Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'излети'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Аквариум

    €0,00
    *превоз + влезница
    Во огромните аквариуми живеат 11.000 животни од 450 различни видови, кои пливаат во 6 милиони литри вода, а движејќи се низ подводен тунел долг 80 метри ќе може да ги запознаете и истражите сите. Чуството да се биде толку близу до водениот свет што живее во водите на медитеранот е уникатно и незаборавно. Аквариумот на Барселона е најголемиот аквариум во Европа, посетен од над 14 милиони посетители до сега.

    Барселона панорамика

    €0,00
    * разглед на градот со водич, превоз
    Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона… Неговото најголемо ремек дело е црквата Sagrada Familia а на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Националната палата, арените за корида… А за крај прошетка по најшарената улица на светот- Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај…

    БАРСЕЛОНА ШОПИНГ + МАГИЧНИ ФОНТАНИ

    €0,00
    *превоз до Барселона, посета на магичните фонтани
    Барселона нуди вистинска можност за шопинг особено во период од (01.07 – 31.09) кога се големите попусти и распродажби кои одат до неверојатни намалувања на цените до 70 – 80 % Првиот настап на магичната фонтана била на 29 Мај 1929 за време на втората светска изложба. Магичната фонтана е спектакуларен приказ на бои, светлина, движење, музика и акробатика со вода – ако ги измешате сите овие елементи заедно во една целост ќе добиете чиста магија! Магичната фонтана е нешто што мора да се види и доживее.

    Витешки борби

    €0,00
    *Превоз + влезница
    Во средновековниот замок во Тордера Ви приредуваат навистина интересна програма во средновековен стил, каде што можете да видите на кој начин се бореле витезите. Со самото влегување во замокот ќе бидете пречекани од “Грофот и Грофицата од Валтордера” кои на влезот ќе Ви посакаат добредојде, а нивните слуги ќе Ве испратат до главните сали. По вечерата се оди кон салата за танцување каде можете да се забавувате танцувајќи на разни ритми (танго, валцер,ча-ча-ча….и.т.н.) Некаде околу полноќ следува програма на шпански национални игри и танци.

    ДИСКО ЛОРЕТ ДЕ МАР

    €0,00
    Вип клуб картичка за 7 вечери во дискотека во Лорет де мар, секоја вечер со различна програма

    Кан

    €0,00
    *превоз, разглед на градот со водич
    Посета на брдото Сиќе со панорамски поглед на градот, стариот град , монденската улица La Croisette, Филмската Палата, престижните хотели, плажата… Разглед на прекрасното градче со вистински француско – провансалски шмек.

    излети