Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА ” Ангела Зои” - Скијатос

    €89,00
    На само 400км оддалеченост по копнен пат и 3часа со траект се стигнува до прекрасниот кристално чист остров – Скијатос. Припаѓа во групата на Северни Споради, изобилува со борова шума, пространи плажи со ситен песок и кристално чисто море. Заедно со островите Хвар, Елба и Корзика припаѓа во групата на најзелените и најшумовитите острови во Европа. Островот – Скиатос има површина од 50 км2 и преку 50 плажи со резлична тематика. Плажи со деноноќни забави- Бананарама, плажи за ормор и релаксација-Агиа Елени, Мистик, диви плажи на северниот дел од островот-Мандраки... Градот Скиатос со својот модерен стил и многубројните ресторани, бутици, кафетерии и дискотеки, како и туристи од цела Европа, ќе ве опушти и ќе ги задоволи сите ваши потреби.

    ВИЛА „АЛЕКСАНДРА“ – Калитеа

    €89,00
    КАЛИТЕА претставува монденско место на првиот крак „Касандра“ на полуостровот Халкидики. Овој модерен туристички центар се наоѓа на околу 320 км од Скопје, а 90 км од Солун и привлекува илјадници туристи кои доаѓаат да уживаат во беспрекорно чистото море, долгите песочни плажи, безбројните шопинг центри и спектакуларниот ноќен живот во многуте дискотеки и ноќни клубови кои ги собираат младите од целиот полуостров и од градот Солун. На само два километри пред Калитеа се наоѓа супер маркетот „LIDL”. Во местото има продавници за кожа и крзно, сувенирници, како и многу маркети, слаткарници, пекари, таверни, ноќни локали и кафетерии. Во Калитеа има банки и банкомати, аптеки, такси станици како и редовна автобуска линија која го поврзува местото со останатите туристички места на првиот крак и со Солун. Градот чие име во превод значи убав поглед е меѓу еден од најбараните, заради преубавите плажи со ситен бел песок и беспрекорно чистата вода. Ова е идеално место за млади и за сите кои така се чувствуваат, како и семејства кои сакаат вистинско уживање. Куќа „Alexandra” се наоѓа на одлична локација и има многу лесен пристап до прекрасната плажа која е на само 5-7 минути пешачење. Располагаме со 2 двокреветни студија, 3 трокреветни студија и едно четирикреветно студио. Сите студија се реновирани, нови, за најпробирливите патници и располагаат со сопствени балкони, комарници, комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени реновирани тоалети со пешкири. Интернетот, климата и сет пешкири се вклучени во цената. Паркинг простор обезбеден пред вилата. Вилата е високо квалитетна и со 9.6 оценка на Booking.

    ВИЛА ” ВАСИЛИС” ИПСОС

    €89,00
    Вилата Василис се наоѓа во мирниот дел на Ипсос, на околу 300 метри од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни соби, секоја со мини кујна која е опремена со основен прибор, тоалет, интернет и тераса. Собите се наоѓаат на високо приземје и прв кат и се уредени во стандардно грчки стил. Секоја соба има клима која дополнително се доплатува 5евра од ден кај претставникот на агенцијата. За секој патник следува по еден пешкир. Вилата нема телевизор. Куќата има WIFI но Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.

    ВИЛА “Vaia”- ЈЕРИСОС

    €89,00
    ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи. Вилата Коки е нова вила ,многу убаво опремена на 50 метри од море.Внатрешно има просторни апартмани и дуплекси со кујни комплетно опремени со кујнски инвентар,аспиратори,ел.шпориња со рерни,клима уред,тераси на дел од апартманите со страничен поглед на море,купатило со вц, тв и wi-fi

    ВИЛА „АКТИ МАТИ ” – Цв. Пантелејмонас

    €79,00
    30 МЕТРИ ОД ПЛАЖА СВ.ПАНТЕЛЕЈМОН е мало туристичко место наменето за фамилијарен одмор.Има убава песочна плажа, супермаркети, ресторани и многу приодни убавини со многу дрвја и зеленило големи сенки и паркови.Одалечено е на 5 км. од Лептокарија. Вилата Акти Мати е лоцирана на 30 метри од плажа, со голем двор и стогодишни дрвја има скара во дворот,паркинг и топло добредојде од домаќините во вилата.Идеално место за семеен одмор и дружење каде морската и планинската клима го даваат најубавото од природата.

    ВИЛА „ КРИСТИНА “ – НЕА ФЛОГИТА

    €79,00
    НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики. Куќа “Christina” се наоѓа на супер местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до Filetakia Gyro на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот на почетокот на шеталиштето. Во куќата располагаме со еден многу простран дуплекс апартман. Користење на клима уред, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг пред вилата.