ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Опис на објект
СИВИРИ - ЛЕТО 2025
Сивири е место кое се наоѓа на западниот прег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизно синото море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситно песочната плажа му е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозмужува на најмалите по цел ден да се на плажа без никакви грижи! Да не го заборавиме најдобрата страна на ова магично место, во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00!
Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите нејзини соби се целосно опремени како што пишува подолу, а сега ќе ви кажеме дека сите тераси се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури!
Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе Ви го прави престојот во Сивири не само удобен, туку и безгрижен.
Вила ХРИСТОС – се наоѓа на 300 метри од плажа во мирно опкружување. Вилата располага со 1/3апартмани и 1/4дуплекс апартмани, сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ, Wi-Fi и клима (вклучена во цена)
Опис на апартманите:
1/3 апартман – лоцирани на 1 и 2 кат, две простории, спална со 3 поединечни кревети и кујна со трпезарија од каде се излегува на балкон.
1/4 дуплекс апартман – лицирани на 1 и 2 кат, три простории, две спални со по два поединечни кревети, од едната спална се излегува на балкон, и кујна со трпезарија и кревет на извлекување од каде исто така се излегува на балкон.
ВИЛА ХРИСТОС се наоѓа на 50 метри од плажа. Расоплага со троктеветни студија и петокревети / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани сите лоцирани на втори кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Сместувањето е Б категорија. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет. Дуплекс апартман - со три простории, една спална со два брачни кревети, втора спална со брачен и единечен кревет и посебно кујна.
100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА
Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти,идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдете овде.Од плажа е одалечена на само 100 метри ,а од центарот плоштатчето на Ханиоти е на само 500 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани и студија.Истата е изградена во два блока А блок и Б блок.Апартманите со кои располагаме се наоѓаат и во двата блока на приземје и први спрат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,а дел имаат поглед на море од балкон.Во дворот на вилата има скара достапна за користење на гостите.
ВИЛА ТУБА- НЕИ ПОРИ
ВИЛА ТУБА се наоѓа на 290 метри од плажа. Располагаме со два четирикреветни апартмана на приземје и на 2 кат. Секој апартман има балкон, комплет опремена кујна со фриждер, бања, ТВ, клима (се доплаќа на лице место) и Wi-fi. Пред вилата има паркинг.
Вила СПАНОС се наоѓа централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од 200м од плажа. Вилата располага со четворокреветни апартмани.Апартманите се наоѓаат на први спрат, Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон.
200 М. од плажа
Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.
На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања.
ВилаПартенис се наоѓа на околу 120 метри од плажа веднаш до супермаркетот Масутис. Комплексот располага со прекрасно уреден двор со скара и туш. Секој апартман има балкон, комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi од 01 Јуни.