Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Египет Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    LABRANDA Royal Makadi 5*****

    €0,00
    Хотелот се простира на прекрасна, песочна плажа во Makadi Bay, на брегот на Црвено Море. Собите се пространи, сите со балкон со прекрасен панорамски поглед, климатизирани и опремени со модерен мебел, сателитска ТВ, минибар и сл. На гостите им се на располагање повеќе ресторани со широк спектар на понуди за различни видови храна како и повеќе снек барови покрај базен или на самата плажа. Од содржини хотелот поседува Фитнес центар, тениски терени, билијард и др. Хотелот се наоѓа на окулу 24км. од центарот на Хургада, во преубавиот залив Макади каде се и најубавите песочни плажи како и голем број на корални гребени.

    King Tut Resort Hurghada 4****

    €0,00
    ЛОКАЦИЈА: Лоцирен е на самиот брег на Црвено море и е идеален избор за љубителите на рекреативни, спортски активности. Се наоѓа во близина на центарот на Хургада на окулу 5 км. од Аеродромот. СОБИ : Има вкупно 135 соби: 83 стандардни, 5, 16 трокреветни, 29 СУПЕРИОР соби, 2 бунгалови. Сите соби се стилски и елегантни, опремени со модерен и удобен мебел. - Балкон или тераса со поглед на морето; - Телевизор со сателитски канали; - Фрижидер; - Клима; - Телефон; - Бања со туш, фен и прибор за лична хигиена; - Сеф; - Електричен бокал СОДРЖИНИ: Ресторан Клеопатра:Појадок, ручек и вечера на Шведска маса Лоби бар, 2 базени, Аква парк со загреан базен, Сауна, Џакузи, Wi Fi бесплатен во целиот хотел, вклучувајќи ја и плажата, Дискотека, тениски терени, менувачница, продавници за сувенири, фризерски и козметички салон, Приватна, песочна плажа на 50м. која е опремена со чадори и лежалки, бесплатни. УСЛУГА:All Inclusive - Клеопатра ресторан и тераса, нуди три оброци на ден (појадок, ручек и вечера). Ресторанот нуди најдобра национална кујна; - ISIS ресторан и бар на плажа, нуди морска храна; - Тутанкамон лоби бар, совршен за попладнвен чај, коктели или лесна вечера; - Оаза Кафе, кој се наоѓа меѓу дрвјата и цвеќињата со убава фонтана; - ISIS Бар се наоѓа на плажа. Нуди: свежо исцедено сокови, сода-вода, свежо овошје, сладолед, вкусна ужина. - Мемфис (а-ла-carte) – ресторан на плажа на Сфингата, резервација на рецепција, бројот на посети не се ограничени.

    Jungle Aqua Park 4****

    €0,00
    Ова прекрасно одморалиште, со своите 21 базени и 35 водени тобогани е вистински воден, тематски парк. Сите соби имаат тераса или балкон со поглед кон базен или градина. Сите сместени во бунгалови поставени во групи околу базените. Собите се просторни, светли и декорирани со топли бои , по примерот на Афричката уметност. Сите имаат телевизор, минибар, и сопствена бања. Хотелот нуди повеќе различни видови на ресторани како Медитерански, германски, мексикански, ресторан со ориентални кујна , што е само дел од опциите кои Ви се на располагање а има и голем број на барови и снек барови во кои се служат лесни јадења и пијалоци во текот на целиот ден . Повеќе детски базени и детски клубови се достапни во Jungle Park, заедно со уште неколку спортски објекти, вклучувајќи тениски игралиште, игралиште за фудбал и мини голф.. Хургада е на само 25 минути возење и е лесно достапна со автобус или со автомобил. Хотелот има 860 соби и е дел од ланецот на хотели: Pickalbatros.

    Jaz Makadina 5*****

    €0,00
    Jaz Makadina се наоѓа на самата плажа и има прекрасен поглед кон Црвеното Море. Тој располага со отворен базен и сопствена плажа. Собите се пространи, климатизирани со сателитска ТВ и балкон. Сите соби имаат модерен мебел и нудат погледи кон Црвеното Море, кон базенот или убавата градина . Ресторанот Ел Масри служи интернационална кујна за појадок, ручек и вечера. Коктели, алкохолни и безалкохолни пијалоци се достапни во барот Ел Коба, кој се наоѓа покрај базенот. Можете да нарачате лесни јадења во снек бар на Ал Сакала и ресторанот на плажа. Хотелот има спа центар Mividaspa -понудата вклучува освежување и третмани за регенерација, терапија со вода, масажа, парна соба, како и програми за релаксација и козметички услуги, спортови на вода, нуркање, едрење, возење на велосипед.(со доплата) На 4 километри од Макади се наоѓа аква парк со 50 различни слајдови за возрасни и деца.

    Jaz Aquamarine Hurghada 5*****

    €0,00
    Jaz Aquamarine Hurghada https://www.jazhotels.com/hurghada/hotels/jaz-aquamarine.aspx?src=af&_affclk=adn:3817::EAIaIQobChMI3Kjqisby4AIVR8-yCh05sAG9EAAYASAAEgI2XPD_BwE:8002y1 Jaz Aquamarine Resort се наоѓа на јужниот дел на Хургада, Jaz Aquamarina Resort има сопствена приватна плажа и нуркачки клуб. Располага со 20 базени, 3 аква паркови и голем број на ресторани и барови. Jaz Аквамарин собите вклучуваат луксуз. Тие доаѓаат опремени со ТВ и минибар. Семејни соби вклучуваат посебна дневна област со софи. Некои соби имаат панорамски поглед на море или поглед на базен. Jaz Аквамарин има 7 ресторани, од кои 4 се ресторани со a la carte (Азиска, Италијанска, Либанска). Во вечерните часови, во театарот е обезбедена забава во живо. Mividaspa центарот вклучува и нуди заживување со третмани: терапии со вода, масажи, програми за релаксација и услуги за убавина на дополнителни трошоци. Jaz Аквамарин нуркачкиот центар е идеално место од каде да се истражува Хургада - коралниот гребен. Во попладневните и вечерни часови хотелот организира и разни анимации за своите гости. Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    Desert Rose Resort 5*****

    €0,00
    ХОТЕЛ СО ЕКСКЛУЗИВИТЕТ ЗА МАКЕДОНСКИ ПАЗАР Локација: Хотелскиот комлекс е сместен во прекрасна градина на простор од 300 000 м2 , покрај самата песочна плажа долга 1км.Од стариот гратски сентар на Хургада, Сакале, е оддалечен 14км а од новиот центар Мемше 9км и само 2км од аеродромот. Соби: Хотелот има 912 соби и апартмани современо опремени, со бања, ЛЦД САТ ТВ,клима, сеф, мини бар. Содржини: Еден главен и два а ла карт ресторани, 8 барови, дискотека, интернет центар, театар на отворено. Спорт и забава: На располагање на гостите се три базени, од кои еден олимписки, со посебен дел за најмладите, игралишта за одбојка, фудбал, тенис, билјард, пинг понг, спортови на вода, спа центар,фитнес сала. Хотелот организира разни анимации за своите гости.