Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА ‘КОЗИ’ – Неа Флогита

    €79,00
    НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики. Куќа “Kozi” се наоѓа на идеална локација во централниот дел на Неа Флогита, на реновираната пешачка зона за ова лето, прва линија море, на сама плажа. Куќата е реновирана за лето 2025. Располагаме со студија, апартмани и дуплекс апартмани, кои се со страничен или директен фронтален поглед море. Сите соби имаат комплетно опремена реновирана кујна, тоалети со туш, пространи тераси, ТВ и комарници. Користењето на клима уредот и интернет се вклучени во цената. 40.257490, 23.214445

    ВИЛА „АМОС “ – Калитеа

    €79,00
    Опис на објект КАЛИТЕА - ЛЕТО 2025 Калитеа или во буквален превод (добар поглед) е опкружена со шуми и зеленило лоцирана на ридот над тиркизното море, на не повеќе од 100 метри до прекрасна долга плажа со ситен бел песок добитник на плаво знаме за чистота збогатена со модерни луксузно опремени кафулиња и барови кои се умерено поставени и прекрасно се вклопуваат во амбиентот кои ја прават Калитеа права дестинација за хедонистички одмор. Постепениот пристап во море и благата транзиција од плитко во длабоко ја прави оваа дестинација погодна за сите возрасти. Во Вила Амос, ќе бидете во центарот на случувањата бидејќи се наоѓа на главното шеталиште на Калитеа и на само 3 минути пешки од својата фамозна плажа до која имате пристап без скали. Амос има 20 удобни и просторни студија кои се целосно опремени за ваша комплетна удобност и релаксирање. Кујни, бањи, телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе ви го направи престојот удобен и безгрижен.

    VILA JULIANOS - IPSOS

    €79,00
    Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители. РезервирајЛЕТО НА КРФ 2018 – CORFU SAGA vol.5 Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

    ВИЛА „ЕЛЕНА” – ЛЕПТОКАРИЈА

    €69,00
    НА ПЛАЖА ВИЛАТА “ELENA“СЕ НАОЃА ВО ЛЕПТОКАРИЈА НА САМАТА ПЛАЖА (ПРВ РЕД).РАСПОЛАГАМЕ СО ТРОКРЕВЕТНИ СТУДИЈА НА ПРВИ КАТ,СИТЕ ОПРЕМЕНИ СО КУЈНИ,КУПАТИЛО СО ВЦ,ТВ,КЛИМА УРЕД(СЕ ДОПЛАЌА 7€ ОД ДЕН ДОКОЛКУ СЕ КОРИСТИ),БАЛКОНИ СО ДИРЕКТЕН И СТРАНИЧЕН ПОГЛЕД НА МОРЕ И ЕДНО СТУДИО СО ПОГЛЕД НА ДВОР.СИТЕ СОБИ СЕ РЕНОВИРАНИ СО НОВИ КУПАТИЛА И КУЈНИ И ДУШЕЦИ. Лептокарија е познато и многу посетувано туристичко место во областа Пиерија .На оддалеченост 80 км. Јужно од Солун во подножјето на планината Олимп со долга и пространа песочна плажа е лоцирана туристичката дестинација наменета за секоја популација без ограничување.Најчести посетители се фамилијарни туристи, но без исклучок во рестораните,плажите среќаваме туристи од секаква генерација.Медитеранската клима задскриена во пазувите на планината Олимп го прават идеалното летувалиште што може природата да го соедини.Многу кафетерии,слаткарници ,детски забавни паркови се само дел од вашето летно доживување.

    МАРТИ Ресорт - Скала Сотира

    €35,00
    Марти Ресорт е лоциран во Скала Сотира на самата плажа . Вилата располага со 1/2, 1/2+1 студија (два класични кревети и софа) и 1/3+1 апартман , опремени со нов модерен мебел, мини фрижидер, ТВ, фен, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса. Вилата има сопствен убаво уреден двор со ресторан и базен со лежалки детско катче. Вилата има сопствен паркинг.

    KРФ – ОПИС НА ОСТРОВОТ И ИЗЛЕТИ

    €0,00
    Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.