Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'египет'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Jungle Aqua Park 4****

    €0,00
    Ова прекрасно одморалиште, со своите 21 базени и 35 водени тобогани е вистински воден, тематски парк. Сите соби имаат тераса или балкон со поглед кон базен или градина. Сите сместени во бунгалови поставени во групи околу базените. Собите се просторни, светли и декорирани со топли бои , по примерот на Афричката уметност. Сите имаат телевизор, минибар, и сопствена бања. Хотелот нуди повеќе различни видови на ресторани како Медитерански, германски, мексикански, ресторан со ориентални кујна , што е само дел од опциите кои Ви се на располагање а има и голем број на барови и снек барови во кои се служат лесни јадења и пијалоци во текот на целиот ден . Повеќе детски базени и детски клубови се достапни во Jungle Park, заедно со уште неколку спортски објекти, вклучувајќи тениски игралиште, игралиште за фудбал и мини голф.. Хургада е на само 25 минути возење и е лесно достапна со автобус или со автомобил. Хотелот има 860 соби и е дел од ланецот на хотели: Pickalbatros.

    King Tut Resort Hurghada 4****

    €0,00
    ЛОКАЦИЈА: Лоцирен е на самиот брег на Црвено море и е идеален избор за љубителите на рекреативни, спортски активности. Се наоѓа во близина на центарот на Хургада на окулу 5 км. од Аеродромот. СОБИ : Има вкупно 135 соби: 83 стандардни, 5, 16 трокреветни, 29 СУПЕРИОР соби, 2 бунгалови. Сите соби се стилски и елегантни, опремени со модерен и удобен мебел. - Балкон или тераса со поглед на морето; - Телевизор со сателитски канали; - Фрижидер; - Клима; - Телефон; - Бања со туш, фен и прибор за лична хигиена; - Сеф; - Електричен бокал СОДРЖИНИ: Ресторан Клеопатра:Појадок, ручек и вечера на Шведска маса Лоби бар, 2 базени, Аква парк со загреан базен, Сауна, Џакузи, Wi Fi бесплатен во целиот хотел, вклучувајќи ја и плажата, Дискотека, тениски терени, менувачница, продавници за сувенири, фризерски и козметички салон, Приватна, песочна плажа на 50м. која е опремена со чадори и лежалки, бесплатни. УСЛУГА:All Inclusive - Клеопатра ресторан и тераса, нуди три оброци на ден (појадок, ручек и вечера). Ресторанот нуди најдобра национална кујна; - ISIS ресторан и бар на плажа, нуди морска храна; - Тутанкамон лоби бар, совршен за попладнвен чај, коктели или лесна вечера; - Оаза Кафе, кој се наоѓа меѓу дрвјата и цвеќињата со убава фонтана; - ISIS Бар се наоѓа на плажа. Нуди: свежо исцедено сокови, сода-вода, свежо овошје, сладолед, вкусна ужина. - Мемфис (а-ла-carte) – ресторан на плажа на Сфингата, резервација на рецепција, бројот на посети не се ограничени.

    LABRANDA Royal Makadi 5*****

    €0,00
    Хотелот се простира на прекрасна, песочна плажа во Makadi Bay, на брегот на Црвено Море. Собите се пространи, сите со балкон со прекрасен панорамски поглед, климатизирани и опремени со модерен мебел, сателитска ТВ, минибар и сл. На гостите им се на располагање повеќе ресторани со широк спектар на понуди за различни видови храна како и повеќе снек барови покрај базен или на самата плажа. Од содржини хотелот поседува Фитнес центар, тениски терени, билијард и др. Хотелот се наоѓа на окулу 24км. од центарот на Хургада, во преубавиот залив Макади каде се и најубавите песочни плажи како и голем број на корални гребени.

    Le Pacha Resort 4****

    €0,00
    Хотелот се наоѓа во самиот центар на Хургада ( Сакала ) каде има голем број на клубови, барови, ресторани, продавници и сл. и е на самиот брег на Црвено Море. Има приватна плажа и 187 соби распоредени во 2 згради, сите со клима, мини бар, ТВ, телефон..Располага со 3 ресторани, бар, кафе, здравствен центар, центар за гњурење, сала за билијард и дискотека.

    Long Beach Resort 4****

    €0,00
    Long Beach Resort http://hilton-long-beach-resort.hotelshurghada.com/en/ Long Beach Hotel e kомфорeн хотел, се наоѓа на својата песочна плажа, но поради големината на хотелot, некои делови се различно оддалечени од плажата. Лоциран е на 14 километри јужно од аеродромот и 30 километри од Хургада кон Сафаги. Хотелот има повеќе ресторани, Лотус - главен ресторан со поглед на базени, Ал Денте - италијански ресторан, Мараба - египетски ресторан, ресторан на плажа кој нуди морска храна, пет барови, дискотека, шопинг центар, 7 отворени базени, во три од нив преку зима ја загреваат водата, детско игралиште, детски клуб, пешкири, чадори и лежалки на плажа - бесплатно, центар за нуркање, спортови на вода, сала за билијард, мини голф, 4 тениски и 2 сквош терени, фитнес, сауна, SPA, jacuzzi, парно купатило, салон за убавина, анимација. Има 912 соби, сите имаат тераса или балкон со поглед на море или градина, клима, мини бар / фрижидер, телефон, сателитска ТВ, купатило, фен за коса. Постојат и соби за непушачи. Услугата е на услуга All Inclusive (ce вклучено) според правилата на хотелот, на база на шведски стол (самопослужување). Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    MARRIOTT RED SEA BEACH RESORT 5*****

    €0,00
    Marriott Beach Hurghada Resort 5* Локација: Елегантен и луксузен хотел распослан на прекрасна, песочна плажа пред која има мал остров поврзан со копното со мост. Оддалечен е од центарот на Сакала окулу 5км. а од аеродром 7км. Соби: Хотелот има 283 соби кои се сместени во седумкатна главна зграда. Сите соби се луксузно опремени со телефон, ТВ Сателитска, Клима, Интернет, сеф, мини бар, балкон или тераса. Содржини: Во склоп на хотелот има главен ресторан, 2 А ла карт ресторани, 5 барови, ( покрај базен и на плажа ), дискотека, интернет центар, менувачница, сервис за перење и пеглање, игротека, неколку продавници и салон за убавина. Спорт и забава: Освен двата надворешни базени, на располагање на гостите им се и следните содржини и активности, пинг понг, теретана, тениски терени, сквош терени, билијард, одбојка на песок, центар за гњурење и спортови на вода а во склоп на СПА центарот има центар за масажа, сауна, џакузи и фитнес сала.

    египет