Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ХОТЕЛ „GOLDEN BEACH“ – МЕТАМОРФОЗИ

    €240,00
    Опис на објект Хотел ГОЛДЕН БИЧ е во самиот центар на Метаморфози и на само 20 метри од неговата приватна песочна плажа. Со самата феноменална локација, вие сте во центарот на сите случувања во гратчето. Пред хотелот има прекрасен градски парк кој е фантастичен за попладневни прошетки и ќе имате можност да уживате во колоритните зајдисонца кои Метаморфози може да ги понуди. Метаморфози е исто така познато по енормното присуство на иглолисна, борова шума и претставува воздушна бања која се граничи со синото Егејско Море. Хотелот е на услуга ПОЛУПАНСИОН и располага со 47 соби: 1/3 Приземје собите се наоѓаат на приземје и имаат ограничен поглед (брачен + eдинечен кревет), 1/3 Стандард собите се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет), 1/4 Студио собите се наоѓаат на кат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба) , 1/4 Апартман собите се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба) и 1/5 Апартман со директен поглед кон море (брачен + 1 единечен и 2 единечни кревети во различна соба) . Секоја соба има простран балкон и е опремена со: фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi, сат. ТВ, тоалет, пешкири, средства за лична хигиена и сушара. Хотелот има главен ресторан, базен со чадори и лежалки, бар покрај базенот, детско катче со трамболина, лизгалки и други реквизити, сопствена плажа и бар на плажа кој е со доплата. Појадок 08:00-10:00 ч. на база шведска масa; Вечера 18:30-21:00 ч. на база шведска маса

    ВИЛА „ПАРТЕНИС” – ПЕФКОХОРИ

    €129,00
    На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања. ВилаПартенис се наоѓа на околу 120 метри од плажа веднаш до супермаркетот Масутис. Комплексот располага со прекрасно уреден двор со скара и туш. Секој апартман има балкон, комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi од 01 Јуни.

    ВИЛА „СОФИЈА” – ХАНИОТИ

    €129,00
    Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
    Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.

    ВИЛА „HAUS LITEA“ – ПОТИДЕА

    €109,00
    Вила Haus Lithea – Неа Потидеа Вилата има сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња. Вилата е составена од два објекти А и Б. Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани, со поглед на море или поглед кон градина. 1/3 студио: во една просторија кујна и три стандардни кревети + тоалет. 1/4 апартман: во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети + тоалет.

    ВИЛА „МАКИС“ – НЕА ФЛОГИТА

    €99,00
    НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики. Куќа “Макис” е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца. Располагаме со 3 четирикреветни квалитетни мезонети на високо приземје кои имаат делумен поглед море. Секој мезонет располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уред и сет пешкири се вклучени во цената. Мезонетите имаат сопствени тераси и одличен нов мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.

    KРФ – ОПИС НА ОСТРОВОТ И ИЗЛЕТИ

    €0,00
    Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.