Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Египет Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Tropitel Sahl Hasheesh

    €0,00
    Локација: Располага со сопствена песочна плажа, сместен во Сахл Хашееш, 14км јужно од Хургада и 18км од аеродромот. Соби: 566 луксузни и модерно опремени соби во повеќе хотелски згради, со бања, мини бар, балкон/тераса, сеф, телефон, сателитска ТВ. Содржини: Еден главен и два а ла карт (италјански и мексички) ресторани на располагање на гостите, како и 4 барови. Спорт и забава: три базени, пинг понг, билјард, тениско игралиште, стаза за трчање, одбојка на плажа, точак во вода, фитнес спа центар и центар за нуркање. Разни активности и анимации за најмладите.

    SUNNY DAYS RESORT SPA & AQUA PARK 4*

    €0,00
    Локација: Хотелот е изграден во облик на буквата “U”, на две песочни плажи, од кои едната е на природна лагуна која навлегува во самиот хотелски комплекс а другата до самиот корален гребен, идеална за нуркање. Оддалечен е 3км од Сакала и 10км од аеродромот. Соби: Хотелот располага со 825 соби со бања, фен, САТ ТВ, телефон, мини бар, клима уред, сеф. Содржини: На располагање на гостите се два главни ресторани и два а ла карт (италјански и морски ресторан) пица-снек бар и повеќе други барови, дискотека, интернет центар, златарница, фризерски салон. Спорт и забава: Хотелот поседува еден базен и посебен, детски базен, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, билјард, центар за хуркање, спртови на вода, терено за сквош и тенис (во соседниот хотел). Спа центар со сауна, фитнес и турска бања.

    Steigenberger Aqua Magic 5*****

    €0,00
    Steigenberger Aqua Magic 5*, Ex Steigenberger Club Локација: Хотелот е потполно реновиран и новоотворен во 2013год.Се наоѓа во Мемша, пешачка туристичка зона, на 400м. од приватната, песочна плажа од која го дели улица. Оддалечен е на окулу 5км. од центарот на Сакала а окулу 6км. од Аеродром Соби: Има вкупно 668 модерно опремени соби, сите со купатило, фен, САТ ТВ, телефон, клима, сеф, мини бар и балкон. Спорт и забава : Хотелот има опремен аква парк со големи тобогани и посебен дел за деца, lazy river 450м. Базен на кров за возрасни, СПА со сауна, парна бања, масажа, фитнес центар, Патеки за шетање и трчање со должина од 2,5км. Пинг понг, голф терен со 9 дупки, билијард и пикадо. За најмладите одвоен е посебен базен и детски клуб.Во состав на хотелот има 5 ресторани, и 5 барови, од кои по еден се наоѓа на плажа, 2 покрај базен, има сервис за перење и пеглање, интернет центар, традиционален, Арапски сук, рента кар и сл.

    Steigenberger Al Dau Beach Hotel 5*****

    €0,00
    www.steigenbergeraldaubeach.com Локација: Еден од најлуксузните хотели во Хургада, сместен на самата песочна плажа долга 400м, во новиот дел на Мемше. Од центарот на Хургада е оддалечен 4км, а од аеродромот 6км. Соби: Има 389 модерно опремени соби со бања, мини бар, сеф, клима, сателитска Тв, приклучок за интернет, балкон или тераса. Содржини: еден главен и три а ла карт ресторани, 5 барови и дискотека. Спорти забава: неколку странични базени со посебен дел за најмладите, lazy river, пикадо, пинг понг, терен за голф, одбојка на плажа, игралиште за фудбал и кошарка, ватерполо, центар за нуркање и бројни активности и спортови на вода. Современо опремен спа центар, фитнес сала.

    Sheraton Soma Bay

    €0,00
    Sheraton Soma Bay 5* Локација: Хотелскиот комплекс се простира на 800 метри песочна плажа, одалечен 45 км од Хургада. Соби: Сите соби се опремени со клима, SAT TV, телефон, купатило, сеф, фен, мини бар и балкон или тераса. Содржина:Хотелот располага со 3 ресторани, неколку барови од кој еден е покрај базенот, дискотека, базен, продавници, теретана, пинг понг, терени за тенис и одбојка билијард, аеробик. За најмалдите гости има детски базен, игралиште и детски клуб. Услуга: Half Board