Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА “FILOKSENIA”, ВИЛА “WHITE

    €49,00
    ПОПУСТ ЗА РАНО БУКИРАЊЕ!!!!
    -15% за комплетни уплати до 28.02.2017
    ВРАХОС БИЧ– се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрва.

    ВИЛА “JONIAN VIEW”, ВИЛА “KORALI”

    €69,00
    ПОПУСТ ЗА РАНО БУКИРАЊЕ!!!!
    -15% за комплетни уплати до 28.02.2017
    ВРАХОС БИЧ– се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, околу два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со кафанчиња, таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрва.

    ВИЛА ” KRISTOFER” ИПСОС

    €103,00
    Овој комплекс на апартмани е оддалечен 300 м. од плажа во околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица и се наоѓа во близина на вилата Андреас. На само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле…
    Вила Кристофер располага со:
    9 студија за 2 лица
    2 студија за 3 лица
    1 апартман за 4 лица
    Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

    ВИЛА ” LAZAROS HOUSE ” СКИЈАТОС

    €99,00
    Можност за доплата на трансфер до плажи за 7 дена – 20 евра ( вила – плажа – вила)
    Поаѓањето е еден ден пред датумот назначен во табелата, а влез во собите и почеток на аранжманот се смета датумот во табелата
    Се наоѓа во градот Скијатос оддалечена на 300 метри од самиот центар и улицата Papadiamantis исто толку и од плажата Megali Ammos. Секое студио поседува чајна кујна, две или три стандардни легла, клима (вклучена во цената), купатило, ТВ, тераса и Wi-Fi. Собите на призмје излегуваат во дворот на вилата (поплочен и уреден дел), а собите на прв и втор спрат имаат тераси и сите се со прекрасен панорамски поглед на градот и морето. Вилата е одличен избор за оние кои сакаат да се во близина на сите дневни и ноќни случувања, а сепак настрана од гужвите.

    ВИЛА ” PAVLOS MARIA ” СКИЈАТОС

    €99,00
    Можност за доплата на трансфер до плажи за 7 дена – 20 евра ( вила – плажа – вила)
    Поаѓањето е еден ден пред датумот назначен во табелата, а влез во собите и почеток на аранжманот се смета датумот во табелата
    Се наоѓа во градот Скиатос оддалечена 500 метри од самиот центар, на 50 метри од море и на 1км до туристичката атракција Xanemos beach. Вилата има базен и прекрасно уреден двор. Секое студио поседува чајна кујна, две стандрадни легла, клима (во цена), купатило со туш кабина, фен, ТВ, тераса. Wi–Fi – бесплатно, миленичиња се дозволени но исклучиво со претходна најава и потврда од вилата, бар на базен кој е на располагање на гостите. Бесплатен паркинг има во близина на вилата.

    ВИЛА „ELIZABETH“ – КАЛИТЕА

    €80,00
    Вила хотел Елизабет се наоѓа во центарот на Калитеа на самата пешачка зона опкружена со продавници и ресторани, одалечена на само 250м. од плажа. Во нашата понуда имаме 1/2, 1/3 и 1/4 студиа со комплетно опремена кујна, клима уред, ТВ, купатило и тераси на прв спрат. 1/2 и 1/3 студиата се со 2, односно 3 единечни кревети, додека 1/4 студиото е со 2 брачни кревети. Во вилата има 24 ч. рецепција и WiFi интерннет – бесплатно.

    ВИЛА „GOLDEN BAY“ – ПЕФКОХОРИ

    €90,00
    Вилата се наоѓа во луксузна населба на 1км пред Пефкохори на 30м. од плажа. Вилата има убаво уреден двор со базен, џакузи, скара и бар покрај базен. Располага со комфорни и убаво уредени 1/4 и 1/5 апп на ниско приземје, први и втори кат. Сите 1/4 апартмани се со една спална соба со брачен кревет + 1 кревет на отварање за две лица во кујната, додека 1/5 апартманите имаат уште едно дополнително легло во кујната – софа. 1/4 LUX апартманите се новоизградени сместувачки единици за сезона 2017 и истите се наоѓаат на трети спрат со директен поглед на море. Сите аппартмани се со: клима уред (вклучен во цена), ТВ, опремена кујна и сопствена бања. Користењето на лежалките покрај базенот се вклучени во цената. Апартманите на прв, втор и трет спрат се свртени кон море.

    Вила „Kolios Beach“ – Скиатос

    €109,00
    Вилата Kolios Beach се наоѓа на јужниот дел на островот Скиатос на истоимената плажа и околу 6 км. од центарот на гратчето Скиатос. Сите соби се 1/2 и 1/3 и сите соби имаат директен поглед на море. Секое студио поседува чајна кујна, две или три стандрадни легла, клима, купатило со туш кабина, фен, ТВ, тераса и WiFI (вклучено во цена). Бесплатен паркинг има во близина на вилата. Автобуската станица е одалечена на само 150м. Вилата Kolios Beach е идеална за оние кои сакаат да бидат блиску до плажа.

    ВИЛА „MAGDALINI“ – КАЛИТЕА

    €80,00
    Вилата се наоѓа во центарот на Калитеа и на околу 5-7 минути од плажа. Опкружена е со прекрасен двор со тревна површина и градина. Располага со 1/2+2 апартмани на прв кат со четири кревети, брачен кревет во спална и два во кујна. Сите апартмани се комфорни со комплетно опремени кујни, сопствена бања, ТВ, и клима уред (доплата 3€ на ден). Терасите на сите студиа се со поглед на градина. Во градината има можност да се користат скарите. Вила Магдалини е дел од понудата на Нехар Травел веќе неколку години по ред.

    Грција

    Filter by:

    Clear All
    Min: €0,00 Max: €229,00
    0 229