Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Ханиоти

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „ВИКИ” – ХАНИОТИ

    €85,00
    Вила Вики се наоѓа во мирен дел на Ханиоти во близина на х.Тропикал на околу 450 метри од плажа, а од супермаркетот Масутис околу 300 м. Сите сместувачки единици се свртени према исток (претежно се во сенка), сместени во приземје во мирен дел со преубав двор со тревник и палми. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна, бања, балкон, ТВ, Wi Fi, пешкири и клима вклучена во цена. Истата е од Б-категорија. Располага со трoкреветни апартмани и четирикреветно студио на приземје. Вилата исто така располага со рецепција, базен, кафе аперитив бар, гарнитура за седење, ТОТАЛ ТВ, бесплатно место за Wi Fi. Магелан Травел Сервис не прифаќа одговорност во случај на професионални потреби за користење безжичен интернет во вилата. GPS 39°59´50.62´´N - 23°34´38.88´´E

    ВИЛА „СОФИЈА” – ХАНИОТИ

    €75,00
    Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
    Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.
    Апартман – две простории, спална со брачен кревет и дневен престој со кујна и два единечни кревети.

    Hotel" Plaza Hanioti" - Hanioti

    €150,00
    Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Ханиоти Плажа: на 50m од хотелот, помеѓу хотелот и плажата има мал парк. Услуга: Полупансион (појадок и вечера) Интернет: Бесплатно wi-fi во собите и барот од хотелот. Сместување: Хотелот располага со 24 соби- двокреветни и трокреветни, дел од собите се со поглед на море а другиот дел се со поглед на улица. Сите соби се опремени со мини фрижидер, интернет, сеф (со доплата на лице место), телевизор, купатило со туш, балкон со масичка и 2 стола, клима уред (бесплатно). Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата. Постелнината се менува еднаш во текот на престојот. Хотелски содржини: Во приземјето на хотелот има таверна во која се служат појадокот и вечерата на шведска маса и бар во кој може да уживате во попладневните и вечерни часови. Влегување во собите: после 13 часот по локално време; Напуштање на собите: во 10 часот по локално време; Појадокот се служи од 08:00 до 10:00 часот; Вечерата се служи од 18:00 до 20:00 часот; Мени Појадок: кафе, млеко, чај, сок. Неделно мени за појадок: леб, палачинки, мед, мармелад, путер, кашкавал, сирење, салама, мали виршли 2 пати неделно, јајца на око, омлет, варени јајца, пржени лепчиња или лепчиња во фурна, corn flakes. Сезонско овошје Вечера: Салата: домати, зелена салата, краставички, маслинки, пченка, сос tzatziki. Супа од риба или пилешка супа. Неделно мени за главно јадење: Тестенини, болоњезе сос, помфрит, ориз, грашок или грав, варен или печен заленчук Пилешко, свиснко месо, риба, мусака, свински гулаш, ќофтиња со сос. Сезонско овошје Десерт - колачи, раванлија, панакота Дневната комбинација од наведените јадења е по избор на хотелот.