Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'излети'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    КОСТА БРАВА

    €0,00
    *Превоз, + влезница за ботаничка градина
    Посета на Tossa de Mar, град со типичен Шпански шмек, автентичен на Шпанската архитектура со прекрасната средновековна тврдина. Посета на ботаничката градина Pinya de Rosa со преку 100 видови на кактуси... излетот завршува со дегустција на вино и сангрија во винарска визба

    МОНАКО И МОНТЕ КАРЛО + фабрика за парфеми ФРАГОНАРД

    €0,00
    *Превоз, разглед на градот со водич
    Разглед на кнежевството Монако- Принчевата палата, катедралата Св.Никола, Океанографскиот музеј, егзотичните градини, патеката на Ф1 ... и секако гламурот на казината во Монте Карло.

    ФИГУЕРАС - МУЗЕЈ НА ДАЛИ + ЕМПУРИА БРАВА

    €0,00
    *превоз + влезница за музејот на Дали
    Посета на родниот град на Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар - музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој содржи најширока палета на дела кои ѓи опфаќа уметничката кариера на Салвадор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј. Empuriabrava (или по позната како Шпанска Венеција) е едно од најголемите пристаништа во земјата. Лоцирана е на брегот на Гирона (Каталонија, Шпанија) Empuriabrava првично била изградена на мочуриште, а потоа била претворена во туристичка атракција. Идејата е уште од 1964 година, а се реализирала 1975 година. Во градот има повеќе од 30 километри канали каде денес свои луксузни летни вили имаат врвни спортисти, пеачи, луѓе од уметноста... Сезонски преку лето Empuriabrava брои население од околу 80.000 жители. Вистинско доживување е можноста да изнајмите глисер, кој ќе го управувате сами по каналите, а тоа е супер – забавно искуство за целото друштво.

    Фламенко

    €0,00
    * влезница + 1Шампањ и неограничено сангрија
    Шпанска вечер со традиционалниот шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчерки и танчери. Шоуто е поделено во неколку дела, каде ќе уживате во феноменалниот глас на тенорот Сам, и специјалната изведба на светскиот рекордер во нај брз фламенко танц Хосе Леон. Вкусот на сангријата (кој можете да го конзумирате во неограничени количини) ќе го збогати уживањето во традиционалните танци и шпанската гитара… и на крајот сме сигурни дека некој од вас ќе го поведе ритамот и ќе заигра.

    излети