекрасна глетка,
LES 2 ALPESе вистинско место за вас.
Термин:
|
LES 2 ALPES
|
од 559€
|
14.03.2025
|
Ski F R A N C E 2024
|
LES 2 ALPES 14.Март 2025 |
|
Максимален број на лица : |
|
|
|
|
Тип на сместување |
6 |
5 |
4 |
3 |
2 |
1 |
"ROCHE MANTEL" Апартман 2 простории 6 лица |
559 |
589 |
629 |
|
|
|
"MEIJOTEL" Студио за 4 лица |
|
|
599 |
639 |
759 |
1130 |
"MEIJOTEL" Апартман 2 простории 6 лица |
589 |
629 |
679 |
|
|
|
*Цените се дадени за пакет аранжман во евра по лице. Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мк
Програма:
1.ден-петок, СКОПЈЕ - LES 2 ALPES : Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за LES 2 ALPES. во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалност и. Ноќно возење.
2 ден-сабота LES 2 ALPES : Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3 – 8 ден LES 2 ALPES: Шест дневно скијање во LES 2 ALPES. Ноќевање.
9. ден-сабота LES 2 ALPES – СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10 ден – недела СКОПЈЕ: Пристигнување во попладневните часови.
Во цената на пакет аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– LES 2 ALPES –Скопје
- 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во LES 2 ALPES
- 6 дневен скипас за стазите на LES 2 ALPES
- Објавената цена важи до 24.12.2024.
-
- *6 дневен ски пас за LES 2 ALPES, овозможува скијање и во долу наведените ски центри, без посебна надокнада за ски карта. Нехар травел ќе организира посета на еден или повеќе ски центри, доколку постои заитересираност на групата, со посебна доплата за превоз на лице место. Минимум 30 учесници по тура.
- 1 day skipass Serre Chevalier, Puy St Vincent, Montgenèvre/Voie Lactée/Sestrière:20 еврапревоз по лице за 1 ден за едно скијалиште во договор со водичот, во зависност од временските услови.
- Туристички пратител за време на турата
-
Во цената на пакет аранжманот НЕ Е вклучено:
- Постелнина и крпи.
- Завршно чистење на апартманите.
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 800 ден.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција, во денари.
- -----------
- * First minute цени според табелата е за уплати најдоцна до 25.12.2024
- За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
Важни завршни напомени
- Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
- РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 12.000 денари по лице, остатокот се доплаќа НАЈДОЦНА до 01.Фебруари 2025. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција.
- Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или со кредитна/дебитна картичка, или вирмански преку банка.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Странките однапред се согласни за овие услови и наведени цени по лице, без право на откажување.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на катност, поглед, локација или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмани, агенцијата ќе ги проследи до партнерската агенција, но не гаранти за исходот.
- Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ) за кои агенцијата не може да влијае.
- FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот.
После тој датум цената се зголемува за 50€ по лице, без оглед на тип на сместување.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
- Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец за пат во автобус.
- Распоредот на седишта во автобус е според датумот на уплата.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциска сметка на лицето кое уплатило, според законот за платен промет.
- Лицето кое има резервација должно е да ја уплати целосната сума на аранжманот најдоцна до наведениот датум (15.12.2024) Доколку лицето не ја изврши уплатата до крајниот рок резервацијата ќе биде автоматски откажана а уплатените средства како аванс ќе бидат неповратни.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до Агенцијата, со образложение за отказот. Отказните трошкови се во согласност со Отказните трошкови на локалниот партнер, на кои Агенцијата не може да влијае.
> Трошоци за откажување на патувањето кои се задржуваат:
i. Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 20% од цената
ii. 8 – 6 недели пред поаѓање: 30% од цената
iii. 6 – 4 недели пред поаѓање: 50% од цената
iv. 4 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената
- Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите, постелнина, тоалет хартија, сапуни, шампон во студијата и апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигнување по цена од: 14€ - единечна постелнина или 16€ -брачна постелнина и 14€ за сет крпи (2 за купатило, 1 за под, 1 за кујна), по лице. Сет за чистење: 5€. Детско креветче 50€. Потребно е да се резервира и уплати за крпи и постелнина при резервација во агенција (подоцна неможе да гарантираме достапност). Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
- Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува: 350€ по студио за 4 лица или 400 евра по апартман за 4 лица. Се плаќа при пристигнување, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови (најдоцна до 30 дена, во зависност од банката). Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.
- Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. Можно е да се организира чистење но со пријава и плаќање при пријавување.
- Цена за чистење: Студио за 4 лица:75€, Студио со кабина за 4 лица: 85€, Апартмани со 2 соби за 6 лица: 95€.
- Сите дополнителни услуги мора да се резервираат при пријавување во агенција и истите се плаќаат на лице место при сместување.
- Цената на депозитот и дополнителните услуги може да биде променета.
- ВАЖНА НАПОМЕНА: ПАТНИЦИТЕ ТРГНУВААТ ИСКЛУЧИВО ОД ПРЕДВИДЕНОТО МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ ВО СКОПЈЕ, А ВРАЌАЊЕТО ОД ПАТУВАЊЕТО Е ПОВТОРНО ДО ИСТОТО МЕСТО ОД КАДЕ ШТО ТРГНАЛЕ ВО СКОПЈЕ. НЕ Е ВОЗМОЖНО ПРИКЛУЧУВАЊЕ НА ГРУПАТА ОД БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ВО ОДЕЊЕ, КАКО И НАПУШТАЊЕ НА ГРУПАТА НА БИЛО КОИ ПОПАТНИ МЕСТА ПРИ ВРАЌАЊЕ, НИТУ ПАК КОРИСТЕЊЕ НА АВТОБУСКИОТ ПРЕВОЗ САМО ВО ЕДЕН ПРАВЕЦ, СОГЛАСНО МАКЕДОНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ЗАКОН ЗА ТРАНСПОРТ НА ЗАТВОРЕНА ГРУПА.
Влез во објект: 16.00 – 18.00 Напуштање на објект: 08.00 – 10.00
Генерален опис на Студиата и Апартманите во LES 2 ALPES
Студиата и апартманите се распоредени низ местото, на просечна оддалеченост од околу 50-200 метри од ски лифтовите. Сите генерално се опремени со: * Дневна соба со маса и столици, софа која се претвара во 2 лежаја ТВ * Кујна со шпорет или микробранова печка, керамички плочи, машина за миење на садови, фрижидер, кујнски прибор. * Кревети на спрат во влезен дел * спална соба кај апартманите * Купатило со када и лавабо * Посебна просторија за тоалет.
Residence "MEIJOTEL" SKI IN- SKI OUT
Резиденцијата "MEIJOTEL" ви ветува конфорно сместување во своите студиа и апартмани, на само неколку метри од ски стазите и гондолите. Навистина, почетокот нановата JANDRI EXPRESSгондолата е веднаш до резиденцијата. Тука е и собиралиштето за Ски школата. "MEIJOTEL" е сместен во средината на ски ресортот, многу продавници и ресторани се во непосредна близина. Шкафчиња за скии/борд и чевли во приземје.
JANDRI EXPRESS гондолата ве искачува до Глечерот на скијалиштето и до специјалниот видиковец на надморска висина од 3200 м. од каде ќе уживате во 360 степени глетка на планинскиот масив ECRINS.
* СТУДИО "MEIJOTEL" за 4 лица , 30м2, балкон:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во 2 лежаја, маса, столици. ТВ.
Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови.
Спална:Посебна мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети на спрат.
Купатило: када, лавабо.
Тоалет: посебна просторија
* АПАРТМАН "MEIJOTEL" 2 собиза 6 лица , 47м2, балкон:
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во 2 лежаја, маса, столици. ТВ.
Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови.
Спална соби 1: 1голем кревет за 2 лица или 2 единечни кревети
Кабина: 2 единечни кревети на спрат
Посебна мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети на спрат.
Купатилo: када (туш кабина), лавабо.
Тоалет: посебна просторија.
Residence "ROCHE MANTEL" SKI IN
Резиденцијата "Roche Mantel " е сместен во срцето на Les 2 Alpes, на само 100 м од новата JANDRI EXPRESSгондолата. Многу продавници и ресторани се во непосредна близина. Шкафчиња за скии/борд и чевли во приземје.Резиденција на 2 спрата, без лифт.
АПАРТМАН "ROCHE MANTEL" 2 собиза 6 лица , :
Дневна соба: Софа за седење која се претвара во 2 лежаја, маса, столици. ТВ.
Кујна отворена кон дневна соба: микробранова печка, електрични рингли, фрижидер, машина за миење на садови.
