Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'египет'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Pickalbatros Sea World 4****

    €395,00
    Pickalbatros Sea World https://www.pickalbatros.com/hotels-resorts/sea-world-resort/ Хотелскиот комплекс од ланецот на хотели Pickalbatros се наоѓа на околу 15км од центарот на Хургада, во втората линија на хотели, преку хотелот Beach Albatros. Гостите на хотелот може да ја користат плажата на хотелот Beach Albatros, до која може да пристигнуваат со бесплатен shuttle bus. Плажата е оддалечена од самиот хотел околѕ 1 км. Хотелскиот комплекс поседува централна зграда со рецепција и помал дел на сместувачки капацитети, како и сместувачки објекти надвор од централната зграда, распоредени во неколку згради. Хотелскиот комплекс содржи: 4 ресторани, 8 барови, 4 базени, aqua park со 9 тобогани, терени за разни спортови, spa & wellness центар, клуб за деца. Хотелот нуди можности сите гости, без разлика на возраста да уживаат во неговите убавини и во убавините на природата, песочната плажа, зраците од сонцето и мирисот на морето. Услуга: All Inclusive

    Premier Le Reve Hotel & Spa (Adults only) 5*****

    €659,00
    ADULTS ONLY / САМО ЗА ВОЗРАСНИ Хотелот се наоѓа во Сал Хашееш, на една од најубавите песочни плажи, во извонреден амбиент . Центарот на Хургада е на 25км. а аеродромот на окулу 20км. оддалеченост. Ова е еден од најлуксузните хотели на брегот на Црвено море и еден од ретките кои имаат услуга УЛТРА СЕ ВКЛУЧЕНО. Хотелот располага со 292 модерно опремени соби во неколку категории, сите со поглед или кон прекрасната градини или кон морето. Оброците се служат во неколку ресторани за кои е неопходно да бидете соодветно облечени. Во склоп на комплексот има 4 базени, со свежа и со солена вода а хотелската плажа е една од најубавите во тој регион, со златно жолт песок и кристално бистра вода. Хотелот изобилува со содржини кои ќе го направат Вашиот престој незаборавен.

    Prima Life Makadi Resort 5*****

    €456,00
    Prima Life Makadi Resort http://primalifeegypt.com/ Овој хотелски комплекс се наоѓа во заливот Макади, околу 35 километри од Хургада. Хотелскиот комплекс се состои од централна зграда и вила, со сопствена песочна плажа, со плитка вода во одредени делови. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори без дополнителни трошоци. Располага со голем број објекти: базен со тобогани и детски дел, неколку ресторани и барови, бројни спортски терени, нуркачки центар, мини клуб за деца .... Стандардните соби се двокреветни или двокреветни со екстра кревет, климатизирани, опремени со сателитска телевизија, мини фрижидер, телефон, сеф. Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    Pyramisa Sahl Hasheesh 5*****

    €409,00
    ХОТЕЛ СО ЕКСКЛУЗИВИТЕТ ЗА МАКЕДОНСКИ ПАЗАР Dessole Pyramisa 5*, Sahl Hasheesh Pyramisa Sahl Hasheesh е во средина на природна убавина на површина од 120.000 м2. на растојание од 30 км од центарот на градот Хургада, а 25км. од аеродромот. Pyramisa Sahl Hasheesh има песочна плажа и е опкружен со два огромни базени. Хотелот нуди Кралски All Inclusive концепт со 8 барови и специјални концепти на a la carte ресторани. Pyramisa Sahl Hasheesh има вкупно 851 соба, сите со балкони опремени со маса и столчиња.Вие можете да уживате во чај и кафе сервирани во вашата соба како вклучена услуга на Кралскиот All Inclusive .

    Red Sea Taj Mahal 5*****

    €389,00
    Еден од оние хотели кои секогаш будат интерес – 5* по неверојатно ниски економски цени; спротиставени мислења, искуства и рецензии; но погледнете ја ПЛАЖАТА – ЕДНА & ЕДИНСТВЕНА, лоцирана во прекрасен приватен корален залив… Локација: Хотелот се наоѓа на прекрасна песочна плажа долга 1800м, во заливот на Шарм ел Араб Беј, 40км јужно од Хургада и 35км од аеродромот. Соби: 301 хотелски соби и 200 бунгалови модерно опремени со бања, мини бар, сеф, сателитска ТВ, балкон со поглед на море. Сорджини: Еден главен и три а ла карт ресторани, 6 барови, дискотека. Спорт и забава: Три пространи базени со детски дел и аква парк, игралишта за фудбал, кошарка и одбојка, терени за тенис, мини голф, билјард, одбојка на плажа, центар за нуркање и разни спортови на вода. Спа центар, фитнес, аеробик. Бројни активности за најмладите.

    Regina Swiss Inn Resort 4****

    €0,00
    Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Sakalа, на песочна плажа, одалечен околу 7 км од аеродормот. Хотелот е комплетно реновиран во 2013 година. Соби: Вкупно има 420 с оби и студиа.Секоја соба има купатило (туш/wc), фен,, SAT TV, телефон, мини бар, клима, балкон или тераса. Содржина: Хотелот има главен и италијански a la carte, 3 бара (во лоби, покрај базен и на плажа), дискотека, сеф на рецепција, сервис за перење и пеглање, интернет центар, продавници и менувачница. На гостите им се на располагање два надворешни базени и базен за деца, тениски терен, сквош терен, пинг-понг, билијард, терени за одбојка на плажа, разни спортови на вода, центар за нуркање, сауна, парна бања, џакузи и салон за масажа. За најмладите гости на располагање е и мини клуб како и забавен парк на плажа со анимации. Услуга: All Inclusive

    египет