Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ХОТЕЛ „РОЈАЛ “ – ФУРКА

    €120,00
    Хотелот Ројал е лоциран на прекрасната песочна плажа во Фурка. Хотелот располага со 37 ,1/3 и 1/2+1 соби. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето. Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот. Лежалките на плажа се доплаќаат 5 еур или се бесплатни со нарачка на пијалок. Дел од нашата понуда се 1/2+1 соби со еден брачен кревет и едно дополнително легло.

    VILA ANDREAS

    €129,00
    Овој комплекс на апартмани се состои од две куќи со надворешен базен и прекрасна зелена околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица на која на само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле… На 300 м. оддалеченост од плажа оваа вила ви овозможува максимално квалитетно да го поминете денот.

    Вила Андреас располага со:
    • 9 студија за по 2 лица • 4 апартмани за 4 лица (со посебни спални)
    Сите апартмани се опремени со кујна, тоалет, сеф, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

    ВИЛА „PANORAMA LUX“ – ХАНИОТИ

    €110,00
    Вила Панорама LUX е нова вила на главниот влез во Ханиоти и е одалечена од плажа 5-7 мин. Вилата се состои од поедини објекти со по два апартмани (по еден на приземје и на прв спрат). Секој апартман има одвоена спална соба со брачен кревет и два единечни кревети во собата за дневен престој каде се наоѓа и комплетно опремената кујна. Сите соби нудат прекрасен панорамски поглед на градот и морето, тераси, клима уред (вклучен во цената), WiFi интернет, и паркинг во непосредна близина. Вилата е идеален избор за оние кои сакаат мирен одмор надвор од секојдневниот метеж, а сепак блиску до центарот и плажа.

    ВИЛА „СОФИЈА” – ХАНИОТИ

    €75,00
    Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
    Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.
    Апартман – две простории, спална со брачен кревет и дневен престој со кујна и два единечни кревети.

    „KOVIOU HOLIDAY VILLAGE” – „PARADISE

    €129,00
    Paradise studios (дел од хотелот Koviou Holiday Village) се наоѓа на само 250 м. од една од најубавите плажи на Ситониа, Koviou. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 ЕКО соби на приземје без кујна како и со 1/3 и 1/4 студиа и апартмани на приземје, прв и втор спрат со поглед на прекрасната градина во дворот, а дел имаат и страничен поглед кон морето. Истите имаат комплетно опремени кујни, сопствени тоалети, ТВ, клима уред (вклучена во цена) како и WiFi интернет. Пространиот двор од 5000м2 кој е богат со зеленило и хортикултурно уредување ќе го направат престојот на гостите пријатен и релаксирачки. На гостите во Paradise studios на располагање се сите содржини од хотелот Koviou Holiday Village како: користење на базенот, бесплатни лежалки и чадори на базен, бар на базен, отворено кино, вечерни забави, анимација на деца, како и WiFi интернет во сите простории на хотелот.

    OK АПАРТМАНИ – НЕА ФЛОГИТА

    €229,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место,на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува н градот Неа Мудања еден од најголемите градови во областа Халкидики.
    Вилата с енаоѓа во Неа Флогита на прв ред од плажa. Вилата располага со два апартмани 2B 2/2+2 и 2B 2/2+2 на прв кат. Двата апартмани имаат комплетно опремен акујна, сопствена бања, ТВ, Wi-Fi ,клима чие користење е бесплатно, и тераси со директен поглед на море. На долниот кат од вилата има пицерија, која е достапна за гостите.Во близина н авилата се наоѓа пазар-10м , пекара-100м и маркет -100м.
    Опис на апартманите: ок 1 – Двостален апартман 2/2+2 – одделни спални, со 4 редовни легна и 2 дополнителни легла ок 2 – Двоспален апартман 2/2+2 – одделни спални, со 4 редовни легла и 2 дополнителни легла

    Вила “ANDREAS”, Вила “MARINOS”, Вила “IONION”

    €89,00
    Овој комплекс на апартмани се состои од две куќи со надворешен базен и прекрасна зелена околина скриена од очите на останатите туристи, а сепак со многу лесен пристап до главната улица на која на само неколку чекори ќе најдете маркет, ресторан, кафуле… На 300 м. оддалеченост од плажа оваа вила ви овозможува максимално квалитетно да го поминете денот.
    Вила Андреас располага со:
    9 студија за по 2 лица
    4 апартмани за 4 лица (со посебни спални)
    Сите апартмани се опремени со кујна, тоалет, сеф, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата)

    ВИЛА „ANA“ – НЕА ФЛОГИТА

    €75,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место,на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува нa градот Неа Мудања еден од најголемите градови во областа Халкидики.
    Вила Ана се наоѓа на само 50 метри од прекрасната песочна плажа.Вилата располага со четирикреветни и петокреветни апартмани. Секој апартмaн има по две простории, спална и комплетно опремена кујна со додатни лежаи, бања, клима (вклучена во цената), интернет и ТВ.

    ВИЛА „ARGO“ – НЕА ПОТИДЕА

    €69,00
    ВИЛАТА “ARGO“ СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМАТА ПЛАЖА (ПРВ РЕД).
    НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК-КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. АПАРТМАНИТЕ ARGO СЕ ИЗГРАДЕНИ ВО ГРЧКИ СТИЛ И ТРАДИЦИОНАЛНА АРХИТЕКТУРА ОПКРУЖЕНИ СО МНОГУ ДРВЈА И ЗЕЛЕНИЛО.
    СЕКОЈА СОБА ИМА WI FI (БЕЗЖИЧЕН ИНТЕРНЕТ)
    НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ.
    СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОВИДНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ ИЗБОР ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ ЗА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.

    Грција

    Filter by:

    Clear All
    Min: €0,00 Max: €229,00
    0 229