Спална соби 1: 1голем кревет за 2 лица
Кабина: 2 единечни кревети на спрат
Посебна мала просторија во влезен дел со 2 единечни кревети на спрат.
Купатилo: туш кабина, лавабо.
Тоалет: посебна просторија.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ LES 2 ALPES
Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да гресорт.и поврзете свијоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 м. и оди до до селото Mon de Lans на 1300 м. Сето ова без и еднаш да користите ски лифтови. Les 2 Alpes е Ski In-Ski out ресорт. Ресортот секоја година обновува и поставува нови ски лифтови. Кај Snowpark-от е поставен нов ски лифт Le Dome Sud на задоволство на сите, посебно шампионите по Freestyle.
Ски патеки Без оглед на вашата возраст, ниво или физичка подготвеност, без разлика дали сте љубители на скијањето, бордањето или телемарк.... тука уживањето во снежните спортови е загарантирано. Скијачката област е поделена на 7 различни сектори, 40 лифтови и 80 патеки (13 зелени, 43 сини, 15 црвени и 9 црни , за сечие задоволство!
Новата Гондола JANDRI EXPRESS, која оваа година ја замени старата, е неверојатно уникатно доживување. Со 32 седишта, 360 степени панорамски поглед, ве носи од 1600 м.нв. до 3200 метри н.в. ( меѓустаница на 2600 мнв, за само 17 мин (старата Гондола за 40 мин). Капацитет од 3000 скијачи за 1 час.
https://www.youtube.com/watch?v=2zpb1wOHk1U
Скијачката област Les 2 Alpes е вистински рај за скијачите и сноубордерите, со 410 хектари обележани патеки. Тој е еден од највисоките врвови за скијање на Алпите со максимален вертикален пад од 2300 метри. Неговата вертикалност ви овозможува да ги поврзете свиоците на патеката која започнува од глечерот на 3600 метри и оди до селото Мон де Ланс на 1300 метри. Сето ова без еднаш користење на ски-лифтовите. Поаѓање и враќање во ски-центарот. Во однос на исклучителен домен, доменот 2 Alpes нуди целосно исклучување и повторно поврзување.
https://www.les2alpes.com/app/uploads/les-deux-alpes/2024/12/2025-Plan_Hiver.jpg
Le Diableпатеката на 2400 м, црвено-црна за понапредни скијачи, се спуштате по “Големите падини “ како мештаните ја нарекуваат патеката. Упатете се право надоле низ елките.... овој сектор е омилен кај добрите и многу добрите скијачи.
Највисока излезна станица: 3558 м/нв. Најниска појдовна станица: 1280 м/нв.
Висинска разлика на скијалиштето: 2278 м.
- 78км (35%) отпаѓа на плави и зелени патеки, 103 km (45%) се црвени патеки, a 44 km (20%) црни патеки, сите беспрекорно обработени,
- Многубројни модерни и брзи ски лифтови..
- Cross county патеки: 25 km.
- Глечер Les 2 Alpes работи во текот на цела година.
- Off-piste: Извонредни услови за free-ride. Посебно теренот La Grave, наменет исклучиво за нив. (Напомена: основното ски осигурување не покрива евентуална повреда на овие патеки.)
Snowpark 3200 – еден од најдобрите во Европа. Долгогодишното искуство,многубројни елементи кои ги има и можност да се користи во тек на цела година, го прави еден од најдобрите во Европа.
Топови за вештачки снег: преку 200.
Ски сезона: Од крај на Ноември па се до Јуни
Apres ski – Штом падините се затворат за тој ден, одморалиштето оживува. Прошетајте по улиците јадејќи свежо направена вафла или вкусна торта, направете шопинг или застанете во бар за да уживате во среќен час со пријателите.. Да вака изгледаат празниците во Les 2 Alpes.
Најдете токму она што го барате! Вкусна палета на ресторани. Од тематска кујна до гастрономски ресторани, традиционални или планински вкусови до вегетаријански менија, јадење, достава до дома....
Одморот во планините е истотака за одвојување на време за шопинг на легендарната авенија dela Mayul во одморалиштето и околните улици. Откријте ја најновата модна облека, скии, бордови....... и за крај уживајте во домашните чоколада и одлични регионални производи.
Повеќе информации за ски центарот може да видите на следниот линк
https://www.les2alpes.com › winter
НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција!
